Close Menu
Press24
    Најново

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цели пет месеци оставени се без плати: Вработени во здравство излегоа на протест

    Цели пет месеци оставени се без плати: Вработени во здравство излегоа на протест

    05.06.2026 во 18:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Околу 50 лица ангажирани со договор за дело на Клиниката за детски болести излегоа на мирен протест пред Министерството за финансии. Медицинскиот и административно-техничкиот персонал реагираат дека од Нова година немаат земено ниту денар, а покрај исплатата на заостанатите плати за пет месеци, бараат и конечно решавање на нивниот работен статус.

    Проблемот е дополнително комплициран бидејќи вработените годинава немале потпишано никаков договор. Иако редовно оделе на работа, дури во април пристигнало негативно мислење од надлежните за нивниот понатамошен ангажман на Клиниката.

    Што велат револтираните работници?

    Претставници на незадоволните вработени по средбата во Министерството за финансии изјавија дека добиле само ветување за проверка на случајот, но не и конкретно решение.

    „Ни кажаа дека ќе видат каде е проблемот во процесот од почеток, што се случило, зошто е вратено негативно. Зошто толку време е одолговлечена оваа работа“, изјави Седат Буши, работно ангажиран на Клиниката за детски болести.

    Неговата колешка дополнува дека сè уште се во мрак околу причините за ваквата ситуација:

    „Некои викаат не е листата поднесена добро, не знаеме што е проблемот. Немаме никаков одговор конкретно“, изјави Фљора Гаши, исто така работно ангажирана на Клиниката.

    Меѓу оние кои протестираат и си ги бараат заработените пари, има и такви кои со години работат во оваа јавна здравствена установа без трајно решение.

    „Која е логиката, работиме во здравство, а немаме здравство. Идеме на работа за да добиеме решение. Има колешки што со договор работат 8 години“, рече Седат Буши.

    Финансии се повикува на законите, Клиниката предупредува на колапс

    Од Министерството за финансии кратко одговорија дека ги сослушале барањата на договорците, но нагласуваат дека тие само ги следат законските процедури:

    „Во рамки на своите надлежности, Министерството по секое доставено барање од буџетски корисник кое се однесува на нови вработувања, ангажирање или трансформација на работен однос постапува и доставува известување во законски утврдениот рок, согласно Законот за буџети“, велат од Финансии.

    Од друга страна, раководството на Клиниката за детски болести застана во одбрана на своите работници. Оттаму тврдат дека сите потребни барања за ангажманот на договорците биле поднесени навреме. Клиниката алармира дека овој персонал им е неопходен, бидејќи доколку тие си заминат, сериозно ќе биде нарушено нормалното и секојдневно функционирање на целата установа.

    Прочитај повеќе

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.