- 5 активни пожари во државата – пожарникарите храбро се борат со стихиите
- Ер трактор гасне во Велес – пожарот беснее близу затворот
- Седуммесечно бебе оставено на клупа во парк во Скопје
- СДСМ: Официјалниот и неофицијалниот резултат на владата на Мицкоски е 0
- Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
- Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија
- Муцунски се сретна со британската колешка: Во фокусот – спроведувањето на Договорот Влада со Влада
- Градоначалникот објави видео од промените кои ги реализирал во метрополата
Author: Author 03
Македонија се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде променливо облачно и значително нестабилно. Во текот на денот, а особено во попладневните часови, на повеќе места ќе има развој на нестабилност проследена со: Температурите ќе се движат во интервал од минимални 9 до 16 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 21 до 29 степени. Какво ќе биде времето во Скопје? Во главниот град се очекува слично променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во делови од скопската котлина процесите ќе бидат поинтензивни. Жителите на Скопје треба…
Страв кај едни, грижа кај други. Додека граѓаните реагираат на глутниците кучиња низ град, прифатилиштата се преполни, а решението не е ни на подвидок. 138 заловени улични кучиња во април, 122 во мај. Јавното претпријатие Лајка веќе работи со преполн капацитет. Има можност да згрижи 140 кучиња, но таму веќе се наоѓаат 180. Залови, стерилизирај, вакцинирај, врати на улица за 20-тина дена. Вака вели законот. Но, сепак постојат кучиња кои со години се чуваат во шелтерот како питбули и шарпланинци, бидејќи како што вели директорот тие не можат едноставно да се вратат на улица, мора да бидат вдомени од лица…
Меѓународната вселенска станица (МВС) се соочува со сериозен предизвик откако е регистрирано зголемено истекување на воздух во рускиот сектор, поточно во тунелот за трансфер на модулот „Ѕвезда“. Ситуацијата е дотолку сериозна што НАСА го подигна нивото на ризик на највисоко рамниште, а астронаутите веќе ги применуваат протоколите за итна евакуација во случај на катастрофален дефект. Проблемот со микропукнатините датира уште од 2019 година, но во последно време количината на изгубен воздух драстично се зголеми, достигнувајќи загуба од околу еден килограм воздух дневно. Различни ставови меѓу НАСА и Роскосмос Иако двете вселенски агенции соработуваат за да го решат проблемот, тие не…
Светската здравствена организација (СЗО) подготви сеопфатен шестмесечен план со цел да се запре ширењето на еболата. За реализација на оваа стратегија ќе бидат одделени 518 милиони долари, соопшти денеска генералниот директор на организацијата, Тедрос Аданом Гебреисус. Имплементацијата на амбициозниот план започнува веднаш овој месец и предвидено е да трае до ноември. Во неговата реализација активно ќе бидат вклучени и Африканските центри за контрола и превенција на болести. Директорот на СЗО потенцираше дека стратегијата не се гради од почеток, туку се потпира на стекнатите искуства: „Не почнуваме од нула, овој план се базира на претходните епидемии и здравствени кризи од изминатите…
Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот. Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање прецизни одговори на сите прашања на корисниците на е-дневникот. Всушност четботот обезбедува поефикасна и побрза обработка и структурирање на документација, со што, креира сеопфатна база на знаење за користење на…
Официјално започна реализацијата на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“, чија главна цел е зголемување на отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија во услови на климатски промени и енергетски кризи, преку модернизација на нивното работење и унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните. На настанот поздравни обраќања имаа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер, и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Во рамките на втората панел-дискусија учествуваше директорот на ЈКП „Водовод“ – Битола, Андреј Гинов, кој зборуваше за потребата од дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија и за идните развојни…
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.Д.(35) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.05.2026 во кругот на Општа болница Струмица, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин.
Европската Унија е заглавена со прашањето за забрана на поморските услуги за руските нафтени танкери. Затворањето на Ормутскиот Теснец, молкот на сојузниците од Г7 и противењето на Грција и Малта ја направија секоја промена на политиката речиси невозможна, известува Еуроњуз. Официјалните претставници и дипломатите во Брисел стануваат сè попесимистични во врска со шансите за воведување целосна забрана на поморските услуги за руските танкери, бидејќи и внатрешните и надворешните фактори работат против овој амбициозен предлог. Тоа нема да се случи“, изјави без двоумење за медиумот еден дипломат. Забраната беше одобрена кон крајот на април како дел од 20-тиот пакет санкции насочени…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Либан е со години нападнат и во конфликт, нагласувајќи дека би било добро земјата конечно да има шанса за мир. Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп оцени дека Либан често се третира како „аутсајдер“, и покрај тоа што со години страдал од регионални конфликти и нестабилност, објави 4news.mk „Либан е нападнат толку многу години. Би било убаво кога таа земја конечно би можела да живее во мир“, рече Трамп. Тој исто така изјави дека разговарал за моменталната ситуација со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и со претставници на Хезболах, како дел од напорите…
Актерот Руперт Еверет (67) откри дека трпи сериозни последици од мускулната градба што некогаш се обидувал да ја постигне. Актерот глумеше во неколку популарни филмови во 1990-тите, вклучувајќи го и „My Best Friend’s Wedding“ од 1997 година, во кој глумеше заедно со Џулија Робертс. Тогаш, Еверет сакал да изгледа, според негово мислење, „идеално“, па затоа вложил многу време во градење на својата фигура и подобрување на својата форма.Сепак, сето ова, вели тој, го чинело скапо во подоцнежните години. „Се уништив себеси. Сега сум речиси инвалид поради тоа. Никогаш не ме интересираше да правам сите тие работи, како истегнување, што беа…
