Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите

    Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите

    30.05.2026 во 13:183 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи не беше изработуван ад-хок, ниту по принципот на сила, туку во еден инклузивен процес, заедно во консултации со сите засегнати страни, вели премиерот Христијан Мицкоски. Негова единствена цел е, како што нагласува, да има што е можно помалку лица кои конзумираат тутун. Нагласува дека нема да има повластени во однос на неговата примена без разлика во кои делови од градот иили државата се наоѓаат. Очекува законското решение во вторник да се најде на седница на Влада и апелира тоа да биде што побрзо донесено.

    – Сакам да бидам краток и прецизен кога станува збор за ова законско решение, коешто како и многу други законски решенија коишто можат да поларизираат, не беше носено ад-хок, ниту беше носено по принципот на сила, туку во еден инклузивен процес, заедно во консултации со сите засегнати страни, со здруженијата, со производителите, со дистрибутерите, со хотелиерите, со луѓето коишто имаат свои ресторани, ноќни клубови… Практично, целокупниот овој процес создаде еден производ од кој сите треба да бидеме поддеднакво незадоволни. ​Затоа што кога работите еден ваков закон, не можете сите да излезете поддеднакво задоволни, затоа што тоа не е возможно, тоа е алхемија, а ние не сме алхемичари, ниту пак чудотворци. Тој што вели дека е чудотворец, не ја говори вистината. Така што, мислам дека на крајот од целиот овој процес, сите ние имаме по малку некое мало, ограничено незадоволство, но сите сме среќни затоа што постигнавме еден заеднички компромис, рече Мицкоски кој заедно со министерот за здравство Азир Алиу има состанок со еснафските здруженија и заинтересирани страни по повод Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи.

    Нагласи дека и денешната средба во Владата која е во тек е резултат на тој еден заеднички компромис што е преточен во закон. Според него, не постои идеално законско решение, не постои нешто коешто може да биде брилијантно и идеално, но како Влада мислат и ценат дека ова законско решение во голема мерка ги регулира односите коишто треба да се случуваат во едно општество кога станува збор со производството и дистрибуција на производите од тутун.

    Рече дека очекува дегова достледна примена, нешто што, како што нагласи, не било случај со претходните законски решенија од оваа сфера.

    – ​Морам да признаам дека и до сега имаше одредени законски решенија коишто, за жал, не беа применувани онака како што сите ние очекувавме. Верувајте ни, инспекциите ќе бидат ригорозни на целата територија на државата. Ова го повторувам, на целата територија на државата, нема да има повластени региони, градови, населени места и така натаму, каде што ќе нема да се почитува законот. И за ова јас ви гарантирам и тука ќе нема ќе нема никаков пардон, рече Мицкоски.

    Очекува дека доследната примена на овој закон ќе даде позитивни резултати кога станува збор за здравјето на на луѓето. 

    – Апелирам овој закон што е можно побрзо да се донесе. И уште еднаш би сакал јавно, еве овде да кажам, после овој наш состанок, дека нема да има повластени. Ако некој мисли дека ќе биде повластен, па бил близок со овој, оној, па нема да го почитува законот, па него немало да го фатат и слично, се лаже. Можете еднаш да поминете неказнети, ако не ве фатиме, па дури и вторпат, но третпат сигурно ќе бидете фатени и ќе бидете санкционирани. Така што, еве ова е мојата конечна порака, рече Мицкоски.

    По обраќањето на премиерот, пред присутните во врска со ова законско решение се обрати и министерот за здравство Азир Алиу.

    Прочитај повеќе

    Беким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државата

    09.06.2026 во 13:30

    Премиерот: Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште

    09.06.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.