- СДСМ до Митева: Македонија чувствувa забрзување во пропаст
- Митева: Нема мешање во правосудството, но нема ниту толеранција за корупцијата
- Министерството за транспорт ја заврши една од главните артерии во Кочани
- Инцидентот во Ла Манш е знак на нервоза кај Русите
- Трамп од самитот на Г7: САД наскоро повторно воведуваат санкции за руската нафта
- Митева: Водиме дипломатија со интегритет
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Го вратив сјајот на фонтаните во Скопје
- Полицијата однесе 15 лица зад решетки: Сите возеле без дозвола
Author: Author 03
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(58) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување’’. Во декември 2024 година во комбе со кое вршел превоз на патници, во момент кога немало никој друг во комбето, пријавениот извршил полови дејствија врз 15-годишна малолетничка од тетовско.
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествува на престижната седница на Заедничкиот консултативен комитет (JCC) што се одржува во Брисел, во рамките на Европскиот комитет на регионите. На овој значаен настан присуствуваат високи претставници на локалните и регионалните власти како од земјите членки на Европската Унија, така и од државите кои се кандидати за членство. Како што информираат од Општина Чаир, во фокусот на годинешната седница се процесот на европска интеграција, размената на добри пракси и зајакнувањето на соработката меѓу единиците на локалната самоуправа. Посебен акцент е ставен на улогата што општините ја имаат во директното спроведување на реформите на…
„На предлог на ВМРО-ДПМНЕ беа изгласани црвени линии, односно резолуција за црвени линии, во коишто ние како Република Македонија, како држава, нема да преговараме во делот на идентитетот, јазикот, културата и историјата, која што само за некој месец СДС ја прегазија со оној договор за добрососедство со Бугарија во којшто треба да вметнеме Бугари во Уставот“, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Манасиевски се осврна на барањето за внесување на Бугарите во Устав и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став по однос на тоа прашање, односно, како што рече, државата…
Под влијание на нестабилна воздушна маса, времето во земјава утре ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на некои места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Граѓаните треба да подготват чадори, особено во попладневните часови кога облачноста ќе се зголеми на територијата на целата држава. Прогноза по региони и температури Утринските температури ќе се движат во интервал кој ќе донесе свежо утро, додека максималните дневни температури ќе забележат благ пад во однос на претходните денови. Какво ќе биде времето во Скопје? Во…
На само 47 години почина Един Авдиќ, најпознатиот спортски коментатор на Балканот. Веста за неговата смрт ги потресе бројните пријатели, познаници и спортски работници, кои се простија од него со емотивни пораки на социјалните мрежи. Со години работеше како коментатор за ТВ Арена Спорт, беше препознатлив по своите коментари за натпреварите заедно со Ненад Костиќ. Особено е запаметен по легендарниот пренос на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина против Литванија и познатото „од паркингот“. Един Авдиќ почина на 47-годишна возраст, а причината за смртта сè уште е непозната. Роден е во 1979 година во Сараево, а своите први спортски чекори…
Односите меѓу клучните арапски земји и Иран влегуваат во нова фаза на сериозно заострување. Според најновите дипломатски сигнали и реакции во регионот, кај дел од арапските престолнини владее огромен бес кон Техеран, поттикнат од континуираното иранско мешање во внатрешните работи на соседните држави и поддршката на милитантните групи ширум Блискиот Исток. Видеата и извештаите кои кружат во регионалните медиуми јасно го отсликуваат незадоволството на арапскиот свет, кој бара итна промена во стратегијата на Иран и почитување на суверенитетот на државите. Што ја прели чашата во односите? Главен извор на фрустрација за арапските коалиции е таканаречената „Оска на отпорот“ која ја…
„Кога Социјалдемократскиот сојуз зборува за криминал, добро е да ја потсетиме јавноста дека во ИО на СДС моментално има криминалец, тоа е господинот Филип Андов нарекуван Сокол. Значи, повторно ќе кажам член на ИО на СДС моментално е во затвор, е осуден за злоупотреба на службена положба, и е член на највисокото, наголемото извршно тело на СДС“, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Манасиевски посочи дека во раководството на СДС моментално има криминалец кој е осуден за злоупотреба на службена положба и моментално е во затвор. Тој се осврна и…
Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство. Двајцата пациенти се во стабилна состојба. -Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои повторно имаат шанса. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него,…
Оператори со храна свесно ги доведуваат во заблуда потрошувачите преку продажба на производи чиј состав не одговара на наведеното на самите декларации, покажаа најновите анализи на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Примероците со недозволени состојки, како растителни масти, се лоцирани главно во млечната и месната индустрија. Гостувајќи во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, Светлана Колариќ од АХВ информираше дека по налог на директорот на Агенцијата, во март биле спроведени засилени инспекции низ малопродажната мрежа во Скопје. Притоа, инспекторите зеле вкупно 91 мостра, поделени на 45 примери од млечни производи и млеко и 46 од сувомеснати производи. Колариќ детално ги…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изрази надеж дека тековниот состанок на либанските и израелските официјални лица во Вашингтон, на кој се разговара за мировен план, ќе резултира со заедничка изјава и акциски план. Најновата, четврта рунда разговори, која е насочена кон прекин на борбите меѓу Израел и милитантното проиранско движење Хезболах во Либан и постигнување долгорочен мир, почна вчера и би требало да заврши денеска. Преговорите меѓу двете земји, кои немаат дипломатски односи и кои официјално се во војна од 1948 година, продолжија во американскиот Стејт департмент. Израел почна напади врз Хезболах на почетокот на март, кога милитантната група,…
