Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Ни треба модерно решение за правична застапеност што ќе одговара на европски стандарди

    Петрушевски: Ни треба модерно решение за правична застапеност што ќе одговара на европски стандарди

    04.06.2026 во 20:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во Дневникот на Алсат телевизија, каде истакна дека Собранието не треба да ја ограничува дебатата околу Законот за правична застапеност. Тој порача дека потребно е нешто ново, а не истата алатка од претходно, нешто кое што како што вели тој, ќе биде модерно и ќе го рефлектира она кон што Македонија се стреми, да биде европска држава, а истовремено ќе го исполнува уставното начело на правична застапеност во земјава.

    ,,Тоа е барање на опозицијата. Тие излегоа на самиот Комитет со свое барање, начинот на како ќе се гласа, со каков бадентер овој закон. Претседателот на комисијата тоа барање им го удоволи и мислам дека е добро. Не треба да бегаме од дебата. Собранието е домот на демократијата и не треба да се преземаат мерки кои што ќе значат ограничување на дебатата, дури и тоа да не било пракса“, вели Петрушевски.

    Тој посочи дека во минатото постоеле примери кога се избегнувале дебати за општествени проблеми. Според него, дебатата во Комитетот за односи меѓу заедниците се претворила во дневнополитичка полемика, со дневнополитички фолклор и не била суштинска, а како што вели тој, на ВМРО-ДПМНЕ  му е важно да се исполни намената за која што се носи еден закон.

    ,,Да имаме правична застапеност во Република Македонија. Тоа е суштината на носење на овој закон. Дневниот политички фолклор имаат можност партиите да го водат и преку прес-конференциите од своите штабови. Не слушнав конкретен предлог, со којшто би се подобрил текстот на законското решение, коешто исто така се носи во еден инклузивен процес, за кое што исто така имаме добиено позитивно мислење. Се надевам и сум убеден дека ова законско решение ќе биде подобро, од она коешто го имавме претходно, а тоа е дека ние немавме претходно законско решение“, истакнува Петрушевски.

    Тој потенцираше дека претходно постоела само алатка, за која сегашната опозиција, на 23 јуни 2023 година, на седница на влада, како што вели тој, побарала да биде тргната, затоа што го изминала времето и не била ефикасна.

    ,,Тоа законско решение, односно не е ни закон туку некаква алатка, е измината како  ефектива. Ни треба нешто ново, коешто ќе биде модерно, ќе рефлектира она кое што ние сакаме да бидеме, а тоа е европска држава и ќе го исполни уставното начело на правична застапеност во Република Макеоднија“, заврши Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.