- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните…
Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на Министерството за јавна администрација, Центарот за управување со промени, Агенцијата за администрација и Министерството за дигитална трансформација, изминатите денови оствари работни средби со претставници на Директоратот за јавна администрација на Франција (DGAFP), Институтот за јавен менаџмент и економски развој (IGPDE) и Директоратот за дигитални работи (DINUM). За време на средбите беа презентирани француските искуства и добри практики во областа на меѓуинституционалната и меѓуминистерската соработка, развојот и спроведувањето на политики за обука и професионално усовршување на државните службеници, како и современите пристапи во дигитализацијата на процесите за учење и…
По објавите и информациите споделени на социјалните мрежи во врска со случај на семејно насилство, полициските службеници веднаш постапија и ги презедоа сите неопходни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвите. На 29.05.2026 година, околу 11:40 часот, во СВР Скопје од страна на очевидец било пријавено дека на подрачјето на Центар, машко лице физички ја нападнало својата сопруга. Веднаш по пријавата, полициските службеници презеле мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвата. По преземените активности било утврдено дека лицата се од Велес, по што од страна на полициски службеници од СВР Велес биле…
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е резултат на широк институционален процес, чија цел е да се обезбеди современо, јасно и спроведливо законско решение во интерес на здравјето на граѓаните, рече министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Владата, на состанок со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на тутунската индустрија и претставници на угостителскиот сектор. Министерот за здравство, Азир Алиу појасни дека предлог-законот ја отсликува потребата правната рамка да се усогласи со современата реалност, во која покрај класичните цигари сè повеќе се користат електронски цигари, несогорливи тутунски производи и други форми…
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи не беше изработуван ад-хок, ниту по принципот на сила, туку во еден инклузивен процес, заедно во консултации со сите засегнати страни, вели премиерот Христијан Мицкоски. Негова единствена цел е, како што нагласува, да има што е можно помалку лица кои конзумираат тутун. Нагласува дека нема да има повластени во однос на неговата примена без разлика во кои делови од градот иили државата се наоѓаат. Очекува законското решение во вторник да се најде на седница на Влада и апелира тоа да биде што побрзо донесено. – Сакам да бидам…
Дронот што падна врз станбена зграда во Романија за време на напад врз соседна Украина, бил руски, соопшти портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел. НАТО ќе процени како да ја зајакне одбраната на Романија и НАТО од закани од беспилотни летала, додадоа од Алијансата. Во меѓувреме, постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер го осуди „неодговорниот упад“ во колумна на Икс и вети дека Соединетите Американски Држави „ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати обвинувања кон претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и раководството на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), тврдејќи дека за организација на спортски игри во Чањ, Црна Гора, биле потрошени околу 60.000 евра. „Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ предводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле четири дена во Чањ, Црна Гора и за кои биле потрошени 60.000 евра“, рече Петрушевски. Тој оцени дека раководството на ССМ „целосно го има изгубено компасот“ и наместо да се фокусира на заштитата на работничките права, се оддалечува од…
Министерството за образование и наука (МОН) реагираше на соопштението на политичката партија Левица, обвинувајќи ја дека манипулира со информации и ја доведува јавноста во заблуда преку погрешно толкување на ревизорски извештај за работењето на Министерството во 2023 година. Од МОН посочуваат дека извештајот на кој се повикува Левица се однесува на периодот кога со Министерството раководела претходната Влада, а не на актуелното раководство. Според Министерството, сегашниот менаџмент работи одговорно и транспарентно и веќе постапува по препораките наведени во ревизорскиот извештај. Во реакцијата се наведува дека неодамна Министерството објавило дека започнува со спроведување на една од препораките на Државниот завод за…
Шефовите на Меѓународната агенција за енергија, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светската трговска организација предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува испораките на енергија и ги погодува најранливите економии. Војната на САД и Израел против Иран ја наруши трговијата, ги потресе финансиските пазари и предизвика загриженост во врска со глобалните испораки на енергија, особено преку Ормуската теснина, клучен пат за испорака на нафта и гас. Институциите соопштија дека глобалната економија останува отпорна, но додадоа дека конфликтот непропорционално ги погодува посиромашните земји преку повисоки цени на горивото и ѓубривата, зголемена несигурност и ги става во опасност работните места. Раководителите…
Деветнаесетгодишен моторџија го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчеравечерта во 22:21 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово, мотоцикл „БМВ“ управуван од М.Ф.(19) од Скопје и мотоцикл „Хонда ХДВ“ управуван од Н.Б.(21) од Скопје Во несреќата тешки телесни повреди добил 19-годишниот М.Ф., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk…
