Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50
    • Црна Гора го преименува базенот во Котор: Исполнето барањето на Хрватска на патот кон ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УНИЦЕФ: Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата – првата национална проценка повикува на посилни мерки

    УНИЦЕФ: Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата – првата национална проценка повикува на посилни мерки

    29.05.2026 во 10:094 Mins Read
    On 30 March 2023 in Lima, Peru, Micaella Delgado, 8, takes a package of candy from the shelf in a supermarket. She chooses the candies that are displayed at her height.
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во Северна Македонија открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна.

    Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со поддршка од УНИЦЕФ, претставува прв сеопфатен преглед на училишните нутритивни средини во земјата. Во неа се опфатени 40 основни и средни училишта, а учествуваа околу 1.700 ученици.

    Наодите укажуваат на слична состојба во сите училишни средини – кога и да побара детето храна на училиште, нездравата опција е секогаш тука, а здравата честопати ја нема.

    Во отсуство на национална програма за училишна исхрана, многу деца купуваат храна во училишните продавници или од автомати. Истражувањето покажува дека во секое училиште каде што се продава храна (20 проценти од опфатените училишта), сите опции биле нездрави. Освен тоа, речиси сите ученици, кога се на училиште, можат да купуваат храна од блиските продавници, каде што се широко достапни и интензивно се рекламираат засладени пијалаци и ултрапреработени производи богати со масти, шеќер и сол.

    Проценката покажа дека училиштата што обезбедуваат оброци (35 проценти од опфатените училишта) ги почитуваат националните стандарди за исхрана, меѓутоа, нездравата храна често е присутна во училишните ужинки – што укажува на потребата од построги стандарди со кои ќе се воведат ограничувања за нездравата храна.

    Од друга страна, наодите покажуваат силна поддршка меѓу учениците за поздрава нутритивна средина во училиштата. Над 80 проценти поддржуваат обезбедување здрави и хранливи оброци во училиштата, 60 проценти веруваат дека намалувањето на достапноста на нездрава храна во и околу училиштата би им помогнало да направат поздрав избор, а 85 проценти велат дека храната што се продава во училиштата треба да биде со прифатлива цена.

    „Децата растат и учат во средини каде што нездравата храна е широко достапна, видлива и интензивно се рекламира – додека поздравите опции остануваат ограничени“, рече Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија. „Создавањето средини во училиштата со кои се поддржува изборот на здрава храна е од суштинско значење за заштита на здравјето на децата и поддршка на здрави навики во текот на целиот живот.“

    Наодите се надоврзуваат на веќе постоечките докази за предизвиците со исхраната на децата во Северна Македонија, каде што околу една третина од децата на возраст од 7 до 9 години живее со прекумерна тежина или дебелина. Со нив се истакнува влијанието на училишната средина врз секојдневниот избор на храна на децата.

    „Училиштето е средина каде младите се обликуваат, таму учат, растат и градат навики и вредности што ја формираат нивната личност и нивната иднина. Со поддршка од семејствата и во партнерство со УНИЦЕФ и други институции, преку едукација ги охрабруваме учениците да избираат здрави оброци.“ рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска. „Квалитетната исхрана е извор на добро здравје, енергија и виталност, што им овозможува на децата правилен раст и напредок.“

    Во проценката се посочуваат неколку препораки, вклучувајќи зајакнување на постојните стандарди за исхрана за училишни оброци и ужини, подобрување на пристапот до здрави опции, ограничување на достапноста на храна и пијалоци богати со сол, шеќер или масти во училиштата, како и воведување построги мерки за ограничување на маркетингот на ултрапреработена храна и засладени пијалаци.

    „Здравјето и добросостојбата на секое дете зависи од нутритивната средина што секојдневно го опкружува во домот, во училиштето, но и во другите социјални простори каде што се движи, дружи и забавува.  Овие наоди јасно покажуваат дека мора да преземе посилен и координиран институционален одговор за да обезбедиме поздрави, побезбедни и поздрави избори за храна кои ќе бидат достапни и пристапни во и околу училиштата.“ рече министерот за здравство, Азир Алиу. „Со заедничка соработка меѓу различни сектори, можеме да создадеме услови што поддржуваат здрав раст, спречуваат дебелина и овозможуваат поквалитетен живот на децата.“

    Со цел да се поддржи гласот на децата, УНИЦЕФ и партнерите ја започнуваат кампањата #ШтоИмаЗаЈадење, ко-креирана заедно со деца и адолесценти од пет училишта низ земјата.

    Со кампањата се повикува на поздрава училишна исхрана и помала изложеност на реклами за нездрава храна, истакнувајќи едноставна порака: тешко е да се направи здрав избор кога доминираат нездрави опции.

    Како дел од кампањата, сите ученици низ земјата се поканети да учествуваат во предизвикот на социјалните мрежи #ШтоИмаЗаЈадење, да помогнат во подигањето на свеста за реалноста со која децата секојдневно се соочуваат и да поттикнат јавна дискусија за поздрава училишна средина.

    Создавањето поздрава средина за децата бара координирана акција од училиштата, семејствата, општините, креаторите на политики, здравствениот и приватниот сектор. Тоа значи да се обезбеди здравиот избор да биде полесен и подостапен за секое дете.

    Прочитај повеќе

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46

    Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации

    20.10.2026 во 19:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.