Author: Author 03

Зголемена фреквенција на возила и утрово е регистрирана на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција, каде голем број македонски граѓани го користат продолжениот викенд за патување кон грчките летувалишта. Според информации од патници кои утрово ја минале границата, на македонска страна, односно на граничниот премин „Богородица“, се формираат колони поради зголемениот број возила. Времето на чекање за патничките автомобили изнесува околу половина час, додека кај автобусите задржувањата се значително подолги и во одредени периоди достигнуваат и по неколку часа. По преминувањето на македонската граница, патниците се соочуваат со дополнителни контроли и на грчката страна, каде фреквенцијата исто така е…

Повеќе

Поранешниот градоначалник на Скопје и пратеник, бизнисменот Трифун Костовски, најави враќање на политичката сцена и јавно упати повик до граѓаните да му се приклучат во, како што вели, „новата визија за иднината на државата“. Во објава на социјалните мрежи, Костовски соопшти дека новата политичка партија ќе биде отворена за сите полнолетни граѓани, без ограничување на возраста, нагласувајќи дека целта е обединување на луѓе со различни искуства и ставови. „Партијата ќе биде составена од членови на возраст од полнолетство со неограничен век на старост. Ги повикувам сите искусни и неискусни мои сограѓани кои имаат желба Македонија да опстои како држава во…

Повеќе

ДУИ мисли дека срамот може да се покрие со врева. Но правосудниот испит не се решава со викање и лаги. Се решава со работа. А работата тие ја имаа во свои раце со години, но не ја завршија, велат од Вреди. Министерството за правда премина од еден кадар на ДУИ кај друг. По Блерим Беџети, кој беше министер повеќе од 1000 дена, дојде Аднан Јашари. Имаше мандат, имаше надлежности, имаше печат. Единствено немаше волја за албанските студенти. Тоа беше занаетот на ДУИ. За Албанците чекање, за своите предност. За студентите „ќе видиме“, но кога стануваше збор за нивниот круг, системот…

Повеќе

Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во централниот Дневник на Сител телевизија нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ. „По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се направат, а притоа таквиот чекор да не однесе во неизвесност и да бидат направени за нешто за коешто не може да ја постигнете целта”, посочи Милошоски и додаде: „Ние веќе…

Повеќе

Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во целата земја. Овие активности беа детално презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство. „Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во инфраструктура не е само градба на ѕидови туку инвестиција во луѓето, во системот и во иднината на нашата земја. Заедно градиме модерно и хумано здравство“, вели министерот за здравство, Азир Алиу. Меѓу приоритетните капитални проекти кои се изградба на нова Клиничка…

Повеќе

Секој договор со Иран за прекин на војната американскиот претседател Доналд Трамп ќе го потпише само ако се исполнат неговите „црвени линии“, изјави синоќа функционер на Белата куќа, кратко откако состанокот во „собата за ситуации“ заврши без одлука. Со тоа продолжува неизвесноста околу исходот од разговорите меѓу Техеран и Вашингтон, откако извори во Вашингтон завчера спомнаа прелиминарен договор со кој примирјето би се продолжило за уште 60 дена. Но, како што пишува АФП, американскиот претседател одолговлекува, а вчера попладне одржа состанок во Белата куќа за време на кој се очекуваше да донесе „конечна одлука“ за евентуален договор со Техеран. Двочасовниот…

Повеќе

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 30.05.2026 година (Сабота) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.30 до 15.30 часот дел од корисниците на бул. Мајка Тереза, од пекара Св.Никола до училиште Кочо Рацин. ( општина Центар

Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во недела и понеделник претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд,…

Повеќе

Модерен трговски центар „Мега шопинг парк” на површина од над 20 илјади квадратни метри е пуштен во употреба денеска во Гевгелија, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов, генералниот директор на трговскиот центар, Сотирис Јанакудакис, како и владини и општински претставници, и претставници од компанијата инвеститор „А ПЛУС 1″. Новиот трговски центар, според најавите, отвора простор за познати и веќе присутни светски и домашни брендови, како и имиња кои првпат ќе влезат на македонскиот пазар, а инвестицијата се очекува да даде поттик за нови вработувања во Општина Гевгелија. – За мене е чест и задоволство што…

Повеќе

На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во с.Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од с.Черкези. По несреќата малолетникот бил пренесен во Општата болница Куманово каде од страна на лекар констатирана била смрт. Во 21:20 часот во Полициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Повеќе