Close Menu
Press24
    Најново

    Граѓаните реагираат, прифатилиштата се преполни: Како да се намали бројот на кучиња скитници?

    05.06.2026 во 18:06

    Аларм на Меѓународната вселенска станица: Астронаутите се подготвуваат за можна евакуација

    05.06.2026 во 17:50

    Шестмесечна офанзива против еболата: СЗО издвојува милиони за да го запре вирусот

    05.06.2026 во 17:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Граѓаните реагираат, прифатилиштата се преполни: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
    • Аларм на Меѓународната вселенска станица: Астронаутите се подготвуваат за можна евакуација
    • Шестмесечна офанзива против еболата: СЗО издвојува милиони за да го запре вирусот
    • АИ Чет бот и за електронскиот дневник
    • Официјално започна реализацијата на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“
    • СДСМ: ЕУ има расположение за проширување, но уставните измени се задолжителни
    • (ФОТО) Мицкоски  задоволен од средбите со Макрон и Мерц во Тиват:  Процесот на проширување е жив
    • Рокас за француско-германскиот нон-пејпер: Тоа е обид да се забрза процесот на зачленување за Западен Балкан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Граѓаните реагираат, прифатилиштата се преполни: Како да се намали бројот на кучиња скитници?

    Граѓаните реагираат, прифатилиштата се преполни: Како да се намали бројот на кучиња скитници?

    05.06.2026 во 18:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Страв кај едни, грижа кај други. Додека граѓаните реагираат на глутниците кучиња низ град, прифатилиштата се преполни, а решението не е ни на подвидок. 

    138 заловени улични кучиња во април, 122 во мај. Јавното претпријатие Лајка веќе работи со преполн капацитет. Има можност да згрижи 140 кучиња, но таму веќе се наоѓаат 180. 

    Залови, стерилизирај, вакцинирај, врати на улица за 20-тина дена. Вака вели законот. Но, сепак постојат кучиња кои со години се чуваат во шелтерот како питбули и шарпланинци, бидејќи како што вели директорот тие не можат едноставно да се вратат на улица, мора да бидат вдомени од лица кои знаат да ги дресират. 

    На пример, во Загреб како успешен модел се покажал Законот кој налага ветеринарите да ги чипираат сите кучиња кои доаѓаат кај нив. 

    „Сите се тргнати од улица бидејќи не се означени со чип. Во ЕУ задолжително мора да се означат со чип сите кучиња, следни ќе бидат и мачките. Така да, сите ветеринари мораат да го означат секое животно и на толку лесен начин го решивме проблемот со кучињата скитници“, изјави Татјана Зајец, директор на прифатилиште за бездомни животни Думовец, Загреб.

    Кај нас ваков закон има од 2018 година – дека секој сопственик треба да си го чипира кучето. Но, казните за негово непочитување се премногу мали, ценат експертите и треба да бидат поголеми за да функционира. 

    „За жал бројот на сопственици со микрочипирани кучиња е многу мал, некаде околу 50 проценти од вкупната бројка на кучиња во градовите не се микрочипирани“, изјави проф. Влатко Илиески, Факултет за веринарна медицина. 
    Вкупниот број на кучиња во државата, мора да се знае и пред да може да се отпочнат какви било иницијативи, меѓу кои и градење на гробишта за домашни миленици. 

    Лани биле вдомени 30% од кучињата, но Лајка очекува годинва да ја заокружи со над 2.000 заловени кучиња – што е двојно повеќе од лани. Се подготвуваат и измени на Законот во однос на добивање оштета при каснување на куче, бидејќи праксата покажува дека сите спорови се во корист на каснатите граѓани без притоа да се изврши контрола за конкретните случаи.

    Додека надлежните тешко се справуваат со проблемот, дел од активистите сами се обидуваат да им го олеснат животот на бездомните кучиња…што пак предизвикува револт кај други граѓани дека обидот да се реши еден создава нов проблем со хигената. 

    Габриела Лескова

    Прочитај повеќе

    АИ Чет бот и за електронскиот дневник

    05.06.2026 во 17:24

    Официјално започна реализацијата на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“

    05.06.2026 во 17:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.