Author: Author 03

На 05.12.2025 година во 18 часот, кај месноста „Габовци“, на крајбрежјето на Охридското езеро, лишени од слобода се Д.С.(66) и Џ.С.(44), двајцата од Охрид. Тие претходно, од страна на рибочуварската служба се затекнати во извршување незаконит риболов и одземени им се уловот, чамец и рибарска опрема.

Повеќе

На улица „Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес синоќа по полноќ во 01:15 часот го лишиле од слобода 54-годишниот К.С. од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал К.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, а му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. Како што информираат денеска од СВР Велес, тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик…

Повеќе

На 06.12.2025 во 00:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар патничко возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(26), удрило во пешакот Р.Ј.(28), двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар, соопшти МВР. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Повеќе

На 05.12.2025 година во 12:50 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Е.У.(21) од Струга и Д.Д.(18) од селото Радолишта. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Жителка на кавадаречко Марена се здобила со тешки телесни повреди, откако била удрена од кавадаречко возило, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Вчера во 16:50 часот, во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на улица „Шишка“ во Кавадарци, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Т.(50) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Е.(52) од село Марена, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Е., констатирани во Општа болница – Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци, посочуваат од СВР-Велес.

Повеќе

Во третиот квартал од 2025, БДП понатамошно забрза на 3.8% на годишна основа. Остварувањето е во линија со нашите очекувања изразени во претходните Макроекономски монитори и со нашата проекција од 3.5% за целата 2025 година. Забрзувањето е најмногу водено од растот во бруто инвестициите (30.6%), што е одраз на инвестициските активности во приватниот сектор и на инфраструктурните инвестиции на државата и општините. Сепак, растот на бруто инвестициите е варијабилна компонента на растот на БДП и непоходно е да се следи неговото однесување во следниот период.По подолг временски период, растот на приватната потрошувачка спласна (0.9%), иако растот на доходите, и особено на платите (10%), продолжи, а кредитниот…

Повеќе

Од овој конгрес испраќаме една порака што треба да одекне низ секој град, секое село, секое семејство и секое срце: Македонија може, Македонија знае, Македонија ќе успее. Со визија, со работа, со единство. Со сила што не се гледа само во говори, туку во секојдневното креирање просперитет. Нашата задача не е да ветиме иднина, туку да ја создадеме. А, ако стоиме цврсто, обединети и сигурни во правецот, тогаш иднината ќе личи на нас, а не ние на неа, рече во своето воведно обраќање на денешниот XVIII конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски. Додаде дека денес се затвора една етапа на…

Повеќе

На 05.12.2025 година во 08:50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е С.Т.(46) од Охрид, кој претходно, кај каналот „Студенчишта“, физички го нападнал Г.Т., по што, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, предизвикал вербална расправија со О.П., двајцата од Охрид.Во текот на службените разговори во СВР Охрид, С.Т. кон полициските службеници, упатувал навреди и закани. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција и пациентката се врати на вообичаените активности. Операцијата ја предводеа науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, со тим составен од д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарките Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошкиот техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска. Втората трансплантација е направена кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото. Пациентот е испишан во добра состојба и го очекува рехабилитација. Тимот го предводеше проф. д-р Зоран Божиновски,…

Повеќе

На почетокот на XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство.„Новата политичка епоха бара парадигма што ќе ја надмине логиката на транзицијата. Парадигмата „Државност 2030“ се темели врз три оски: институционална стабилност над политички циклуси, продуктивност како национален приоритет, идентитет + Европа: синтеза, а не конфликт“, кажа Мицкоски.Мицкоски во својот говор ги наброја десетте принципи кои ја дефинираат парадигмата на…

Повеќе