Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство

    Мицкоски: Новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство

    06.12.2025 во 13:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На почетокот на XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство.

    „Новата политичка епоха бара парадигма што ќе ја надмине логиката на транзицијата. Парадигмата „Државност 2030“ се темели врз три оски: институционална стабилност над политички циклуси, продуктивност како национален приоритет, идентитет + Европа: синтеза, а не конфликт“,  кажа Мицкоски.

    Мицкоски во својот говор ги наброја десетте принципи кои ја дефинираат парадигмата на модерното државно водство.

    „Овие десет принципи ја дефинираат парадигмата на модерното државно водство:

    Достоинство пред сè – политиката ја почитува вредноста на човекот и државата.

    Правдата е единствениот легитимен авторитет – без неа нема држава.

    Знаењето е највисоката форма на капитал, образованието е темел на иднината.Државата мора да биде силна, но не и доминантна, силна во заштитата, умерена во контролата. Нацијата е заедница на заедничка судбина – не етнички список, туку историска целина. Пазарната економија создава можности, но мора да биде праведна, слободата бара одговорност. Институциите се јадрото на демократијата – политиката доаѓа и си оди, државата останува. Европската ориентација е цивилизациска определба – не тактика, туку вредност. Технологијата и одржливоста се новиот облик на развој – зелената трансформација е пат, не опција.

    Општеството се гради со доверба, без неа нема стабилност, единство, напредок.  Овој идеолошки кодекс, национален договор и нова парадигма ја оформуваат политичката мисла што ја води партијата во периодот 2025–2030. Тие го поставуваат патот кон Македонија која е:  суверена во идентитетот; eвропска во ориентацијата; стабилна во институциите и успешна во економијата“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.