Author: Author 03

Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме. Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари. Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене, пишува Слаткар на ФБ. И искрено сум благодарен на Комисијата од @filmagency.northmacedonia која ја препозна важноста на оваа тема. Но, не сакам проектот кој зборува за разбирање, прифаќање и поддршка да започне со поделби. Затоа одлучивме филмот да се реализира без…

Повеќе

Руското Министерство за одбрана излезе со нови, детални тврдења по масовниот ракетен напад врз Украина. Според официјална Москва, за време на координираната офанзива во главниот град Киев биле таргетирани и целосно уништени десет клучни воени производствени погони и капацитети на украинскиот воено-индустриски комплекс. Овие тврдења доаѓаат во време кога двете страни водат интензивна информативна битка за ефектите од последните воздушни удари кои предизвикаа сериозни штети на инфраструктурата. Што тврди рускиот воен врв? Според соопштението на руските воени власти, нападите биле извршени со високопрецизно оружје од долг дострел, лансирано од воздух и море. Како главна цел на оваа операција биле поставени…

Повеќе

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција, но очекува процес заснован на принципи, доверба и предвидливост. На заедничката прес-конференција, Мицкоски истакна дека земјава не бара привилегии ниту посебен третман, туку еднакви правила и вистинско вреднување на реформите, трудот и исполнетите обврски. -Нашата позиција е јасна. Остануваме цврсто определени кон европскиот пат. Не бараме привилегии, не бараме олеснети правила и не бараме нешто што не им припаѓа и на другите. Бараме принципи, кредибилен и предвидлив процес во кој реформите, трудот, заслугите и исполнетите…

Повеќе

Лудилото на СДС нема крај, немаат чувство за реалност. Очигледно имате кратка меморија, па затоа да ве потсетиме дека пролетта 2025 година Преспанскиот регион беше погоден од мраз и родот на јаболка беше намален за 50%. За разлика од минатото јаболката денес не пливаат по Преспанското езеро, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Соберете храброст и признајте дека денес откупот се одвива непречено, нема фрлен род на буништа, што беше во минатото ваше секојдневие. Само оваа година над 35 милиони евра ќе влезат во Македонија од откупот на млада зелка. Тоа е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи. Нема зелка што се…

Повеќе

Претседателот на Европскиот совет испрати јасна порака дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. Во своето обраќање, Кошта најпрво го поздрави напредокот во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на владеењето на правото и реформата на јавната администрација, како и целосното усогласување на државата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. „Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда, кон усвојувањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, што е значајно за пристапниот пат…

Повеќе

Премиерот Мицкоски го пречека претседателот на ЕС Антонио Кошта. Во моментов имаат средба на која се очекува да разговараат за реформската агенда и евроинтегративниот пат на Македонија. Во секој момент се очекува да започне и прес-конференцијата на двајцата во Владата.

Повеќе

Средба на Сиљановска-Давкова со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак. Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован единствено на исполнувањето на Копенхашките критериуми. Калињак го сподели своето позитивно искуство во соработката со македонските државни институции, изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување во повеќе области,…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп ги демантираше гласините кои брзо се раширија во медиумите дека употребил погрдни зборови и „го опцул“ израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивниот последен телефонски разговор. Сепак, претседателот Трамп призна дека разговорот бил исклучително сериозен и динамичен, нагласувајќи дека од позиција на прв човек на САД му упатил остри критики на израелскиот лидер во врска со начинот на кој се води војната во Појасот Газа и потребата за итно завршување на конфликтот. „Не го опцув Биби, но тој мора да ја заврши работата“ Трамп јавно ги појасни деталите од разговорот со цел да ги прекине…

Повеќе

Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје, напиша на социјалните мрежи шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата претставува значајна можност за размена на мислења за европската перспектива на државата, реформската агенда и понатамошните чекори во евроинтегративниот процес. Очекуваме отворена и содржајна дискусија за надминување на предизвиците и забрзување на европскиот пат на државата, стои во објавата на Муцунски на ФБ.

Повеќе