- Трамп од самитот на Г7: САД наскоро повторно воведуваат санкции за руската нафта
- Митева: Водиме дипломатија со интегритет
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Го вратив сјајот на фонтаните во Скопје
- Полицијата однесе 15 лица зад решетки: Сите возеле без дозвола
- Предложен притвор за мажот што ги запали автомобилите на бугарската амбасада
- Шефот на амбасадата на Македонија повикан на разговор во бугарското МНР за палењето на автомобилите
- Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија
- 5 активни пожари во државата – пожарникарите храбро се борат со стихиите
Author: Author 03
Лидерот на либанското шиитско движење Хезболах упати остар апел до официјалните либански власти, повикувајќи ги веднаш да стават крај на преговорите со Израел кои се водат под покровителство на САД, нарекувајќи ги политичка „шарада“. Одлуката на Хезболах официјално му била пренесена на либанскиот претседател Џозеф Аун, кој претходно изјави дека земјата чека одговор во однос на нацрт-договорот за примирје. Со овој потег, милитантната група поддржана од Иран, која не учествуваше директно во досегашните преговори, јасно ги дефинираше своите црвени линии за каков било иден прекин на огнот. Клучните услови за мир Според соопштението на организацијата, парцијални решенија кои зависат само…
Денес на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците успешно ги поминавме во прво читање два исклучително важни закони – Законот за високите раководители во јавната администрација и Законот за соодветна и правична застапеност, вели Љупчо Пренџов. -Дополнително, Комисијата донесе одлука за организирање јавна расправа по Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, со што овозможуваме широк и инклузивен процес во кој ќе бидат слушнати мислењата и аргументите на сите засегнати страни. Продолжуваме посветено со реформската агенда. Резултатите се видливи и препознаени. Не е случајно што Европската Унија констатира дека Македонија во овој период реализира најмногу реформи меѓу…
На 03.06.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријави дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар, во канцеларијата влегла нејзината колешка Н.С., која воедно била и нејзина претпоставена и агресивно се однесувала и ѝ упатила закани. Според пријавеното, Н.С. во тој момент упатила закани и навреди и кон вработената А.А., која што била истуркана од канцеларијата од страна на Н.С, по што реагирало и обезбедувањето на установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во Дневникот на Алсат телевизија, каде истакна дека Собранието не треба да ја ограничува дебатата околу Законот за правична застапеност. Тој порача дека потребно е нешто ново, а не истата алатка од претходно, нешто кое што како што вели тој, ќе биде модерно и ќе го рефлектира она кон што Македонија се стреми, да биде европска држава, а истовремено ќе го исполнува уставното начело на правична застапеност во земјава. ,,Тоа е барање на опозицијата. Тие излегоа на самиот Комитет со свое барање, начинот на како ќе се гласа, со каков бадентер овој закон.…
Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите добија три министерски места, а другите пет ресори му припаднаа на Нова Словенија и на Фокус. Јанша е роден на 17 септември 1958 година, а првпат беше премиер 2004 до 2008 година. Вториот премиерски мандат го извршуваше од…
Унгарија и Украина постигнаа значаен напредок во преговорите за правата на унгарското малцинство во регионот Закарпатија. Ова прашање со години социјално и политички ги оптоваруваше односите меѓу двете земји, а Будимпешта го користеше како главна кочница за евроинтеграциите на Киев. Според официјалните соопштенија од двете страни, усогласен е пакетот со измени кои се однесуваат на образованието и употребата на мајчиниот јазик за унгарското малцинство во Украина. Со ова се исполнуваат клучните барања на Владата на Виктор Орбан, што директно го отвора патот за понатамошен напредок на Украина кон Европската Унија. „Постигнавме договор за клучните точки што ги засегаат правата на…
За првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа. Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година, информираше на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски. Овој избор е потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел. Тоа е признание за трудот на нашата активната дипломатија и за довербата што ја градиме со нашите партнери. Во изминатиот период Македонија стана…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар. Во фокусот на средбата беше положбата на Ромите, потребата од унапредување на нивните права и можностите за споделување добри практики. Сиљановска-Давкова посочи дека Ромите се важен дел од македонското општество и значаен фактор на неговиот културен и демократски развој. Соговорниците разговараа за предизвиците со коишто се соочуваат Ромите, особено во образованието, вработувањето и борбата против дискриминацијата. Претседателката укажа дека овие прашања бараат континуирана посветеност и заедничко дејствување на институциите,…
Русија засега не гледа знаци дека ЕУ може да понуди разумни предлози за преговори поврзани со Украина, изјави заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (ПМЕФ), пренесе ТАСС. – Европа во целата оваа шема на преговори воопшто не фигурира. Не фигурира токму поради својата непријателска и деструктивна позиција кон Русија – изјави Галузин. Тој додаде дека Москва не е затворена за дијалог. – Доколку Европа има некакви конструктивни и разумни идеи, треба да ги изнесе и да ни ги предложи. Тогаш ќе видиме дали тие идеи заслужуваат внимание. Засега не се забележуваат…
Необичен и сериозен инцидент се случил на аеродромската писта каде што бил стациониран авион на германската авиокомпанија „Луфтханза“ (Lufthansa). Додека леталото било цврсто паркирано, од засега неутврдени причини дошло до откачување на предниот дел од конструкцијата на авионот, при што се повредени неколку членови на екипажот кои во тој момент се наоѓале внатре. Видеото од местото на настанот веднаш се прошири на социјалните мрежи, прикажувајќи ја штетата на леталото додека околу него интервенираат дежурните аеродромски служби. Како дошло до повреда на екипажот во паркиран авион? Following a gear collapse at the gate in Frankfurt, Lufthansa 787-9 D-ABPQ has been significantly…
