- Нова алатка против дезинформации: Уставниот суд ја промовира платформата Дознај факти
- Тепачка меѓу затвореници, еден со тешки повреди пренесен на Ургентен центар
- (ВИДЕО) Димитриевски: Мицкоски нема пари за земјоделците – има криза со откупот на млеко
- Забрчанец: Демократската отвореност и популизмот не се исклучуваат меѓусебно
- Сиљановска-Давкова: Националниот интерес е најважен
- Застрашувачки бројки од Украина: ОН откри какви ужаси се случуваа во Киев и Запорожје минатиот месец
- Ова уште не се случило: УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа за роденденот на Трамп
- Уживајте во сонцето: Температури до 33 степени
Author: Author 03
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ кој истакна дека буџетот е изготвен врз основа на реални економски показатели и дека проекциите на приходната страна се остварливи. Станковиќ посочи дека растот на планираните приходи е резултат на подобрена наплата на царини и концесии како и на позитивните трендови кај активните мерки за вработување. „Првата работа околу буџетот кога го анализираме и гледаме треба да ја видиме приходната страна, значи се предвидува еден буџет од 374,9 милијарди денари и е за 6% поголем од средствата кои предвидела државата да ги собере во буџетот во …
На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дискутираше за поднесувањето на предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, од страна на Владата. „Овде станува збор за еден процес којшто започна уште на почетокот на годината, Собранието не ги усвои извештаите на Советот на јавни обвинители и на судскиот Совет којшто наместо да даваат препораки како да се надмине ситуацијата со недовербата во судството и нефункционалното јавно обвинителство, тие навидум само оперираа со едноставни бројки. ДКСК имаше еден куп инцијативи, околу 50тина од коишто ниту еден не…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и американскиот претседател Доналд Трамп не постигнале договор за предложениот пакет финансиска поддршка од 20 милијарди долари, но се согласиле да започнат разговори за нов модел на финансиска соработка, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Сијарто ја даде изјавата по интервјуто на Трамп за бриселскиот портал „Политико“, во кое американскиот претседател негира дека понудил каква било финансиска помош за Будимпешта. Во ноември, Орбан соопшти дека Унгарија разгледува повеќе можности за зајакнување на својата финансиска позиција во рамките на договорот со САД, вклучително и потенцијално финансирање до 20 милијарди долари преку различни механизми. На…
– На 08.12.2025 во 20:45 часот во СВР Скопје, М.Т.(38) од Скопје пријави дека околу 19:05 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од И.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој во однос на 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа во саботата во Кавадарци, истакна дека е донесена Стратегијата Македонија 2030 како важен документ за државата кој содржи шест столба со добро таргетирани политики кои одговараат на потребите на граѓаните. “ВМРО-ДПМНЕ на своите конгреси не избира само претседател туку носи и многу важни документи како за партијата со тоа и за државата, и на овој Конгрес беше донесе таков своевиден документ односно стратегија каде ја гледаме државата во периодот што…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свечена церемонија го одликуваше генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната Гарда на Вермонт со Орден за воени заслуги. Генералот Најт го добива високото македонско одликување за неговиот особен придонес во воената соработка и продлабочувањето на македонско-американското пријателство. Доделувајќи го орденот, претседателка Сиљановска-Давкова посочи дека лидерството и посветеноста на американскиот генерал-мајор Најт, помогнаа да се создадат бројни генерации на одлично обучени македонски офицери, подофицери и војници. Таа потсети дека Националната гарда на Вермонт веќе три децении ги поддржува македонските воени сили, како квалификуван, искусен и посветен партнер во обуки, но и како доверлив сојузник на патот кон мирот,…
Сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) од 17 часот е повторно блокиран за влез и излез. Автомотосојузот на Македонија претходно денеска соопшти дека сообрачајот на овој граничен премин е во прекин од 11 часот, а пота дека е нормализиран од 15 часот. Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен премин неколку дена во различни периоди од денот е блокиран за сообраќај. АМСМ вечерва информира дека од 17 часот е нормализиран сообраќајот на ГП Ники (Меџитлија), а на ГП Дојран се одвива непречено. Како што информира Автомотосозјуот, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на…
На денешната Седница 73. во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов пришто истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка туку одраз на визија, стратегија и одговорност кон граѓаните и идните генерации и напомена дека истиот е насочен кон стабилност, раст и развој. Јамалов посочи дека целта на Буџетот за 2026 година е да се задржи стабилноста на јавните финансии, да се забрза економскиот раст и да се подобри животниот стандард на граѓаните на Македонија. „Со реален раст на БДП од над 3,8%, со намалување на инфлацијата и одржливо ниво на јавен долг, државата покажува дека…
Околу половина од жителите на Киев денеска останаа без електрична енергија поради новиот бран руски напади врз енергетската инфраструктура, соопшти украинското Министерство за енергетика преку својот канал на „Телеграм“. „Ситуацијата во Киев е една од најтешките, во моментов околу 50 проценти од потрошувачите се без струја“, наведуваат од министерството. Русија во последните месеци значително ги засили нападите врз украинските гасни и енергетски капацитети, таргетирајќи производствени објекти и системи за пренос на електрична енергија. Иако во земјата функционираат три нуклеарни електрани кои обезбедуваат повеќе од половина од вкупното производство на струја, нивниот капацитет е ограничен поради оштетени далеководи. Поради сериозните штети,…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро реагираше на критиките упатени кон Европската Унија во неодамна објавената Стратегија за национална безбедност на САД. „Не ни требаат Американците за да ја спасиме демократијата во Европа“, порача Мерц, оценувајќи дека одредени делови од документот се „неприфатливи“ за европските партнери. Изјавата доаѓа во чувствителен дипломатски момент, во период кога Вашингтон и Брисел се обидуваат да пронајдат заедничка линија околу решавањето на конфликтот во Украина. Дополнителни тензии предизвика и неодамнешната казна на Европската комисија против компанијата X, што беше дочекано со критики од американска страна. Во стратегискиот документ, САД предупредуваат на можен економски пад и „цивилизациско…
