Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Скејтбордингот не е за девојчиња“ премиерно прикажан во Њујорк

    „Скејтбордингот не е за девојчиња“ премиерно прикажан во Њујорк

    05.06.2026 во 18:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума синоќа ја имаше својата американска премиера на филмскиот фестивал „Трајбека“ во Њујорк. Ова е прво македонско кинематографско остварување што е дел од програмата на овој фестивал.

    Како што соопштуваат од ПР тимот на филмот, проекцијата се одржала пред преполна сала на Менхетен, во рамките на фестивалот чиј основач е Роберт де Ниро. По прикажувањето на филмот, се одржала долга сесија на прашања и одговори, во која присутните упатиле пофалби за режисерката. Во фокусот на дискусијата со Дума биле нејзината работа со актерската екипа и начинот на кој е постигната филмската автентичност.

    Ова е втор долгометражен игран филм на Дина Дума, по нејзиното дебитантско остварување „Сестри“. Филмот е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, а продуцентка е Лабина Митевска. Сценариото е дело на Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноаром, додека во главните улоги настапуваат Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула.

    Кинематографското дело е копродукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, а копродуценти се Себастиен Делуа, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, фондот „Еуримаж“, програмата „Креативна Европа МЕДИА“, како и од националните и регионалните фондови на земјите копродуценти

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.