Close Menu
Press24
    Најново

    Се огласија од министерството: Правиме реформи во системот – парите ќе ви доцнат

    05.06.2026 во 18:18

    Аларм од УХМР: Локално невреме со град и силен ветер ќе ја зафати Македонија

    05.06.2026 во 18:15

    Граѓаните реагираат, прифатилиштата се преполни: Како да се намали бројот на кучиња скитници?

    05.06.2026 во 18:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се огласија од министерството: Правиме реформи во системот – парите ќе ви доцнат
    • Аларм од УХМР: Локално невреме со град и силен ветер ќе ја зафати Македонија
    • Граѓаните реагираат, прифатилиштата се преполни: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
    • Аларм на Меѓународната вселенска станица: Астронаутите се подготвуваат за можна евакуација
    • Шестмесечна офанзива против еболата: СЗО издвојува милиони за да го запре вирусот
    • АИ Чет бот и за електронскиот дневник
    • Официјално започна реализацијата на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“
    • СДСМ: ЕУ има расположение за проширување, но уставните измени се задолжителни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се огласија од министерството: Правиме реформи во системот – парите ќе ви доцнат

    Се огласија од министерството: Правиме реформи во системот – парите ќе ви доцнат

    05.06.2026 во 18:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа.

    Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко усогласување и миграција на податоците се појавија одредени непредвидени предизвици, кои предизвикаа пролонгирање на обработката на податоците и, следствено, доцнење на исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за неколку дена.

    -Сакаме да ги увериме сите корисници дека нивните права се целосно обезбедени и дека исплатата ќе биде реализирана веднаш по завршувањето на неопходните технички усогласувања. Надлежните служби работат интензивно на надминување на состојбата и на целосно ставање во функција на новиот систем, се вели во соопштението од Министерството.

    Оттаму ги замолуваат граѓаните за разбирање и трпение во овој преоден период, имајќи предвид дека станува збор за процес кој долгорочно ќе овозможи побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за сите корисници.

    Министерството, нагласуваат, останува посветено на модернизацијата на системот на социјална и детска заштита и навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни активности. 

    Прочитај повеќе

    Аларм од УХМР: Локално невреме со град и силен ветер ќе ја зафати Македонија

    05.06.2026 во 18:15

    Граѓаните реагираат, прифатилиштата се преполни: Како да се намали бројот на кучиња скитници?

    05.06.2026 во 18:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.