Author: Author 03

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Утре ќе се задржи стабилно време. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од недела во попладневните часови повторно ќе има локална појава на нестабилност со…

Повеќе

Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов. Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница. На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од околу 60 килограми. По целосното документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крушево, каде што се измерени 34 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според мерењата, значителни врнежи се регистрирани и во Претор со 30 литри на метар квадратен, Маврови Анови со 28 и Лазарополе со 23 литри. Во Прилеп и Пожаране наврнале 18 литри, во Берово 16, а во Тополчани 14 литри на метар квадратен. Во Радовиш се измерени 12 литри, а во Струмица и на Попова Шапка по 11 литри дожд. Во Виница наврнале 10 литри, додека во Тетово и Битола по девет литри на метар…

Повеќе

– Во првиот кваратл годинава во споредба со истиот период лани, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 6.5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6.7 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети. Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 4.2 проценти во одделот Телекомуникации.

Повеќе

Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на граничните премини Кипи и Евзони по имплементирањето на ЕЕС системот, јави дописничката на МИА од Атина. На широкиот работен состанок во Солун со учество на претставници на надлежните институции, безбедносните служби и локалните власти, Гулекас нагласил дека континуирано…

Повеќе

Министерката за финансии Гордана Кочовска нè повика на средба за, како што самата рече, „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш ја прифати поканата, но побаравме разговорот да биде јавен, пред камерите, пред граѓаните, за сите да ги слушнат фактите и бројките за состојбата во која се наоѓа буџетот и долгот. И потоа избега, велат од СДСМ. Ниту вчера ја немаше во Собранието. Прво повикува, а потоа бега. Зошто? Затоа што нема како да им објасни на граѓаните дека за само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата за околу 2,5 милијарди евра. Во декември 2023 година јавниот долг…

Повеќе

„По однос на прашањето за референдум, односно прашањето коешто го наметна лидерот на опозицијата, Венко Филипче е прашањето: дали сте за ЕУ. Ќе се потсетиме дека ние имавме исто такво референдумско прашање со владата на Заев, и тука апсолутно можам да истакнам дека прашањето е апсолвирано, бидејќи оваа Влада недвосмислено одговара и кажува и докажува, со факти и со аргументи, не само декларативно дека е за влез во ЕУ.  Со конкретни чекори, еве веќе и од меѓународни институции, и од Европската комисија се истакнуваат чекорите кои не придвижуваат до европската интеграција“, истакна Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на…

Повеќе

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, синоќа гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ каде што, меѓу другото, зборуваше и за изјавата на Рубин Земон од СДС, кој во гостување на бугарски поткаст рече дека македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев нема ништо направено за Македонија. Манасиевски посочи дека таа изјава на Земон, наспроти тврдењата на СДС, никако не може да се нарече несреќна изјава, затоа што не може да излезеш на бугарски поткаст и да тврдиш дека Гоце Делчев кој го имаме и во македонската химна е мит. „Јас не би ја нарекол несреќна изјава. Да излезете вие на бугарски…

Повеќе

Венко Филипче и министерката за надворешни работи на Бугарија се на ист став, велат дека преговарале за Македонија со Европа, а не со Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Венко Филипче исто така цврсто стои на ставот оти смета дека треба да се спроведат уставни измени без никаква гаранција за Македонија на евроинтегративниот пат. Ова би му дозволило на Бугарија и понатаму да ја ветоизира Македонија. Филипче исто така е на ист став со Виктор Стојанов од Фондацијата ,,Македонија“, која има за цел во Македонија да шири бугарска пропаганда, говор на омраза кон Македонците и да го негира македонскиот идентитет. Ова…

Повеќе

Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во Северна Македонија открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна. Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со поддршка од УНИЦЕФ, претставува прв сеопфатен преглед на училишните нутритивни средини во земјата. Во неа се опфатени 40 основни и средни училишта, а учествуваа околу 1.700 ученици. Наодите укажуваат на слична состојба во сите училишни…

Повеќе