Author: Author 03

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши својот поранешен шеф на кабинетот, Андриј Јермак, од Советот за национална безбедност, во екот на обемната истрага за корупција што го потресе Киев, јави ДПА. Јермак повеќе не е ниту член на врховната команда на украинските вооружени сили, покажуваат две претседателски уредби објавени вчера. Јермак, долгогодишен сојузник на украинскиот претседател, поднесе оставка од функцијата шеф на кабинетот на Зеленски минатата недела, откако антикорупциските власти извршија претреси во неговите простории. Сè уште не е јасно дали претресите се поврзани со аферата што се опишува како најголема корупциска афера во земјата од почетокот на целосната руска…

Повеќе

Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина, пишува на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани. Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност.…

Повеќе

Очигледна е намерата по секоја цена на партијата која е во пропаѓање да обвинува, клевети и жигосува. Тоа е нивниот стил, но и единствената сламка за спас. Додека тие зборат за некаков криминал, тие што вистински се тоа, од Дубаи нарачуваат и пишуваат клеветнички прес конференции. Така тоа изгледа кога крадецот вели држете го крадецот. И сакаат да се заборави на златните визи на Филипче, Заев, за модуларната болница, Соравија, плантажите за марихуана, напиша на социјалните мрежи директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Тоа беше нивното „владеење“ – период на пропаѓање што остави длабоки последици врз општеството и врз довербата во…

Повеќе

Во Кавадарци денеска на 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да биде реизбран Христијан Мицкоски за лидер на партијата, кој е и единствен кандидат за функцијата. На Конгресот под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се очекува да присуствуваат 2 600 лица, од кои 850-860 делегати и 1700-1800 гости и на него треба да биде донесена „Стратегија Македонија 2030“. -Генерално, станува збор за документ што ја содржи визијата за тоа како ние, како ВМРО-ДПМНЕ, во моментов владејачка партија, а се надеваме и во периодот кој што го опфаќа овој документ до 2030-тата ќе биде така,…

Повеќе

Lишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско, информираа од полицијата. – На 05.12.2025 во 09:50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на ул. „Браќа Ѓиноски” во Гостовар го лишија од слобода Е.Е.(38) од Гостивар, поради основано сомнение дека е сторител на кривични дела ,,тешка кражба”, сторени во текот на минатиот месец во продавници и маркети. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, известија од полицијата. – На 06.12.2025 во 00:05 часот во с.Чајле, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.К.(44) од с.Леуново, гостиварско, поради основано сомнение…

Повеќе

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, Стив Виткоф одржа продуктивни разговори со високиот преговарач од Украина, Рустем Умеров, во Мајами, Флорида, соопшти претставник на Белата куќа. Официјалните лица планираат повторно да се сретнат подоцна денеска. – Вчерашната средба меѓу американските и украинските претставници во Мајами беше продуктивна и постигнат е напредок. Тие повторно ќе се сретнат подоцна денеска, откако ќе ги информираат своите лидери, изјави претставник на Белата куќа.Подетални информации веднаш не беа дадени. Виткоф и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, се сретнаа со нивните украински колеги за да ги информираат за средбата со рускиот претседател Владимир Путин…

Повеќе

Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија во текот на вчерашниот ден се оствари средба на претседателите на Стопанска комора на северна Македониja г-дин Бранко Азески, Стопанска комора на северо-западна Македонија г-дин Нухи Алиу и домаќинот преседателот на ССКМ г-дин Горан Ѓорѓиевски. Во пријатна атмосфера и честитките за новата функција на Ѓорѓиевски претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија од страна на претседателите на другите две комори се отворија повеќе теми значајни за македонскиот бизнис сектор и можностите за подобро позиционирање и конкурентност во регионот и Европа. Во непредвидливата состојба на економско поле во рамките на…

Повеќе

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нова бомба, нов скандал, кој уште еднаш го разобличува криминалниот модел на власта на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ. „Видовме како се пумпаат 9 милиони евра, пари на граѓаните преку блиски луѓе и посредници. Видовме како се краде народот преку наместени тендери. Ама за старата банда не се доволни посредници од надвор, таа е гладна, ненаситна, бизнисот мора да го тераат лично и од дома, од фамилијата. Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба! За тоа кој и како „чисти“?“ рече Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес конференција на СДСМ. Сите патишта водат до Ивица Томовски,…

Повеќе

АКТ, активно продолжува со објавување на криминалот на ДПМНЕ и владата на Мицкоски пред Конгресот на старата банда. Видовме како се пумпаат 9 милиони евра, пари на граѓаните преку блиски луѓе и посредници. Видовме како се краде народот преку наместени тендери. Ама за старата банда не се доволни посредници од надвор, таа е гладна, ненаситна, бизнисот мора да го тераат лично и од дома, од фамилијата, изјави на денешната прес-конференција  Александар Саша Димитријевиќ – член на ЦО на СДСМ. „Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба! За тоа кој и како „чисти“? Сите патишта водат до Ивица Томовски и СОЗР. Не…

Повеќе

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија „се дави во корупција“, коментирајќи ја истрагата за наводни злоупотреби во проект финансиран од ЕУ за обука на млади дипломати. „ЕУ се дави во корупција. Комесарите се соочуваат со сериозни обвиненија, Комисијата и Парламентот се опфатени со скандали, а Брисел и понатаму држи лекции по морал“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс. Неговата реакција следува откако белгиската федерална полиција во вторникот, на барање на Европското јавно обвинителство (ЕППО), ги приведе поранешната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини, висок член на Колеџот на Европа во Бриж, и висок функционер на Европската комисија. ЕППО…

Повеќе