Author: Author 03

Благодарам на присуството, се надевам дека ќе имаме еден мирен изборен ден во којшто граѓаните ќе можат да го искажат својот избор, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. До сега изборниот ден се одвива добро, мирно, без инциденти. Додадена вредност во нашиот изборен систем е што Државната изборна комисија секогаш е водена од опозицијата и тоа дава дополнителна сигурност и дополнителна гаранција за фер и демократски избори. Се надевам дека Државната изборна комисија предводена од Борис Кондарко, којшто е предлог на СДСМ, ќе успее да спроведе фер и демократски избори, дека граѓаните ќе можат да го искажат својот став на…

Повеќе

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1 832 415 лица запишани во Избирачки список. Тие на 3474 избирачки места во земјата можеа да се изјаснат за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува за излезеноста и за искористувањето на демократското право за гласање на овие избори!, изјави на прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Правото на избор е демократски загарантирано право, со кое секој од вас одлучува за својата иднина и за иднината на Македонија. Во однос на информациите од ДИК излезеноста до 15ч е 31,33%! Благодариме на сите кои досега излеговте да гласате. Денот поминува во фер, мирна и демократска атмосфера без никакви посериозни проблеми и очекуваме одличен резултат на локалните избори. Народот сака да одиме напред, а наша обврска е да ја оправдаме довербата која вие ни ја давате. Ги повикуваме граѓаните до завршување…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на првиот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар. Во изјава за медиумите, таа рече дека очекува пристојни, фер и демократски избори. „Очекувам 30-годишното изборно искуство да се повтори, значи очекувам пристојни, фер и демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем демократски легитимитет на изборите. Се покажа дека, иако пратениците пропуштија да го сторат тоа што им е основна обврска, да ја пополнат правната празнина после одлуката на Уставниот суд, стравот беше беспричински. Да, има повеќе кандидати колку што гледам, ама веројатно граѓаните добија и повеќе избор. Јас си ја извршив мојата граѓанска обврска, очекувам тоа да…

Повеќе

По евидентирање на излезноста до 17 часот и понатаму во тетовскиот регион најголема излезност за локалните избори е во рамки на Општина Тетово каде од 87.878 граѓани гласале 36.140 или 41,50 %. Следува Општина Брвеница каде од 16.150 граѓани гласале 6.241 или 38,66%. Потоа, во Општина Јегуновце гласале 3.838 луѓе од вкупно 9981 гласачи или 38,47 %. Во Општина Теарце до 17 часот гласале 8.518 избирач или 37,56 % од вкупно 22.688 гласачи Општините со најмал процент на излезност се Желино и Боговиње. Во Општина Желино која брои вкупно 25.731 гласачи гласале 9.478 или 36,86 %. Во Општина Боговиње до…

Повеќе

Во Општина Велес на 84 избирачки места со вкупно 44.850 гласачи запишани во единствениот гласачки список до 17 часот на гласање излегле 15 313 или 34,14 проценти од полнолетните граѓани со право на глас. Како што информира за МИА членот на ОИК Велес, Ребека Бајдевска Ѓошева, гласањето поминало во фер и демократска атмосфера без инциденти. Во Општина Градско на 11 избирачки места со вкупно 3038 гласачи до 17 часот гласале 47,50 проценти од гласачите информира за МИА, од ОИК Градско, претседателката Мери Седмакова Димовска. Во Општина Лозово на девет избирачки места со вкупно запишани во избирачкиот список 1783 избирачи до…

Повеќе

Последниот пресек на општинската изборна комисија Крива Паланка во 17 часот бележи излезеност од 56.01 отсто, додека во Кратово 49.67 отсто од вкупниот број граѓани запишани во единствениот избирачки список го оствариле избирачкото право. До 17 часот во Крива Паланка од вкупно 16.534 на 47 избирачки места гласале 9252 граѓани. Во Кратово излезеноста до 17 часот е 49.67 отсто, гласале 3691 граѓани на 33 избирачки места, од вкупно 7.438. Во Ранковце до истиот период на пресек од страна на ОИК, гласале 57.07 отсто од гласачите запишани во единствениот избирачки список

Повеќе

Во Кавадарци 46,27 отсто од избирачите гласале до 17 часот. Претседателката на Општинска изборна комисија, Емилија Петровска за МИА информира дека на денешните локални избор се гласа на 60 избирачки места. Во текот на вчерашниот ден изгласаа 86 болни и изнемоштени лица. – По избирачки список, со право на глас имаме запишано 31.956 гласачи, појасни Петровска. На овие избори, жителите на Општина Кавадарци имаат можност да гласаат за тројца кандидати за градоначалници и девет листи на кандидати за советници

Повеќе

Изборниот процес во Прилеп и во Крушево, Долнени и Кривогаштани се одвива без проблеми. До 17 часот во Прилеп од 62 053 избирачи своето право на глас го оствариле 38 проценти. Во општина Долнени излезеноста до 17 часот е 46 проценти, а во Крушево процентот е највисок во овој регион и на гласање излегле 60,94 од граѓаните со право на глас. Во Прилеп гласачите избираат еден од 9-те кандидати за градоначалник и гласаат за една од 11-те советнички листи. Во мултиетничката општина Долнени се седум кандидати за градоначалник и 14 советнички листи. Во Кривогаштани во трката за градоначалник се двајца…

Повеќе

Најмала излезност на локални избори од 2013г. до денеска според пресеците до 17 часот, покажуват досегашните податоци. Имено, денеска до 17 часот, согласно информацииите на ДИК, правото на глас го оствариле само 39,85% од избирачите. Ова е значително најмал процент на излезеност, во споредба со изборите од 2013 година. Тогаш, до 17 часот излезеноста била 60,64%. Денешниот пресек на излезеност е помал и ако се спореди со оној на изборите во 2017(48.95), и 2021 (40,95%).

Повеќе