Author: Author 03

Перуанската полициска единица за борба против шверцот со дрога заплени 3,4 тони кокаин што требало да биде скриен меѓу банани наменети за Белгија, соопштија локалните власти. – Во рамките на интензивната операција против дистрибуцијата на наркотици, националната полиција на Перу заплени 3.407 килограми кокаин хидрохлорид во регионот Пиура (во северозападниот дел на земјата), со што го спречи испраќањето на товарот во странство, соопшти Министерството за внатрешни работи на Перу. Конфискуваната дрога потекнува од регионот познат по одгледување кока, наречен ВРАЕМ (VRAEM – Valle de los Ríos Apurímac, Ene y Mantaro на шпански јазик, или Долината на реките Апуримак, Ене и…

Повеќе

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба, нови факти, докази и документи, како семејната фирма на Томовски го чисти буџетот. Или со бројки, 5.3 милиони евра, 161 тендер. Толку многу има добиено семејната фирма на Томовски. Особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт, за 306% во2024 година! А оваа 2025 година има тендери од речиси половина милион евра.По објавување на оваа бомба, на овој скандал на власта на Христијан Мицкоски, излезе Томовски и вели да му се извиниме. Не, нема да му се извиниме на Томовски. Кажавме и ќе повториме, не се извинуваме на тие што…

Повеќе

„Дозволете ми денес да истакнам дека на вчерашниот Конгрес во Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ ја усвои стратегијата „Ново поглавје –Македонија 2030“, тоа значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија. Стратегијата се заснова на идејата дека државата мора да излезе од циклусот на краткорочни одлуки и да воведе долгорочен план и систем за управување, а тоа се создава преку институции со силен интегритет, конкурентна економија и општество засновано на вредности и национална самодоверба“, изјави на денешната прес-конференција пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Документот ја позиционира ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила подготвена да…

Повеќе

Русија ја поздрави новата национална безбедносна стратегија на САД како позитивен чекор за билатералните односи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Ревизијата на администрацијата на Трамп, „која повеќе не ја наведува Русија како директна закана“, претставува позитивен сигнал, изјави Песков за државната агенција ТАСС. Како што пренесе ДПА, тој додаде дека Москва внимателно ќе ја анализира ажурираната стратегија, која значително се разликува од претходните американски пристапи кон Русија. Белата куќа ја објави новата стратегија во четвртокот. Иако ставањето крај на војната во Украина е наведено како клучен американски интерес, документот содржи малку критички осврти кон Русија. Стратегијата нагласува дека прекинувањето…

Повеќе

На 3 декември во Романија се случи необичен сообраќаен инцидент кога автомобил прелета преку кружен тек и слета на другата страна врз две паркирани возила. Возач на 55-годишна возраст загубил контрола над возилото, најверојатно поради здравствени проблеми, зашто тестовите покажале дека не бил под дејство на алкохол или дрога.

Повеќе

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. Народот е вознемирен. И со право. Криминална власт заробена во корупција која секој ден ги лаже граѓаните се договара зад грбот на народот за штетни договори. Ова сериозна национална и државна тема, врзана пред се со…

Повеќе

„Вчера дознавме две важни вести.  Грција, Бугарија и Романија потпишаа Меморандум за коридорот Црно Море – Егејско Море или север-југ кој значи модернизацијата на стратешката инфраструктура за овој коридор, железнички, патни, пловни.  Ова значи дека сите од ЕУ ќе ја заобиколуваат Македонија. Нема да има прилив на пари од транспорт низ земјава, помал прилив на пари од патарини, од точење бензин итн. Втората вест е програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Што имаат заедничко двете вести? Македонија – црна точка“, велат од СДСМ во соопштение испратенод до медиумите. „Овој знак е одамна речиси исчезнат во ЕУ, но на големи врати се враќа во…

Повеќе

Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека во следниот период, а во пресрет на новогодишните празници, ќе се спроведуваат засилени и проширени контроли на евидентирањето на готовинскиот промет. Фокусот ќе биде насочен кон сите угостителски објекти – ресторани, кафе-барови, дискотеки, сендвичари и други субјекти кои работат со готовински плаќања. П ред отпочнување со подетални контроли и изрекување санкции, УЈП спроведе обемен процес на советодавни активности и канцелариски анализи со цел да се согледа однесувањето на даночните обврзници и нивото на усогласеност со законските прописи. До 20 ноември се реализирани 3.500 советодавни посети на продавници и угостителски објекти, при…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира Аавтомото сојузот. На граничниот премин „Табановце”, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути, додека пак на граничниот премин „Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец од…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има магла. Синоптичарите најавуваат во северозападните региони слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 10 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.…

Повеќе