Author: Author 03

Најавениот луксузен туристички проект на островот Сазан и на полуостровот Зврнец во Албанија, зад кој стои Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, предизвика сериозни бранувања во албанската јавност. Локалното население и еколошките организации излегоа на протести, изразувајќи загриженост за уништување на заштитените природни подрачја. На ваквите реакции остро одговори албанскиот премиер Еди Рама, кој застана во одбрана на инвестицијата и ги обвини критичарите за организирана кампања против државните интереси. Рама: Протестите се „хибриден напад“ врз туризмот Албанскиот премиер не штедеше зборови за да ги нападне оние кои се противат на милионскиот проект. Според него, зад незадоволството стојат политички…

Повеќе

Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума синоќа ја имаше својата американска премиера на филмскиот фестивал „Трајбека“ во Њујорк. Ова е прво македонско кинематографско остварување што е дел од програмата на овој фестивал. Како што соопштуваат од ПР тимот на филмот, проекцијата се одржала пред преполна сала на Менхетен, во рамките на фестивалот чиј основач е Роберт де Ниро. По прикажувањето на филмот, се одржала долга сесија на прашања и одговори, во која присутните упатиле пофалби за режисерката. Во фокусот на дискусијата со Дума биле нејзината работа со актерската екипа и начинот на кој е…

Повеќе

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски ” и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет. Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови. Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата. Но, највозбудливиот дел од посетата следеше во дворот, каде што разговараа со претседателката. Опкружена со стотици љубопитни погледи и кренати раце, таа одговараше на прашања врзани за детството…

Повеќе

Околу 50 лица ангажирани со договор за дело на Клиниката за детски болести излегоа на мирен протест пред Министерството за финансии. Медицинскиот и административно-техничкиот персонал реагираат дека од Нова година немаат земено ниту денар, а покрај исплатата на заостанатите плати за пет месеци, бараат и конечно решавање на нивниот работен статус. Проблемот е дополнително комплициран бидејќи вработените годинава немале потпишано никаков договор. Иако редовно оделе на работа, дури во април пристигнало негативно мислење од надлежните за нивниот понатамошен ангажман на Клиниката. Што велат револтираните работници? Претставници на незадоволните вработени по средбата во Министерството за финансии изјавија дека добиле само ветување…

Повеќе

Познатиот американски актер Џејмс Хенди (81), препознатлив по своите улоги во култните филмови како „Џуманџи“ и „Топ Ган: Маверик“, е трагично убиен пред својот дом во населбата Тарзана, северозападно од Лос Анџелес. Според официјалните информации од полицијата, инцидентот се случил во средата наутро кога итните служби пронашле маж во несвесна состојба со убодна рана во пределот на градите. Актерот веднаш бил пренесен во болница, каде што набрзо била констатирана смрт. Шокантен повик до брзата помош: „Го убив човекот на гревот“ Она што ја шокираше јавноста е фактот дека самиот убиец се јавил на телефонскиот број за итни случаи (911) за…

Повеќе

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко усогласување и миграција на податоците се појавија одредени непредвидени предизвици, кои предизвикаа пролонгирање на обработката на податоците и, следствено, доцнење на исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за неколку…

Повеќе

Македонија се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде променливо облачно и значително нестабилно. Во текот на денот, а особено во попладневните часови, на повеќе места ќе има развој на нестабилност проследена со: Температурите ќе се движат во интервал од минимални 9 до 16 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 21 до 29 степени. Какво ќе биде времето во Скопје? Во главниот град се очекува слично променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во делови од скопската котлина процесите ќе бидат поинтензивни. Жителите на Скопје треба…

Повеќе

Страв кај едни, грижа кај други. Додека граѓаните реагираат на глутниците кучиња низ град, прифатилиштата се преполни, а решението не е ни на подвидок. 138 заловени улични кучиња во април, 122 во мај. Јавното претпријатие Лајка веќе работи со преполн капацитет. Има можност да згрижи 140 кучиња, но таму веќе се наоѓаат 180. Залови, стерилизирај, вакцинирај, врати на улица за 20-тина дена. Вака вели законот. Но, сепак постојат кучиња кои со години се чуваат во шелтерот како питбули и шарпланинци, бидејќи како што вели директорот тие не можат едноставно да се вратат на улица, мора да бидат вдомени од лица…

Повеќе

Меѓународната вселенска станица (МВС) се соочува со сериозен предизвик откако е регистрирано зголемено истекување на воздух во рускиот сектор, поточно во тунелот за трансфер на модулот „Ѕвезда“. Ситуацијата е дотолку сериозна што НАСА го подигна нивото на ризик на највисоко рамниште, а астронаутите веќе ги применуваат протоколите за итна евакуација во случај на катастрофален дефект. Проблемот со микропукнатините датира уште од 2019 година, но во последно време количината на изгубен воздух драстично се зголеми, достигнувајќи загуба од околу еден килограм воздух дневно. Различни ставови меѓу НАСА и Роскосмос Иако двете вселенски агенции соработуваат за да го решат проблемот, тие не…

Повеќе

Светската здравствена организација (СЗО) подготви сеопфатен шестмесечен план со цел да се запре ширењето на еболата. За реализација на оваа стратегија ќе бидат одделени 518 милиони долари, соопшти денеска генералниот директор на организацијата, Тедрос Аданом Гебреисус. Имплементацијата на амбициозниот план започнува веднаш овој месец и предвидено е да трае до ноември. Во неговата реализација активно ќе бидат вклучени и Африканските центри за контрола и превенција на болести. Директорот на СЗО потенцираше дека стратегијата не се гради од почеток, туку се потпира на стекнатите искуства: „Не почнуваме од нула, овој план се базира на претходните епидемии и здравствени кризи од изминатите…

Повеќе