- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез изјави дека минува низ емотивни моменти додека се подготвува за заминувањето на своите 18-годишни близнаци од дома. Латиноѕвездата ги има ќерка ѝ c и синот Макс Дејвид од поранешниот брак со латинопејачот Марк Антони. За време на гостувањето во емисијата „Џими Кимел во живо“, Лопез емотивно зборуваше за преселбата на нејзините деца во студентски дом. Како што истакна, ова претставува „голема пресвртница и крај на една ера“ за неа. – Тие ќе одат во различни училишта. Тоа е во ред, бидејќи сакам да бидат среќни, да одат каде што сакаат и да прават што сакаат.…
Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што моментално се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот развој и отворање нови работни места. „Навистина е задоволство што денеска презентираме проекти кои што се поддржани од Владата, преку буџетот на општината и програмата на Светска банка, во вредност од некаде 1,2 милиони евра, што претставува една значајна поддршка за Општина Новаци“, изјави…
Иран нема да одобри никаков договор со САД сè додека неговите права не бидат целосно гарантирани, изјави денеска претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Бакер Галибаф, шеф на тимот на Техеран во преговорите со Вашингтон. – Нема да одобриме никаков договор сè додека не бидеме сигурни дека правата на иранскиот народ се целосно гарантирани, рече Мохамад Бакер Галибаф во видео емитувано на државната телевизија. Иако се чинеше дека двете земји се приближуваат кон договор во последните денови, „Њујорк тајмс“ објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го заострил својот предлог и испратил нова верзија на текстот до Техеран. Според веб-страницата „Аксиос“, Трамп сака…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русите само оваа недела лансирале повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против украинскиот народ. „Во текот на оваа недела, Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против нашиот народ. Сите овие напади беа насочени едноставно кон обична цивилна инфраструктура, т.е. станбени згради и енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс. Според него, се прават секојдневни напори за обезбедување поголема заштита од „рускиот терор“.
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни.Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар.Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето…
Осум лица загинаа, а 33 се повредени во автобуска несреќа во западна Турција, што се случи рано изутрината, јавија турските медиуми. Меѓу загинатите е и деветмесечно бебе и возачот на автобусот. Автобусот удрил во заштитната ограда на автопатот во турската покраина Денизли, а потоа се запалил. Превезувал 38 патници и тројца вработени во автобуска компанија на линија од градот Измир до Анталија. Вчера беше последниот ден од муслиманскиот празник Курбан Бајрам, забележуваат агенциите и додаваат дека во овој период често има голем број сообраќајни несреќи поради густиот сообраќај.
Жител на Дебар бил уапсен откако бил фатен како вози пијан и тоа без возачка дозвола. -Полициски службеници во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци, велат од МВР. Притоа утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај.
Бандата предводена од Мицкоски ќе одговара и ќе ги враќа парите, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање за целите и активностите на Фронтот за слобода и правда. Филипче порача дека крајната цел на Фронтот е заминување на Владата на ВМРО, враќање на државата на европскиот пат и одговорност за криминалното владеење на ВМРО. „Крајната цел ќе биде оваа криминална власт да замине, да ја ослободи државата, да се вратиме на европскиот пат, а бандата водена од Христијан Мицкоски да одговара и да враќа пари. Притоа, тоа значи дека во меѓувреме окрупнуваме“, рече Филипче. Во…
Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, истакнувајќи дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во транспортот на стоки. Според Николоски, воведувањето на железничката линија е резултат на потребата од алтернативен и побрз превоз во периодот кога се реализира изградбата на автопатот Прилеп-Битола. „Имајќи предвид дека се гради…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на седмиот изборен Конгрес на НСДП. Во изјавата пред почетокот на Конгресот, Филипче нагласи дека партнерството со НСДП е потврда за заедничките вредности и политики кои двете партии ги споделуваат и ја истакна важноста на долгогодишната коалициска соработка меѓу СДСМ и НСДП. „Им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја дава НСДП долги години наназад. Тоа е доказ дека навистина споделуваме еднакви исти вредносни политики“, рече Филипче. Воедно, Филипче посочи дека соработката продолжува и во рамки на Фронт за слобода и правда, кој останува отворен за…
