Close Menu
Press24
    Најново

    Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион

    10.06.2026 во 10:28

    Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра

    10.06.2026 во 10:16

    Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп

    10.06.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион
    • Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
    • Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп
    • Град Скопје со известување до граѓаните
    • Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип
    • Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
    • Апсење на Блаце – МВР со детали
    • За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29.05.2026 во 15:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза, се вели во соопштението од ЗНАМ.

    -Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на политичкиот спин, поттикната од необољшевиците што сега го водат СДСМ и се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии“ – истакна Димитриевски.

    Тој потенцира дека ЗНАМ останува стабилен политички субјект со сопствен интегритет, јасна визија и јасни црвени линии, кој не функционира како привезок на било чија политика, туку како автентично движење кое гради нов политички концепт во Македонија.

    Во однос на прашањето за уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот, Димитриевски повтори дека ЗНАМ нема да поддржи решенија под диктат и под постојани нови условувања.

    -Ако воопшто се отвора Уставот, тоа мора да биде резултат на јасен внатрешен консензус и реални, проверливи гаранции за националните и државните интереси и врз база на реципроцитет. Без тоа, секое инсистирање е само продолжување на политичка несигурност и постојано поместување на условите, нагласи претседателот на ЗНАМ.

    Димитриевски порача дека пратениците на ЗНАМ ќе одлучуваат исклучиво согласно националниот и државниот интерес, Уставот и програмските принципи на движењето, без калкулации и без отстапување под политички притисоци.

    Движењето ЗНАМ продолжува со својата мисија насочена кон градење стабилна држава, силни институции и политики што се во интерес на граѓаните, со доследност кон своите принципи и визија за модерна и праведна Македонија, посветено на реални решенија и долгорочен раст и развој на државата.

    Прочитај повеќе

    Град Скопје со известување до граѓаните

    10.06.2026 во 10:09

    Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип

    10.06.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.