Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, а веќе се градт и првите две фабрики

    Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, а веќе се градт и првите две фабрики

    31.05.2026 во 15:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што моментално се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот развој и отворање нови работни места. 

    „Навистина е задоволство што денеска презентираме проекти кои што се поддржани од Владата, преку буџетот на општината и програмата на Светска банка, во вредност од некаде 1,2 милиони евра, што претставува една значајна поддршка за Општина Новаци“, изјави Николоски. 

    Тој посочи дека во индустриската зона се инвестираат околу 40 милиони денари со поддршка од Владата, дополнети со средства од општината, со цел создавање нов простор за развој на стопанството и отворање нови работни места. 

    „Ова треба да претставува нова индустриска зона не само за Новаци, туку и за општините кои што гравитираат околу Новаци и илјадници луѓе да си ги најдат работните места и среќата тука“, рече Николоски. 

    Тој му честиташе на градоначалникот за визијата и упорноста во реализацијата на проектот, посочувајќи дека инфраструктурата околу индустриската зона е веќе завршена, а сега започнува изградбата на внатрешната инфраструктура во зоната. 

    “Првите две фабрики од лесната незагадувачка индустрија веќе се градат. Драго ми е што веќе сите парцели се продадени, што се најавени и нови инвестиции кои што ќе се рализираат”, додаде вицепремиерот Николоски. 

    Паралелно, преку проект што се реализира со поддршка на Светска банка, во општината се инвестираат дополнителни 520.000 евра за рехабилитација и изградба на улици, а до крајот на годината Николоски најави и поддршка за нови проекти подготвени од локалната самоуправа. 

    -Разговаравме со градоначалникот до крајот на годината да излеземе со поддршка за уште еден до два проекти кои што ги има спремни општината, што е надвор од она што се вика редовни средства и активности на општината. Ако на ова се додаде дека интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, ова ќе значи едно целосно заживување за Општина Новаци и ќе продолжиме да ја поддржуваме општината секаде онаму каде што можеме, истакна Николоски.

    Прочитај повеќе

    Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните

    24.10.2026 во 14:04

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.