Close Menu
Press24
    Најново

    Алиу: Болницата во Струмица е дел од поширокиот план за посилни регионални здравствени капацитети

    29.05.2026 во 11:49

    Сончево време со температура до 31 степен

    29.05.2026 во 11:30

    Си ловеле риба во Преспанското Езеро – четворица Албанци зад решетки

    29.05.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алиу: Болницата во Струмица е дел од поширокиот план за посилни регионални здравствени капацитети
    • Сончево време со температура до 31 степен
    • Си ловеле риба во Преспанското Езеро – четворица Албанци зад решетки
    • Обилни врнежи низ Македонија: Во Крушево измерени 34 литри дожд
    • Зголемени цените на услугите во транспорт и складирање
    • Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини
    • СДСМ: Долгот надмина 11 милијарди евра – министерката Кочовска бега од објаснување
    • Бојковска: ВМРО-ДПМНЕ спроведува суштински реформи во интерес на граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Болницата во Струмица е дел од поширокиот план за посилни регионални здравствени капацитети

    Алиу: Болницата во Струмица е дел од поширокиот план за посилни регионални здравствени капацитети

    29.05.2026 во 11:493 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф од наредната недела ќе биде инсталиран согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга, истакна министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица.

    Осврнувајќи се на конкретните состојби во струмичката болница, министерот Алиу напомена дека установата била затекната со значителни финансиски обврски, но дека преку подобро управување веќе се постигнати конкретни резултати.

    -Болницата во Струмица ја наследивме со над 100 милиони денари долгови. Денес, со добро менаџирање на таа институција, долгот веќе се намалува за 20 милиони денари. Продолжуваме да ја реорганизираме буџетската линија и функционалностите во таа болница, образложи министерот Алиу и додаде дека во болницата е реконструиран цел оддел, кој е во фаза на технички прием и наскоро ќе биде ставен во функција за граѓаните.

    Тој рече дека струмичката болница е дел од поширокиот процес на зајакнување на регионалните здравствени капацитети, со цел граѓаните да добиваат поквалитетни и подостапни услуги поблиску до местото на живеење. Притоа, нагласувајќи дека Министерството за здравство работи врз основа на функционални анализи за секој регион, според демографијата, потребите на пациентите, расположливите здравствени услуги и човечките капацитети.

    Во таа насока, министерот Алиу се осврна на примерот со Битола, каде што онколошкиот центар има значаен потенцијал за регионална достапност на услуги.

    -Во Битола онколошкиот центар е еден од најмодерните, но за жал, во минатото не е инвестирано доволно во технологии. Таму имаме двајца онколози и работиме заедно со Клиниката за радиотерапија и онкологија за онколошките услуги да бидат достапни за граѓаните од тој регион, рече министерот Алиу.

    Тој потсети и на големиот инвестициски циклус што ќе следува во здравствената инфраструктура во Штип, Кичево и Тетово.

    -Со Владата имаме план да се инвестираат 205 милиони евра во Штип, Кичево и Тетово. Од аспект на инфраструктурата, здравството нема да изгледа како досега и ќе има реален пристап во согласност со здравствените услуги, рече министерот Алиу.

    Во одговорот на пратеничкото прашање, тој ја спомена и дигитализацијата како еден од клучните процеси за модернизација на здравствениот систем.

    -Од аспект на дигитализација, сега ја подготвуваме Националната стратегија за дигитална трансформација на здравството, која наскоро ќе биде значаен дел од реформските процеси на Министерството за здравство. По 12 години инвестираме и во дигитална инфраструктура, во дата центарот. Податоците на граѓаните досега се чуваа во дата центар кој создаваше ризици за злоупотреба на податоците, рече министерот Алиу.

    Министерот за здравство, Азир Алиу, порача дека целта е да се развие здравствен систем што ќе биде инфраструктурно посилен, кадровски подобро планиран, дигитално поврзан и подостапен за граѓаните во секој регион.

    Прочитај повеќе

    Сончево време со температура до 31 степен

    29.05.2026 во 11:30

    Си ловеле риба во Преспанското Езеро – четворица Албанци зад решетки

    29.05.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.