Author: Author 04

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ги координираа финалните подготовки за пуштање во функција на системот „Safe City“. Проектот треба да донесе поголема дисциплина на улиците и заштита на јавниот имот.Воведуваме ред, безбедност и модерен сообраќај – градот Скопје ќе има клучна улога во Сејф Сити системот, истакна Ѓорѓиевски. Денес одржавме значаен координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, како и со експерти од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на Сејф Сити системот, посочи Ѓорѓиевски. „Градот Скопје ќе има силна и активна улога во…

Повеќе

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд…

Повеќе

Град Скопје од денеска започна со постапка за присилна наплата на долговите за данок на имот за 2021 година. Како што информираат од градската администрација, веќе се изготвени и доставени решенија за забрана на средства до деловните банки за 16.372 даночни обврзници, додека преостанатите 23.209 решенија ќе бидат испратени до крајот на неделава. Според официјалните податоци, долгот по овој основ не го подмириле 37.655 физички лица и 1.926 правни лица, а вкупната вредност на неплатените обврски изнесува над 148 милиони денари. Од Градот потсетуваат дека јавниот повик за доброволно подмирување беше упатен уште во декември, по што 830 обврзници ги…

Повеќе

Вчера во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Фатих Улусој, на која беа разгледани можностите за унапредување и продлабочување на билатералната соработка, со посебен фокус на областа на животната средина. На средбата, министерот Хоџа изрази искрена благодарност за долгогодишната и континуирана поддршка што Република Турција ѝ ја дава на Република Северна Македонија уште од нејзиното осамостојување, потенцирајќи ја важноста на партнерството меѓу двете земји во реализацијата на заеднички иницијативи и проекти. Соговорниците разговараа и за претстојниот Форум за води, кој ќе се одржи на 5 и…

Повеќе

Денес, во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари официјална средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој. На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка во повеќе области од заемен интерес, при што беше истакната важната улога на Република Турција како членка на НАТО и нејзиниот придонес во зачувувањето на мирот и стабилноста, како на регионално, така и на глобално ниво, особено во делот на безбедноста. Исто така, беа разгледани можностите за продлабочување на економската соработка и зголемување на турските инвестиции во земјата, кои се очекува да се…

Повеќе

Утрово во 03:15 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода И.Ј.(39) од Турција, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, кое го управувал. Тој е предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Повеќе

Во импровизираната судница во затворот „Идризово“, денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Преживеаните гости и вработени пред судот ги опишаа моментите на ужас кога во објектот, каде животот го загубија 63 лица, настанал хаос и стампедо. Сведокот Мартин Китанов раскажа дека бил притиснат од толпата и губел здив. „Се сетив на моите две деца и добив сила да продолжам да дишам, додека луѓе се обидуваа да ме извлечат“, рече тој. Слично искуство сподели и Иван Данаилов, кој опиша како луѓето паѓале едни преку други на излезните скали, додека Тоше Трендафилов сведочеше за тешките физички повреди и…

Повеќе

Вчера во 18:12 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода П.М.Ф.Б.(29) од Камерун, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил туѓа француска лична карта, која евидирала како предмет на потрага од Интерпол. По извршената проверка констатирано е дека тој бил регистриран во Прифатниот центар- Визбегово, а изјавил дека француската лична карта ја набавил од едно лице од Скопје за сума од 1000 евра. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Повеќе

Министерството за внатрешни работи ја објави листата на прекршоци кои се санкционираат преку системот „Безбеден град“, како и висината на предвидените глоби. Целта на овој проект е зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите. За пребрзо возење во населено место, казните се движат од 15 евра за надминување до 10 km/h, па сè до 300 евра и забрана за управување до една година за оние кои возат над 30 km/h од дозволеното. Надвор од населено место, казните се движат од 20 до 300 евра. Поминувањето на црвено светло чини 250 евра и губење на дозволата до една…

Повеќе