Author: Author 03

Министерството за образование и наука (МОН) реагираше на соопштението на политичката партија Левица, обвинувајќи ја дека манипулира со информации и ја доведува јавноста во заблуда преку погрешно толкување на ревизорски извештај за работењето на Министерството во 2023 година. Од МОН посочуваат дека извештајот на кој се повикува Левица се однесува на периодот кога со Министерството раководела претходната Влада, а не на актуелното раководство. Според Министерството, сегашниот менаџмент работи одговорно и транспарентно и веќе постапува по препораките наведени во ревизорскиот извештај. Во реакцијата се наведува дека неодамна Министерството објавило дека започнува со спроведување на една од препораките на Државниот завод за…

Повеќе

Шефовите на Меѓународната агенција за енергија, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светската трговска организација предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува испораките на енергија и ги погодува најранливите економии. Војната на САД и Израел против Иран ја наруши трговијата, ги потресе финансиските пазари и предизвика загриженост во врска со глобалните испораки на енергија, особено преку Ормуската теснина, клучен пат за испорака на нафта и гас. Институциите соопштија дека глобалната економија останува отпорна, но додадоа дека конфликтот непропорционално ги погодува посиромашните земји преку повисоки цени на горивото и ѓубривата, зголемена несигурност и ги става во опасност работните места. Раководителите…

Повеќе

Деветнаесетгодишен моторџија го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчеравечерта во 22:21 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово, мотоцикл „БМВ“ управуван од М.Ф.(19) од Скопје и мотоцикл „Хонда ХДВ“ управуван од Н.Б.(21) од Скопје Во несреќата тешки телесни повреди добил 19-годишниот М.Ф., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk…

Повеќе

Зголемена фреквенција на возила и утрово е регистрирана на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција, каде голем број македонски граѓани го користат продолжениот викенд за патување кон грчките летувалишта. Според информации од патници кои утрово ја минале границата, на македонска страна, односно на граничниот премин „Богородица“, се формираат колони поради зголемениот број возила. Времето на чекање за патничките автомобили изнесува околу половина час, додека кај автобусите задржувањата се значително подолги и во одредени периоди достигнуваат и по неколку часа. По преминувањето на македонската граница, патниците се соочуваат со дополнителни контроли и на грчката страна, каде фреквенцијата исто така е…

Повеќе

Поранешниот градоначалник на Скопје и пратеник, бизнисменот Трифун Костовски, најави враќање на политичката сцена и јавно упати повик до граѓаните да му се приклучат во, како што вели, „новата визија за иднината на државата“. Во објава на социјалните мрежи, Костовски соопшти дека новата политичка партија ќе биде отворена за сите полнолетни граѓани, без ограничување на возраста, нагласувајќи дека целта е обединување на луѓе со различни искуства и ставови. „Партијата ќе биде составена од членови на возраст од полнолетство со неограничен век на старост. Ги повикувам сите искусни и неискусни мои сограѓани кои имаат желба Македонија да опстои како држава во…

Повеќе

ДУИ мисли дека срамот може да се покрие со врева. Но правосудниот испит не се решава со викање и лаги. Се решава со работа. А работата тие ја имаа во свои раце со години, но не ја завршија, велат од Вреди. Министерството за правда премина од еден кадар на ДУИ кај друг. По Блерим Беџети, кој беше министер повеќе од 1000 дена, дојде Аднан Јашари. Имаше мандат, имаше надлежности, имаше печат. Единствено немаше волја за албанските студенти. Тоа беше занаетот на ДУИ. За Албанците чекање, за своите предност. За студентите „ќе видиме“, но кога стануваше збор за нивниот круг, системот…

Повеќе

Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во централниот Дневник на Сител телевизија нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ. „По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се направат, а притоа таквиот чекор да не однесе во неизвесност и да бидат направени за нешто за коешто не може да ја постигнете целта”, посочи Милошоски и додаде: „Ние веќе…

Повеќе

Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во целата земја. Овие активности беа детално презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство. „Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во инфраструктура не е само градба на ѕидови туку инвестиција во луѓето, во системот и во иднината на нашата земја. Заедно градиме модерно и хумано здравство“, вели министерот за здравство, Азир Алиу. Меѓу приоритетните капитални проекти кои се изградба на нова Клиничка…

Повеќе

Секој договор со Иран за прекин на војната американскиот претседател Доналд Трамп ќе го потпише само ако се исполнат неговите „црвени линии“, изјави синоќа функционер на Белата куќа, кратко откако состанокот во „собата за ситуации“ заврши без одлука. Со тоа продолжува неизвесноста околу исходот од разговорите меѓу Техеран и Вашингтон, откако извори во Вашингтон завчера спомнаа прелиминарен договор со кој примирјето би се продолжило за уште 60 дена. Но, како што пишува АФП, американскиот претседател одолговлекува, а вчера попладне одржа состанок во Белата куќа за време на кој се очекуваше да донесе „конечна одлука“ за евентуален договор со Техеран. Двочасовниот…

Повеќе

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 30.05.2026 година (Сабота) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.30 до 15.30 часот дел од корисниците на бул. Мајка Тереза, од пекара Св.Никола до училиште Кочо Рацин. ( општина Центар

Повеќе