- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, вечерва ги прими и се обрати пред учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, којшто се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Според неа, во свет на конфликти културната дипломатија успева да создаде многу потрајни и подлабоки мостови отколку конвенционалната, традиционална дипломатија. Таа оцени дека културата е неуништлив пулс на човештвото и најсилна потврда дека креативноста ја надвладува деструктивноста. За неа, Скопје е жив пример за солидарност, град што низ вековите успеал да ги преживее војните и катастрофите благодарение на духот на неговите жители и подадената рака…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вечерва беше гостин во студиото на Дневникот на Сител телевизија, каде информираше за состојбата по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде беше евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. Герасимовски истакна дека веднаш по инцидентот свикал итен кризен состанок, на кој присуствувале деканот на Градежниот факултет, претставници од Државниот инспекторат за труд, инвеститорите, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица од надлежните служби, со цел итно координирање на активностите и преземање мерки за заштита на граѓаните. Тој упати голема благодарност…
Голема спасувачка акција во Лаос донесе први позитивни вести откако тимовите на терен успеаја да лоцираат и да пронајдат живи пет лица од вкупно седумте кои со денови беа заробени во внатрешноста на пештера. Во тек е интензивна битка со времето за извлекување на преживеаните и лоцирање на преостанатите две лица. Борба со надојдената вода и тешкиот терен Групата останала заробена во пештерата откако ненадејни поројни дождови предизвикале брзо покачување на нивото на водата на самиот влез и во пониските канали, целосно блокирајќи го нивниот излез. Веднаш по пријавувањето на исчезнувањето, лансирана е масовна спасувачка операција во која се вклучени…
Силно невреме проследено со поројни дождови, силен ветер и локална појава на град ја погоди Словенија, предизвикувајќи сериозни штети во повеќе региони низ земјата. Службите за заштита и спасување се на терен на десетици локации каде се справуваат со последиците од хаосот што го остави невремето. Поплавени куќи и паднати дрвја го парализираа сообраќајот Најкритична е состојбата во централниот и источниот дел на земјата, каде за кратко време падна огромно количество дожд. Како резултат на тоа, канализационите мрежи беа преоптоварени, па многу градски улици се претворија во реки, поплавувајќи подруми и приземни простории на станбени и деловни објекти. Орканскиот ветер…
Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето, предупредуваат водечките британски лекари, повикувајќи ги пратениците да се справат со ефектите од времето минато пред екрани врз децата и младите. Академијата на кралските колеџи на лекари подробно го објасни влијанието на социјалните мрежи врз децата во поднесувањето до владината консултација за заштита на децата на интернет што завршува во вторник. Според телото што претставува 23 медицински факултети во Обединетото Кралство и Ирска, опасноста е еднаква со пушењето и неносењето безбедносни појаси во автомобили. „Малку прашања ги обединија толку силно клиничките стручњаци последниве години како влијанието што неограничената изложеност…
Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, а 8 април годинава беа изгласани со огромно мнозинство во Собранието. Во меѓувреме, траеја администеративните процедури за Правилникот подготвен од Министерството за внатрешни работи, со чие денешно објавување во…
Малолетничка и две млади девојки на возраст од 19 и 20 години се повредени во сообраќајна несреќа. Од полицијата информираат дека околу 14:20 часот добиле пријава дека на автопатот Скопје-Велес, на мостот после наплатна станица Сопот, автомобил се превртел на патот. -Патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобилe Л.Ќ. и сопатничките во возилото Е.Ш.(20) и Т.Т.(17), двете од Велес, констатирани во Општа болница Велес, велат од МВР. Известен е јавен обвинител а увид на местото изврши увидна екипа од СВР Велес.
Шпанскиот тенор Хозе Kaрерас доаѓа во Скопје на 1. септември. Владата и Аволон Продукција го соопштија второто големо име покрај Дејвид Гета, со кое продолжува серијата манифестации за одбележување на 35-години од независноста на Македонија. Светската оперска ѕвезда на градскиот плоштад ќе настапи рамо до рамо со најголемите македонски ѕвезди. Настанот ќе го отвори оркестарот на Филхармонја. Потоа ќе настапат домашните ѕвезди Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски, за Kaрерас да ја заокружи манифестацијата. „Сум била досега неколкупати дел од ваквите прослави, со големо задоволство сум настапувала. Сега ми е особено драго…
Полицијата во последните 24 часа евидентирала десет пријави за семејно насилство во повеќе градови низ земјава. Интервенции имало во Скопје, Радовиш, Велес, Охрид, Гостивар и Тетово, а четири лица биле лишени од слобода поради физички напади, закани и семејни расправии. Во Скопје, 34-годишна жена пријавила дека во село во општина Зелениково била физички нападната од нејзиниот 65-годишен свекор, по претходна расправија. На подрачјето на Карпош, полициски службеници го привеле Д.К. (30) од Скопје, откако, според пријавата, физички ја нападнал својата 33-годишна сестра и оштетил дел од покуќнината во домот. Во друг случај во главниот град, 39-годишна жена пријавила дека пред…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, упати сериозни обвинувања до Европската Унија, тврдејќи дека Брисел само симулира желба за дипломатско решение на конфликтот во Украина. Според Москва, европските лидери ја користат реториката за мир како параван, додека во реалноста продолжуваат да го поддржуваат продолжувањето на воените дејствија. Кремљ: Брисел не е искрен во намерите за мир За време на редовниот брифинг со новинарите, Песков јасно стави до знаење дека Русија не гледа вистинска политичка волја од страна на европските претставници за започнување на суштински и конструктивни преговори. „Европската Унија само глуми дека сака да преговара со Русија за Украина. Во реалноста,…
