Author: Author 03

Автентичен дел од оригиналните спирални скали на Ајфеловата кула е продаден на аукција во Париз за неверојатни 523.800 евра, што е дури десет пати повеќе од првично проценетата вредност. Станува збор за парче историја со висина од 4,3 метри, составено од 25 скалила и тешко околу 900 килограми. Овој сегмент некогаш ги поврзувал вториот и третиот кат на најпознатиот париски споменик. Интересот за ова парче метал бил огромен, а наддавањето било исклучително напнато, соопштија од аукциската куќа „Аркуриал“ (Artcurial). Како скалите на Густав Ајфел завршија на аукција? Оригиналните спирални скали, кои биле поставени уште при изградбата на кулата во 1889…

Повеќе

Бројот на заразени со смртоносниот вирус ебола продолжува брзо да расте во Демократска Република Конго. Министерството за здравство веќе регистрира стотици сомнителни случаи и десетици починати, а епидемијата алармантно се шири во нови области, вклучувајќи ги провинцијата Итури, Северен Киву и стратешки важниот град Гома. Поради сериозноста на ситуацијата и опасноста од регионално ширење, Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи оваа епидемија за криза на јавното здравје од меѓународно значење. Дополнителен страв влева фактот што оваа епидемија е предизвикана од сојот Бундибугјо (Bundibugyo) – редок и исклучително опасен варијант за кој во моментов нема одобрена вакцина ниту специфичен третман. Алармантни…

Повеќе

Спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, владеењето на правото, реформите во јавната администрација, енергетиката, како и инфраструктурните проекти и регионалната поврзаност, биле темите во фокусот на денешните разговори во Брисел на првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали со претставници на Европската комисија и Работната група на Советот на ЕУ (COELA). – Останува силната посветеност за унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија и спроведување на клучните реформи согласно европските стандарди, вели Сали во изјава по средбата, што ја пренесува Министерството за европски прашања. На средбата, посочува Сали, беше…

Повеќе

Со трагичен епилог заврши потрагата по исчезнатиот 63-годишен маж од селото Форино, по кого полицијата, пожарникарите и жителите трагаа во текот на целата ноќ. Според информациите, исчезнувањето било пријавено синоќа околу 21:30 часот, откако семејството пријавило дека тој не се вратил дома и не можеле да стапат во контакт со него. Мажот работел како овчар во бачило во околината на Врапчиште, поради што веднаш била организирана теренска потрага во поширокиот регион. Во акцијата учествувале полициски службеници, пожарникари од Гостивар, како и граѓани кои се вклучиле во обидот да се пронајде исчезнатото лице. По речиси 9 часа потрага, утрово околу 6…

Повеќе

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова. -На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори, соопштуваат од МНР. Посебен акцент…

Повеќе

Поранешниот германски министер Михаел Рот смета дека Бугарија треба да се засрами за односот кој го има кон Македонија. -Глупавото попречување на патот на Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорно и мора да престане. Тоа ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи само на Русија, Кина и други авторитарни актер. Новата бугарска влада треба да се засрами, пишува Рот на „X“. Bulgaria’s stupid obstruction of North Macedonia’s EU path is irresponsible and must stop.It weakens the EU, destabilizes the Western Balkans, and only benefits Russia, China, and other authoritarian actors.The new Bulgarian government should be…

Повеќе

МВР информира дека на 21 мај 2026 година во 12:05 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на патот кон селото Кнежје, Д.М.(43) од Свети Николе, управувајќи мопед со светиниколски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

Повеќе

На денешниот брифинг со претставниците на медиумите, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, г. Сашо Клековски, се осврна на актуелните состојби, реформските процеси и идните приоритети на Фондот, при што ја информираше јавноста и за одлуката на Владата на Република Македонија со која е именуван за директор на ФЗО со полн четиригодишен мандат. Во своето обраќање, директорот Клековски истакна дека укажаната доверба претставува голема чест, но пред се сериозна обврска за продолжување на започнатите реформи, унапредување на ефикасноста и јакнење на стабилноста и транспарентноста на Фондот. „Ова именување го доживувам како признание за досегашната работа на целиот тим…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во изјава за МИА во врска со пишувањата во медиумите за наводна шпионска афера во нејзиниот Кабинет рече дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка. – Прво, квалификацијата шпионска афера и слично не сакам да ја коментирам. Второ, кога зборуваме за предистражна постапка, јас нема да ги заборавам зборовите на мојот професор Никола Матовски, професор по кривична постапка. Тој велеше дека во предистражна постапка малку се зборува, многу се работи, односно се собираат…

Повеќе

Четири лица загинаа, а шест се повредени откако синоќа се урна станбена зграда во мароканскиот град Фес. Сè уште се истражуваат причините за инцидентот, а жителите од околните згради се повикани да се евакуираат. Кон крајот на минатата година во Фес, еден од најстарите градови во Мароко и популарна туристичка дестинација, се урнаа две станбени згради при што загинаа 22 луѓе.

Повеќе