Author: Author 03

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза, се вели во соопштението од ЗНАМ. -Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на политичкиот спин, поттикната од необољшевиците што сега го водат СДСМ и се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии“ – истакна Димитриевски. Тој потенцира дека ЗНАМ останува стабилен…

Повеќе

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска го осуди однесувањето на Русија во војната со Украина, по разговорот со романскиот претседател Нукошор Дан за синоќешното уривање на руски дрон врз станбена зграда во романски град, пишува британскиот весник „Гардијан“. „Неодговорното однесување на Русија е опасност за сите нас. Таа продолжува да ги гаѓа цивилите и цивилната инфраструктура низ цела Украина. И синоќа повторно се покажа дека импликациите од нејзината нелегална агресивна војна не запираат на границата“, рече Руте. Тој додаде дека ја изразил солидарноста на НАТО со Романија и дека му рекол на романскиот претседател дека НАТО „е подготвено да…

Повеќе

Тие размислувања и тие идеи ние веќе ги слушаме подолго време, не би можел ништо да зборувам додека тоа не стане официјално. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на Берлинскиот процес, состанокот на Берлинскиот процес минатата година, есента, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарко прашање во однос на предлозите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за „придружено членство“ во ЕУ. -Јас го коментирав уште тогаш дека ќе се случуваат нови предлози, нови можности во регионот… така што она што можам да го кажам во овој момент е дека љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. Во Скопје, четири лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека две лица од Кавадарци управувале мотоцикли без положен возачки испит. Исто така, возач од Скопје управувал мотоцикл без возачка дозвола, а моторциклот бил и без важечка регистрација. Во изминатото деноноќие лишени од слобода биле и две лица кои управувале возила под дејство на алкохол. Возач од Македонска Каменица управувал мопед, при што при извршена контрола му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта, додека возач…

Повеќе

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски во интервју за весникот „Нова Македонија” зборуваше за актуелни теми и предизвици со кои се соочува Судот.„ Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот, а не со судиите! Резултатот од послушен Уставен суд доведе до состојба на големи предизвици со владеењето на правото, разнишана правна држава, недоверба кај граѓаните. Тоа ли е вистинската заложба и намера на политиката? За тоа ли граѓаните им ја даваат довербата, за да ја саботираат или да ја градат правната држава, истакнува Костадиновски во интервјуто за „Нова Македонија“ со новинарот Христо Ивановски. Нервозата што со својата…

Повеќе

На 28.05.2026 година во 19:10 часот, од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, од слобода бил лишен М.И. (24) од Куманово. Истиот ден, на автопатот во правец од Граничниот премин Табановце кон Куманово, било сопрено патничко моторно возило „Фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И. При извршената контрола, во возилото биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја. Од извршените проверки било констатирано дека лицето издржува казна затвор и во моментот се наоѓа на пауза. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот против лицето ќе биде…

Повеќе

Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека на почетокот на Јуни ќе означи две бразилски нарко-банди за странски терористички организации. Бандите – Primeiro Comando da Capital – PCC, и Comando Vermelho – CV „се две од најнасилните криминални организации во Бразил“, се наведува во соопштението на Стејт департментот, пренесено од ДПА. „Заедно, тие командуваат со илјадници членови и досега оркестрираа брутални напади врз бразилски полицајци, јавни службеници и цивили“, се додава во соопштението. Двете групи ќе се сметаат за странски терористички организации од 5 јуни, наведе Стејт департментот во соопштението. PCC се смета за најмоќна криминална организација во Бразил и клучен…

Повеќе

23-годишно момче од тетовското село Сараќино го загуби животот во Австрија. Починатиот, кој потекнува од тетовскиот регион, село Сараќино, бил сопственик на кафе-бар и бил пријавен за исчезнат од понеделник. Неговото тело е пронајдено синоќа во езерото Факер (Faaker See), по интензивна потрага на австриските служби. Поради неразјаснетите околности на смртта, надлежните органи наредиле обдукција. Според австриските медиуми, во четврток вечерта била спроведена голема спасувачка операција откако на брегот на езерото биле пронајдени лични предмети на исчезнатото лице. Веднаш потоа во потрагата се вклучиле полицијата, пожарникарите и службите за спасување на вода, како и полициски хеликоптер. Во операцијата учествувале и…

Повеќе

о 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено и намалување на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите статистички податоци. Во исто време, кај кривичните дела доминираат имотните деликти и прекршоците во сообраќајот, како кај полнолетните лица, така и кај малолетниците. Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупно 14.237 полнолетни лица се евидентирани како пријавени сторители во текот на 2025 година, додека 6.996 биле обвинети, а 6.371 осудени. Во споредба со претходната година, бројот на пријавени е зголемен за 6,5 проценти, додека обвинетите се намалени за 7,7 проценти, а…

Повеќе

Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф од наредната недела ќе биде инсталиран согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга, истакна министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица. Осврнувајќи се на конкретните состојби во струмичката болница, министерот Алиу напомена дека установата била затекната со значителни финансиски обврски, но дека преку подобро управување веќе се постигнати конкретни резултати. -Болницата во Струмица ја наследивме со над 100 милиони денари долгови. Денес, со добро менаџирање на таа институција, долгот веќе се намалува за 20…

Повеќе