- Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
- Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора
- По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
- Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
- Сиљановска – Давкова: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг
- Брза интервенција спречи трагедија: Маж извлечен од Вардар од очевидец кој видел дека се дави, пренесен е во болница
- Уапсени двајца охриѓани бидејќи натепале свој сограѓанин
- 45-годишник заврши зад решетки – полицијата му најде бела прашкаста материја
Author: Author 03
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска ги демантираше тврдењата дека договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија содржи одредби за изградба на бегалски кампови во земјата. Тој нагласи дека договорот е еден од најзначајните документи што Македонија ги има постигнато со држава како Британија, опфаќајќи соработка во инвестиции, инфраструктура, безбедност и економија. ,Со овој договор за стратешко партнерство предвидени се одредени средства со коишто ќе се гради инфраструктура во Македонија. Ќе се градат железници, автопати, здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но за жал на опозицијата, која се обидува да спинува, нема да се градат било какви бегалски кампови.…
Криминалниот и скапо платен центар за заевизација повторно е активиран за да го прикрие криминалот на семејството Заеви и нивниот невоспитан и недостоинствен начин на живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Децата на Зоран Заев денес продолжуваат по истата матрица: бегање од одговорност, агресивна жртвена реторика и обиди за дефокус од аферите што ја разградија државата. Предавничкото СДС досега го достигна својот максимум во две нешта: прототипски и празни реакции кои никого не убедуваат и историски најнизок рејтинг од основањето на партијата. Денес СДС вреди едвај околу 100 илјади гласови, мерка за политичка пропаст и јавна недоверба без преседан. Во однос на…
Русија во текот на ноќта повторно изврши воздушни напади врз Украина, јавија локалните медиуми рано изутринава. Централниот украински град Кременчук во регионот Полтава наводно бил нападнат со десетици дронови и хиперсонични проектили „Кинжал“, соопшти Украинското воено воздухопловство. Во градот се слушнале експлозии, а жителите пријавиле прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење. Засега не се достапни официјални бројки за жртвите или степенот на штетата, а извештаите не можат независно да се потврдат, пренесе ДПА. Претходно, во текот на ноќта кон саботата, друг голем руски воздушен напад ја погоди електричната мрежа на Украина, предизвикувајќи штета и итни прекини на струја…
Во последното деноноќие најмногу врнежи се измерени во Гевгелија, каде што паднале пет литри дожд на квадратен метар, известува Управата за хидрометеоролошки работи. Минимални количества дожд биле забележани во Охрид, Велес и Пожаране. УХМР прогнозира дека денес времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и повремени слаби врнежи во северозападните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од север, а дневните температури ќе се движат меѓу 10 и 15 степени. Скопје ќе има слични услови, со очекуван максимум од околу 12 степени. Од утрешниот ден најавено е стабилизирање на атмосферските услови.
Документарниот филм The Tale of Silyan на Тамара Котевска триумфираше на 41. издание на IDA Documentary Awards во Лос Анџелес, освојувајќи ги наградите за најдобар документарен филм и за најдобра камера. „Ова е мојот најличен филм досега. Го посветувам овој успех на сите документарни воини ширум светот“, изјави Котевска по доделувањето. Наградата за најдобра камера ја доби Жан Дакар (Jean Dakar), чија кинематографија создава силен визуелен јазик и несомнено го засилува артистичкиот израз на филмот. IDA признанијата се сметаат за едни од највлијателните во светот на документарниот филм и често се показател за потенцијален успех на Оскарите. Овој триумф го зацврстува патот…
На 04.12.2025 во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил Зоран Трифуноски (57 години ) од Охрид и потрагата по него суште трае. Доколку некој го забележал или има било каква информација за ова лице да пријави во најблиската полициска станица или на бројот 192. или на 078 314 567.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, преку видео обраќање емитувано на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, упати честитки до партијата за, како што нагласи, „импресивните успеси“ во изминатите две години. Орбан истакна дека по долг период во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ успеала да се позиционира како една од најуспешните политички сили на европската сцена. „Постигнавте убедливи победи на парламентарните, локалните и претседателските избори. Ја насочивте вашата татковина кон стабилен и предвидлив развој. По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа. Нема подобра препорака од сопствениот успех“, рече Орбан. Тој се заблагодари за соработката со лидерот Христијан Мицкоски и го охрабри членството да…
На 07.12.2025 во 03:25 часот, на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.М.(26) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен берлинго“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.М., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,18 промили алкохол во крвта.
Неготинка синоќа во полиција пријавила физички напад од поранешниот сопруг, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Синоќа во 18:30 часот, во ОВР Неготино, 36-годишна неготинчанка пријави дека во нејзиниот дом насилно влегол нејзиниот поранешен сопруг и физички ја нападнал. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.
“Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата. Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација. Благодарност до одговорните компании кои ја сфатија важноста на овој процес и се согласија за отстранување на нивните билборди” напиша Ивановски, директорот на МЖ Инфраструктура на својот фејсбук профил и објави видео од денешната акција.
