Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Десет пријави за семејно насилство за 24 часа

    Десет пријави за семејно насилство за 24 часа

    27.05.2026 во 19:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полицијата во последните 24 часа евидентирала десет пријави за семејно насилство во повеќе градови низ земјава. Интервенции имало во Скопје, Радовиш, Велес, Охрид, Гостивар и Тетово, а четири лица биле лишени од слобода поради физички напади, закани и семејни расправии.

    Во Скопје, 34-годишна жена пријавила дека во село во општина Зелениково била физички нападната од нејзиниот 65-годишен свекор, по претходна расправија.

    На подрачјето на Карпош, полициски службеници го привеле Д.К. (30) од Скопје, откако, според пријавата, физички ја нападнал својата 33-годишна сестра и оштетил дел од покуќнината во домот.

    Во друг случај во главниот град, 39-годишна жена пријавила дека пред неколку дена во Кисела Вода била нападната од својот партнер А.А. (38).

    Во радовишко село бил приведен 70-годишен маж, откако било пријавено дека физички ја нападнал својата малолетна внука. За случајот бил известен јавен обвинител, а осомничениот бил задржан во полициска станица.

    Во Велес, 63-годишен маж пријавил дека неговиот 37-годишен син му упатувал закани. Во друг случај, 43-годишна жена од велешко пријавила дека била нападната и заплашувана од својот поранешен сопруг.

    Насилство било пријавено и во Охрид, каде маж физички го нападнал својот 64-годишен татко во семејниот дом.

    Во Гостивар, полицијата го привела З.Ѓ. (71), откако бил пријавен дека физички ги нападнал својот син и снаата.

    Во Тетово бил приведен 72-годишен маж, кој, според пријавата, со тврд предмет ја нападнал својата 66-годишна сопруга.

    Дополнителен случај бил пријавен и во тетовско, каде 70-годишник пријавил дека бил нападнат од својот зет во маркет.

    Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.