Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: После Нова Година не знам од каде ќе најдат пари за плати и пензии

    28.10.2026 во 11:57

    (ФОТО) Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер, студентите безбедно евакуирани

    28.10.2026 во 11:50

    Апсење во Гевгелија: Пронајдени марихуана и муниција при претрес на две локации

    28.10.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: После Нова Година не знам од каде ќе најдат пари за плати и пензии
    • (ФОТО) Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер, студентите безбедно евакуирани
    • Апсење во Гевгелија: Пронајдени марихуана и муниција при претрес на две локации
    • Хоџа ги претстави петте модули од иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“
    • Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија
    • Страшно невреме се заканува и на Турција
    • Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување
    • Барале стари лица, ги убивале па ги ограбувале: Тројца осомничени за две убиства во скопско Ѓорче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерот Хоџа на средба со амбасадорот Улусој: Македонија и Турција ја зајакнуваат соработката за животната средина

    Министерот Хоџа на средба со амбасадорот Улусој: Македонија и Турција ја зајакнуваат соработката за животната средина

    26.01.2026 во 16:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Фатих Улусој, на која беа разгледани можностите за унапредување и продлабочување на билатералната соработка, со посебен фокус на областа на животната средина.

    На средбата, министерот Хоџа изрази искрена благодарност за долгогодишната и континуирана поддршка што Република Турција ѝ ја дава на Република Северна Македонија уште од нејзиното осамостојување, потенцирајќи ја важноста на партнерството меѓу двете земји во реализацијата на заеднички иницијативи и проекти.

    Соговорниците разговараа и за претстојниот Форум за води, кој ќе се одржи на 5 и 6 мај годинава во Истанбул, со учество на министрите за животна средина од земјите на Западен Балкан, како и за одржувањето на 31-вата Конференција на страните (COP31), најзначајниот глобален самит за климатски промени под покровителство на Обединетите нации, кој ќе се одржи во Анталија, Република Турција.

    На крајот од средбата, министерот Хоџа изрази уверување дека билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Турција ќе продолжи да се развива, придонесувајќи кон зајакнување на меѓусебните односи и интензивирање на размената на знаења и искуства од заеднички интерес.

    Прочитај повеќе

    Филипче: После Нова Година не знам од каде ќе најдат пари за плати и пензии

    28.10.2026 во 11:57

    (ФОТО) Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер, студентите безбедно евакуирани

    28.10.2026 во 11:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.