Author: Author 03

Руските воени сили извршија уште еден масовен и брутален ракетен напад врз воени и енергетски инфраструктурни објекти ширум Украина. Веднаш по нападот, руското Министерство за одбрана излезе со официјално соопштение во кое детално ги наведе целите кои биле погодени за време на оваа координирана офанзива. Од друга страна, украинските сили за противвоздушна одбрана (ПВО) водеа жестока битка на небото, успевајќи да неутрализираат голем дел од лансираните руски проектили, спречувајќи уште поголема катастрофа на теренот. Што тврди Москва? Според официјалните информации од Кремљ, нападот бил извршен со прецизно оружје со софистициран дострел, вклучувајќи воздушни и поморски ракетни системи, како и беспилотни…

Повеќе

Светската здравствена организација (СЗО) официјално ја прогласи новата епидемија на ебола во Централна Африка за „јавноздравствена вонредна состојба од меѓународен интерес“. Жариштето на заразата е лоцирано во Демократска Република Конго (ДР Конго) и соседната Уганда, каде што се бележи остар пораст на заболени и висока смртност кај населението. Она што дополнително ги загрижува здравствените експерти е фактот дека оваа епидемија е предизвикана од реткиот сој Бундибугио (Bundibugyo), за кој во моментов не постои одобрена вакцина ниту специфичен медицински третман, за разлика од попознатиот сој „Заир“. Брзо ширење во кризни региони Епидемијата започна во североисточната провинција Итури во ДР Конго, регион…

Повеќе

Во Министерството за правда денес се одржа шестата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство во позитивна атмосфера, што покажа подготвеност за изнаоѓање компромисни решенија. На седницата беше усвоен записникот од претходната седница, по што членовите на Работната група пристапија кон разгледување на доставените мислења, предлози и забелешки од политичките партии, институциите, регулаторните тела и граѓански иницијативи. Министерството за правда останува целосно посветено на водење инклузивен, транспарентен и консултативен процес, чија крајна цел е донесување на современо, функционално и европски усогласено изборно законодавство кое ќе обезбеди фер, демократски и кредибилни изборни процеси.

Повеќе

Можам да потврдам дека под координација на ОЈО ГОКК, Управа за финансиска полиција спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа. Акцијата уште трае. Како што знаете додека се постапува не може да се споделат повеќе детали, велат од ОЈО ГОКК за Пресс24. Да потсетиме, полицијата во моментов спроведува голема акција и претреси поради сомнежи за сериозен финансиски криминал тежок околу 350.000 евра, дознава Press24. Според првичните и сè уште неофицијални информации, истрагата е насочена кон злоупотреби поврзани со јавни набавки. Како што дознаваме, предмет на истрагата е „тендерот за одржување на терминалите и царинските…

Повеќе

Во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведуваат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации. Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица и други лица кои го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел…

Повеќе

Пејачката Сандра Африка е позната по тоа што живее луксузен живот. Таа никогаш не криела дека работи многу, но и дека заработува многу. Пејачката често учествува на приватни забави, каде што добива големи количини бакшиш. Во една прилика, Сандра Африка добила дури 22.000 евра за време на настап во Америка. На социјалните мрежи се прошири видео од гореспоменатиот настап, на кое се гледа како едвај ги држи банкнотите во рацете, а пејачот Бобан Рајовиќ успеа да изброи колку пари добила, што и таа тоа го потврди. – Видов видео и брзо пресметав дека зела 22.000 евра за строфа и рефренот…

Повеќе

На 31.05.2026 во 19:45 часот во с.Долно Палчиште, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.С.(21) од с.Боговиње. Откако ги забележал полициските службеници тој фрлил кесичка со марихуана, која е пронајдена и одземена. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе. Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. На 26 мај е забележан најтоплиот ден во мај во историјата на Англија и Велс. Во Кју Гарденс се измерени 35,1 степени Целзиусови, а во Бјут Парк во Кардиф измерени се 32,9 степени. Додека вчера највисоката температура од 24,7 степени беше измерена во Буши Парк во…

Повеќе

За година и половина отворивме 28 дестинанции, двојно повеќе отколку што имаше цел период пред да бидеме избрани. Имаме најдобри резултати со над 3 милиони патници, очекувам годинава да достигнеме и над 3,5 милиони патници, изјави вицепремиерот Aлександар Николоски. “Откако беше избрана ова Влада, денес имаме 28 нови дестинации, тоа е скоро дуплирање. На пример, скопскиот аеродром беше со 38 дестинации пред да бидеме ние избрани, охридскиот беше со шест. Значи вкупно имавме 44 дестинации, сега на тоа додаваме уште 28 дестинации. Тоа го потврдуваат и бројките. Скопскиот аеродром на територија на поранешна Југославија, според мерењето на “Екс ЈуАвиејшн” е…

Повеќе

Имаме стабилен партнер во Владата со кој работиме коректно и така ќе продолжиме да функционираме во следниот период, изјави вицепремиерот Александар Николоски во интервју во поткастот “Риштази” “Ние имаме партнер во Владата и јасно е кој е партнерот во Владата. Ние не сме луѓе кои работат позади грб, зборувам за себе, за премиерот и за најтесниот тим во ВМРО-ДПМНЕ и никогаш нема никому да работиме позади грб. Имаме чесен однос со нашиот партнер Влен, коректна соработка и тоа ќе остане така” вели вицепремиерот Николоски. На прашањето дали ќе имаат соработка со новата партија на Зијадин Села, вицепремиерот Николоски истакна дека…

Повеќе