Author: Author 03

Односите меѓу клучните арапски земји и Иран влегуваат во нова фаза на сериозно заострување. Според најновите дипломатски сигнали и реакции во регионот, кај дел од арапските престолнини владее огромен бес кон Техеран, поттикнат од континуираното иранско мешање во внатрешните работи на соседните држави и поддршката на милитантните групи ширум Блискиот Исток. Видеата и извештаите кои кружат во регионалните медиуми јасно го отсликуваат незадоволството на арапскиот свет, кој бара итна промена во стратегијата на Иран и почитување на суверенитетот на државите. Што ја прели чашата во односите? Главен извор на фрустрација за арапските коалиции е таканаречената „Оска на отпорот“ која ја…

Повеќе

„Кога Социјалдемократскиот сојуз зборува за криминал, добро е да ја потсетиме јавноста дека во ИО на СДС моментално има криминалец, тоа е господинот Филип Андов нарекуван Сокол. Значи, повторно ќе кажам член на ИО на СДС моментално е во затвор, е осуден за злоупотреба на службена положба, и е член на највисокото, наголемото извршно тело на СДС“, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Манасиевски посочи дека во раководството на СДС моментално има криминалец кој е осуден за злоупотреба на службена положба и моментално е во затвор. Тој се осврна и…

Повеќе

Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство. Двајцата пациенти се во стабилна состојба. -Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои повторно имаат шанса. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него,…

Повеќе

Оператори со храна свесно ги доведуваат во заблуда потрошувачите преку продажба на производи чиј состав не одговара на наведеното на самите декларации, покажаа најновите анализи на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Примероците со недозволени состојки, како растителни масти, се лоцирани главно во млечната и месната индустрија. Гостувајќи во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, Светлана Колариќ од АХВ информираше дека по налог на директорот на Агенцијата, во март биле спроведени засилени инспекции низ малопродажната мрежа во Скопје. Притоа, инспекторите зеле вкупно 91 мостра, поделени на 45 примери од млечни производи и млеко и 46 од сувомеснати производи. Колариќ детално ги…

Повеќе

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изрази надеж дека тековниот состанок на либанските и израелските официјални лица во Вашингтон, на кој се разговара за мировен план, ќе резултира со заедничка изјава и акциски план. Најновата, четврта рунда разговори, која е насочена кон прекин на борбите меѓу Израел и милитантното проиранско движење Хезболах во Либан и постигнување долгорочен мир, почна вчера и би требало да заврши денеска. Преговорите меѓу двете земји, кои немаат дипломатски односи и кои официјално се во војна од 1948 година, продолжија во американскиот Стејт департмент. Израел почна напади врз Хезболах на почетокот на март, кога милитантната група,…

Повеќе

Вториот грен слем турнир во годината, Ролан Гарос, доживеа вистински шок и една од најголемите сензации во досегашниот тек на натпреварувањето. Втората светска тенисерка и една од главните фаворитки за трофејот, Арина Сабаленка, доживеа неочекуван колапс и е елиминирана од турнирот во Париз. Она што ја прави оваа елиминација уште поневеројатна е начинот на кој Сабаленка го загуби мечот. Иако имаше целосна контрола и се чинеше дека сигурно чекори кон победата, доживеа несфатлив пад во играта кој ја чинеше елиминација. Од сигурно водство до тотален колапс Сабаленка одлично го започна натпреварот, го доби првиот сет со убедливи 6-4 и имаше…

Повеќе

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев попладнево е спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје. Богоев треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, по барањето од Обвинителството за определување мерка притвор за него и уште три лица поради постоење на основано сомнение за злоупотреба на постапката за јавна набавка, за примање и давање поткуп. Обвинителство, претходно соопшти, дека постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање одреден економски оператор…

Повеќе

Редовното перење на перниците не само што ја одржува хигиената, туку и го продолжува нивниот век на траење и обезбедува чисто и удобно место за одмор на главата. Според експертот за одржување на домот Беки Рапинчук, најдобро е перниците да ги перете на секои три до шест месеци. Оваа рутина помага во отстранувањето на алергените како што се прашински грини, пот и мртви клетки на кожата кои се наталожуваат со текот на времето. Постојат неколку јасни индикатори дека вашата перница треба темелно да се исчисти. Видливите жолти или кафеави дамки се знак на насобрана пот, маснотии од телото, а понекогаш…

Повеќе

Седумдесет и четиригодишен маж од Тетово бил пронајден починат во хотел на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 1 јуни 2026 година околу 11:40 часот, кога од Итната медицинска помош било известено дека во хотелски објект е пронајдено безживотно тело на гостин. Станува збор за лицето со иницијали З.Ј., кое престојувало во хотелот. По пристигнувањето на медицинските екипи, лекар констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство на телото. И покрај тоа, случајот веднаш бил пријавен во полиција, по што биле преземени сите неопходни мерки согласно процедурите.…

Повеќе

Летовите кон и од Белгија денеска ќе биде прекинат од 14 часот по локално време поради штрајк на вработените во компанијата за контрола на воздушниот сообраќај „Скајс“. Штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај синоќа веќе предизвика сериозни нарушувања во воздушниот транспорт. На аеродромот Шарлроа беа откажани 30 патнички летови, а на аеродромот во Лиеж беа погодени околу 40 товарни летови. „Скајс“ потврди дека воздушниот сообраќај повторно ќе биде прекинат денеска попладне. На аеродромот во Брисел околу 25 летови беа одложени за еден до два часа. Два авиона што летаа кон аеродромот Завентем беа пренасочени кон други аеродроми. Пријавени се и…

Повеќе