Author: Author 03

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му испратил директно писмо на рускиот претседател Владимир Путин, со конкретен предлог за одржување на итна средба на која би се ставил крај на долготрајниот воен конфликт меѓу двете земји. Овој потег претставува редок и директен обид за дипломатска комуникација на највисоко ниво, во период кога воените дејствија на теренот сè уште не стивнуваат, а меѓународната јавност бара излезно решение од кризата. Директен повик за мир Во содржината на писмото, Зеленски отворено ја нагласува потребата од соочување на преговарачката маса за да се запрат натамошните страдања и да се финализира мировниот процес. Наместо индиректни пораки преку…

Повеќе

Градежните активности за обнова на Универзалната сала во Скопје се во тек, се работи на челичната конструкција и на санирање на минималните штети од пожарот, по што ќе следува поставувањето на инсталациите и на фасадата. Ова го потврди министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во гостувањето на 4ТВ, уверувајќи ја јавноста дека објектот ќе биде максимално стабилен. „Новата челична конструкција е апсолутно безбедна, објави 4news.mk Таа е за 10 пати постабилна и побезбедна од претходната која Универзална сала ја имаше со децении. Проектирана е наменски, за да може без проблем да ја издржи тежината на новата фасада, но и…

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше по одлуката на црногорските власти за депортација на неколку српски државјани од Тиват. Тој остро ги отфрли обвинувањата дека протераните лица претставувале безбедносна закана или дека биле вклучени во криминални активности. Инцидентот, кој дополнително ги подгреа политичките тензии на релација Белград-Подгорица, се случи откако црногорската полиција донесе решение за протерување на група српски државјани, под сомнение дека нивниот престој не бил соодветно регулиран или бил поврзан со нелегални структури. Вучиќ: Се прави непотребна драма Според српскиот претседател, црногорските безбедносни служби претерале во својата реакција и од обичен административен случај направиле политички спектакл. Тој нагласи дека…

Повеќе

Лидерот на либанското шиитско движење Хезболах упати остар апел до официјалните либански власти, повикувајќи ги веднаш да стават крај на преговорите со Израел кои се водат под покровителство на САД, нарекувајќи ги политичка „шарада“. Одлуката на Хезболах официјално му била пренесена на либанскиот претседател Џозеф Аун, кој претходно изјави дека земјата чека одговор во однос на нацрт-договорот за примирје. Со овој потег, милитантната група поддржана од Иран, која не учествуваше директно во досегашните преговори, јасно ги дефинираше своите црвени линии за каков било иден прекин на огнот. Клучните услови за мир Според соопштението на организацијата, парцијални решенија кои зависат само…

Повеќе

Денес на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците успешно ги поминавме во прво читање два исклучително важни закони – Законот за високите раководители во јавната администрација и Законот за соодветна и правична застапеност, вели Љупчо Пренџов. -Дополнително, Комисијата донесе одлука за организирање јавна расправа по Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, со што овозможуваме широк и инклузивен процес во кој ќе бидат слушнати мислењата и аргументите на сите засегнати страни. Продолжуваме посветено со реформската агенда. Резултатите се видливи и препознаени. Не е случајно што Европската Унија констатира дека Македонија во овој период реализира најмногу реформи меѓу…

Повеќе

На 03.06.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријави дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар, во канцеларијата влегла нејзината колешка Н.С., која воедно била и нејзина претпоставена и агресивно се однесувала и ѝ упатила закани. Според пријавеното, Н.С. во тој момент упатила закани и навреди и кон вработената А.А., која што била истуркана од канцеларијата од страна на Н.С, по што реагирало и обезбедувањето на установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во Дневникот на Алсат телевизија, каде истакна дека Собранието не треба да ја ограничува дебатата околу Законот за правична застапеност. Тој порача дека потребно е нешто ново, а не истата алатка од претходно, нешто кое што како што вели тој, ќе биде модерно и ќе го рефлектира она кон што Македонија се стреми, да биде европска држава, а истовремено ќе го исполнува уставното начело на правична застапеност во земјава. ,,Тоа е барање на опозицијата. Тие излегоа на самиот Комитет со свое барање, начинот на како ќе се гласа, со каков бадентер овој закон.…

Повеќе

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите добија три министерски места, а другите пет ресори му припаднаа на Нова Словенија и на Фокус. Јанша е роден на 17 септември 1958 година, а првпат беше премиер 2004 до 2008 година. Вториот премиерски мандат го извршуваше од…

Повеќе

Унгарија и Украина постигнаа значаен напредок во преговорите за правата на унгарското малцинство во регионот Закарпатија. Ова прашање со години социјално и политички ги оптоваруваше односите меѓу двете земји, а Будимпешта го користеше како главна кочница за евроинтеграциите на Киев. Според официјалните соопштенија од двете страни, усогласен е пакетот со измени кои се однесуваат на образованието и употребата на мајчиниот јазик за унгарското малцинство во Украина. Со ова се исполнуваат клучните барања на Владата на Виктор Орбан, што директно го отвора патот за понатамошен напредок на Украина кон Европската Унија. „Постигнавме договор за клучните точки што ги засегаат правата на…

Повеќе

За првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа. Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година, информираше на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски. Овој избор е потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел. Тоа е признание за трудот на нашата активната дипломатија и за довербата што ја градиме со нашите партнери. Во изминатиот период Македонија стана…

Повеќе