- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
- Претрес во Гостивар: Пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
- Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата
- Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во Македонија во рамките на редовната обиколка на регионот
- Шкорпијата да најде рамнотежа, а на Водолијата креативните идеи ќе дојдат до израз
- Петрушевски: Слугувањето на Филипче на Софија му се удира од глава
- Герасимовски: Центар пееше во еден глас, македонски евергрини и филмски класици ја кренаа публиката на нозе на Центарска симфонија
- Дејвид Бекам доби ѕвезда на Холивудската патека на славните
Author: Author 03
Денеска сме тука на покана на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, се одржува изборниот конгрес на партијата. Јас им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја дава долги години наназад. Тоа е доказ дека навистина споделуваме еднакви исти, би рекол вредносни политики. Коалицијата и соработката продолжува и понатаму, сега и во една нова форма во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури дел на коалициските партнери…
Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот, изјави Петрушевски Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија. – Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со него повел привилигирани членови на синдикатот кои се членови и на СДС, продолжи Петрушевски. – И затоа, наместо да шири празни флоскули и демагогии, треба да каже дали се точни информациите кои ги добивме од свиркачи во синдикатот, дека…
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката на изградбата на автопатот Прилеп-Битола е одлична, работиме со одлично темпо, роковите ќе бидат запазени. Очекувам веќе следната пролет да ги имаме првите километри автопат на овој потег, што многу ќе значи за движењето, за економијата и за поврзувањето не само на Прилеп…
Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција во Скопје. Тој оцени дека државата во минатото платила „прескапа цена“ поради политиките на претходната власт и нагласи дека актуелната Влада нема да дозволи нови отстапки без конкретни гаранции за напредок во евроинтегративниот процес. „Овој пат уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од ЕУ – нема да има“, истакна Манасиевски. Според него, Македонија и граѓаните немаат право повторно да бидат разочарани од процесот на европска интеграција. „Нема повторно да се…
На 30.05.2026 година во 02.20 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Л.Ш.(19) од Ресен кој претходно, на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ со улицата „7 ноември“, управувајќи патнички автомобил „Фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб. При извршено алкотестирање, полициските службеници кај него утврдиле 1,77 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Народот кој ги чува свои корени никогаш не се губи, народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом, а народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, што се одржува попладнево во Нови Сад. Идентитетот, потенцираше, не се чува сам од себе. Јазикот не преживува сам по себе. Традицијата не се пренесува без љубов, труд и свесна посветеност. За да се сочува едно име низ осум децении, потребни се генерации луѓе кои одбиваат да заборават, потребни се мајки и татковци…
Голем број медузи се забележани во делови од Јадранското Море, поради што експертите и локалните власти апелираат до туристите и капачите да бидат внимателни при престојот во водата. Според морските биолози, појавата на медузи во овој период од годината не е невообичаена, но нивниот број на одредени локации е значително зголемен. На тоа влијаат повисоките температури на морето, морските струи и промените во екосистемот. Иако повеќето видови медузи во Јадранот не се опасни по живот, нивниот допир може да предизвика непријатни реакции како печење, болка, црвенило на кожата и алергиски симптоми кај почувствителни лица. Експертите советуваат капачите да избегнуваат контакт…
Денес истекува рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите 10 точки од Реформската агенда. Сведоци сме на уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага на Мицкоски, велат од СДСМ. Тој дојде на власт со лаги. Вети дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард. Најмногу лажеше дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се загрозени. Што добивме? • Признаа дека нема да го вратат името, во „БЈРМ“ или „ФИРОМ“. • Мицкоски го нарече…
Француската полиција приведе вкупно 326 лица за време на прославите по триумфот на Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. По историската победа на ПСЖ, илјадници навивачи излегоа на улиците во Париз и во други француски градови за да го прослават успехот на клубот. Дел од славењето, сепак, прераснало во инциденти, судири со полицијата и нарушување на јавниот ред и мир. Според француските власти, најголемиот дел од приведувањата биле извршени во главниот град, каде што биле регистрирани случаи на вандализам, палење предмети и оштетување на јавен имот. Безбедносните сили биле распоредени во голем број делови од Париз со…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе учествува на Парискиот сајбер самит (Paris Cyber Summit 2026), еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација. Програмата на самитот е фокусирана на стратешки дискусии за актуелните безбедносни предизвици во дигиталниот простор, развојот на вештачката интелигенција и зајакнувањето на дигиталните капацитети на државите. Во рамки на посетата, министерот Андоновски ќе учествува на министерска тркалезна маса во Францускиот Сенат на тема „Градење на сајбер капацитети во Западен Балкан под постојана закана“, заедно со министрите…
