Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е резултат на широк институционален процес

    Алиу: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е резултат на широк институционален процес

    30.05.2026 во 13:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е резултат на широк институционален процес, чија цел е да се обезбеди современо, јасно и спроведливо законско решение во интерес на здравјето на граѓаните, рече министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Владата, на состанок со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на тутунската индустрија и претставници на угостителскиот сектор.

    Министерот за здравство, Азир Алиу појасни дека предлог-законот ја отсликува потребата правната рамка да се усогласи со современата реалност, во која покрај класичните цигари сè повеќе се користат електронски цигари, несогорливи тутунски производи и други форми на употреба на никотин и тутун.

    „Ова не е закон што се носи набрзина, ниту закон што се носи без слушање на засегнатите страни. Напротив, ова е закон што помина низ широка, детална и аргументирана постапка на усогласување“, истакна Алиу.

    Тој информираше дека во изминатиот период, процесот опфати разговори со сите релевантни страни, како и усогласување со институциите задолжени за примена и надзор. Се одржаа седум работни состаноци со претставниците на тутунската индустрија и пет работни состаноци со претставниците на угостителскиот сектор, додека текстот беше разгледуван и со 14 инспекциски и надзорни органи.

    „Преку јавната расправа на ЕНЕР беа разгледани 58 коментари од граѓани, трговци, здруженија и експерти“, нагласи министерот Алиу.

    Тој посочи дека при подготовката на законското решение беше обезбедена и експертска поддршка од Светската здравствена организација, со цел текстот да биде усогласен со јавно-здравствените стандарди и обврските што произлегуваат од Рамковната конвенција за контрола на тутунот.

    „Податоците се недвосмислени и тие се основата на јавно-здравствениот пристап. Тутунот е поврзан со над 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13 проценти од сите смртни случаи во државата“, рече министерот Алиу.

    Тој потсети дека економската загуба од употребата на тутун се проценува на 38 милијарди денари, односно над 600 милиони евра годишно, што претставува околу 5,16 проценти од БДП. Дополнително, меѓу младите на возраст од 13 до 15 години, 13,6 проценти користат тутунски или никотински производи, што е највисока стапка од 2002 година.

    „Ова покажува дека станува збор за прашање на јавно здравје, заштита на децата, заштита на непушачите, заштита на работниците и создавање јасни правила во јавниот простор“, истакна министерот Алиу и додаде дека предлог-законот не го забранува производството, увозот, извозот или продажбата на тутунски производи, туку ја уредува нивната употреба и промоција таму каде што тие можат да влијаат врз здравјето на други луѓе. Со решението се предвидуваат појасни правила за затворените простори, терасите, рекламирањето, промоцијата, надзорот и заштитата на децата.

    „Денес можеме да кажеме дека пред нас имаме текст што е резултат на комплексен процес на слушање, аргументирање и усогласување. Овој закон ги штити оние кои најмалку можат да се заштитат сами  – децата, вработените и непушачите“, порача министерот Алиу.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.