- Штипјанка ги пријавила синовите во полиција: Психички и физички ме малтретираат
- Апсења во Скопје
- Тажна вест: Почина Самка Ибраимовски
- УХМР: Измерени 2 степени во 16 часот во Македонија
- Авион на „Визер“ вондредно слета во Будимпешта по дојава за бомба
- Владина делегација предводена од Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком – се разговараше за нови инвестиции и дигитализација
- Клековски: 24.000 лица со деменција во Македонија, а до 2050 година бројката може тројно да се зголеми – се разгледуваат нови терапии
- Ѓорѓиевски: Ветивме и исполнуваме, пристигна првата пратка бесплатни униформи за сите ученици од прва година
Author: Author 04
Седум лица го загубија животот, а еден член на екипажот е тешко повреден откако приватен авион се урна на аеродромот Бангор во американската држава Мејн. Несреќата се случила во неделата навечер, во моменти кога регионот беше погоден од невидена снежна бура која предизвика хаос низ целата земја. Според Федералната администрација за воздухопловство (FAA), деловниот авион од типот „Bombardier Challenger 600“ се урнал при полетување и веднаш се запалил. „На аудио-снимката од контролата на летање се слушна удар околу 45 секунди откако авионот доби дозвола за полетување. Првите реагирачи пристигнаа помалку од една минута подоцна“, изјави директорот на аеродромот, Хозе Сааведра.…
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година до 23.01.2026 година, во угостителски објект во валандовското село Јосифово, неовластено заради продажба држел 121,40 грама марихуана, 751,99 грама хашиш и 37,44 грама мешавина од хашиш и марихуана. Дрогата била спакувана во најлонски и книжни омоти ставени во пластична кофа со капак под работната иноксна маса во објектот. Полициски службеници пронашле и една пластична вага со остатоци од наркотична дрога. Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре ќе оствари работна посета на Општина Гази Баба, каде ќе присуствува на почетокот на неколку значајни инфраструктурни проекти. Според агендата, во 11:00 часот премиерот ќе го означи почетокот на градежните активности за реконструкција на улицата „Петре Филиповски-Гарката“ во населбата Триангла. Веднаш потоа, во 11:20 часот, Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен-темелник за нова спортска сала во основното училиште „Григор Прличев“ во населбата Железара. По завршувањето на активностите во училиштето, предвидено е премиерот да даде изјава за медиумите во врска со новите проекти во општината.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража, соопшти вечерва АМСМ. Оттаму дополнуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но, како што велат, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. – Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, наведува АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со…
Кога дури ни сопствените пратеници не му се појавуваат на седница што ја води Венко Филипче, прашањето веќе не е дали во СДСМ има внатрешен конфликт, туку колку е длабок, вели Бране Петрушевски , пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Денес, на Националниот совет за евроинтеграции, каде се презентираа приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ, од СДСМ немаше ниту еден присутен пратеник, истакна Петрушевски. Петрушевски прашува дали со бојкотот на Филипче пратениците на СДСМ испраќаат порака до јавноста и европските партнери? Очигледно, последниот Конгрес на СДСМ предизвика поголеми поделби, наместо обединување, како што вели Филипче.
Унгарија ќе покрене судска постапка за поништување на регулативата за постепено укинување на увозот на руски гас до 1 јануари 2027 година, која беше усвоена од земјите на Европската Унија порано денес, објави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. „Доколку не можеме да купиме сурова нафта и гас од Русија, сметките за енергија на домаќинствата ќе се зголемат тројно, а фабриките може да се соочат со тешкотии поради зголемувањето на цените“, рече Сијарто, според новинската агенција MTI. Според него, регулативата што го овозможи REPowerEU, односно ставањето крај на зависноста на ЕУ од руската енергија, ги заобиколува регулативите на ЕУ,…
СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 20.10.2025, пријавениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка, по што извршил четири успешни трансакции на два банкомати во Штип, при што одзел вкупно 31.300 денари.
Владата во Белград денеска ја усвои изменетата Одлука за формирање на Координативно тело за процесот на пристапување на Србија кон Европската унија. Станува збор за нов оперативен тим кој ќе го сочинуваат претставници на највисоко државно ниво. Главната улога на ова тело ќе биде координирање на забрзаното спроведување на сите обврски од европската агенда. Како што соопштија од српската влада, задачата на тимот е да обезбеди стратешки насоки и политичка координација за навремено решавање на клучните прашања во преговорите. Овој тим ќе функционира како директна врска помеѓу донесувањето одлуки на највисоко ниво и оперативното управување со процесот. Министерството за европски…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се обрати на настанот „Соларен ден – чиста енергија во пракса“, организиран од Агенцијата за иновации и научно- технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, по повод 26 јануари –Меѓународниот ден на чистата енергија.Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека одбележувањето на Меѓународниот ден на чистата енергија претставува силен потсетник за заедничката одговорност, но и за стратешката можност што ја има државата во процесот на енергетската транзиција кон одржлив, сигурен и модерен енергетски систем.„Соларната енергија денес е еден од најважните столбови на националната енергетска транзиција. Македонија има сериозен сончев потенцијал и…
Комисијата за одбрана и безбедност денеска одржа работна средба со претставник на Министерството за одбрана, Елај Калиф, и амбасадорката Вивиен Аисен на Државата Израел, на која се дискутираше за соработката во областа на одбраната и безбедноста. Посебен акцент беше ставен на соработката во рамките на НАТО, како и на размената на искуства и добри практики од областа на одбраната.Претставникот на Министерството за одбрана на Државата Израел ги презентираше глобалните безбедносни тенденции кои влијаат врз Израел, како и можностите за соработка со земјите од Балканот и Балтикот. Во тој контекст, беше истакната потребата од започнување структуриран дијалог во областа на одбраната…
