Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции

    Милошоски: Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции

    30.05.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во централниот Дневник на Сител телевизија нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ.

    „По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се направат, а притоа таквиот чекор да не однесе во неизвесност и да бидат направени за нешто за коешто не може да ја постигнете целта”, посочи Милошоски и додаде:

    „Ние веќе едни такви уставни измени имавме. Тогаш СДС и ДУИ ги промовираа како уставни измени по однос на уставното име на Република Македонија, дека тоа ќе ги отвори вратите на ЕУ, дека ќе има бесплатно здравство, бесплатни вакцини, стипендии, беше таа една голема кампања, но видовме дека наместо отворање на поглавјата и преговори со ЕУ, ние добивме затворена врата пред нос од страна на Франција, а потоа од и од соседна Бугарија”.

    Милошоски е дециден дека Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции дека ќе се зачува националниот идентитет, јазикот и историската посебност на македонскиот народ.

    „Поучени од тоа искуство, сметаме дека би било лековерно да се оди во уставни измени, а притоа да немате извесност во процесот дека ќе си зачувате своја национална посебност и дека ќе стигнете до целта како полноправна земја членка на ЕУ”, заклучи Милошоски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.