- Прпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над милион евра
- Малолетници се претепале во близина на основно училиште во Ѓорче Петров
- Напад во средно училиште во Скопје: Малолетник претепал 18-годишник, па со другарите му се заканувале
- Инцидент кај клучка Хиподром: Му го попречиле патот, па двајца излегле од автомобил и го нападнале
- Драма во Карпош: Татко се заканувал на малолетната ќерка по телефон, па се појавил пред врата и почнал да тропа
- Удрил во бандера и излетал од патот: Тешко повреден млад возач од Велешта
- Куманово: Нудел помош за подигање пари од банкомат, па им крадел дел од парите
- Исчистени речиси 27 километри канали во Илинден: Општината ги надмина првичните планови за заштита од поплави
Author: Author 04
Скопското Кале, еден од најголемите симболи на главниот град, конечно ќе биде ставено во функција на уметниците и граѓаните. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за култура Зоран Љутков и истакнати стручњаци, денеска извршија увид на локалитетот со цел негово целосно активирање.Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот, истакна Ѓорѓиевски.Градоначалникот на Град Скопје истакна дека денес, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, извршиле обиколка и детален увид на локалитетот Скопско Кале, со цел јасно да ја согледаат актуелната состојба…
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар. Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирскакај кој е…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.Д.(55) од Јосифово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против З.М.(51) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Второпријавениот З.М. во текот на 2022 година дал полномоштво на друго лице за продажба на неговиот недвижен имот, иако претходно имал изјава дека нема да отуѓува, заложува или друг начин го дава на располагање без писмена согласност на ремитентот (кредит), по што лицето склучило договор за продажба на недвижен имот со неговиот татко, а преку нотар било…
По речиси две децении во бегство, правдата го стигна 52-годишниот Бесим Ш., кој се бараше со меѓународна потерница за едно од најсвирепите злосторства во скопско. Во спектакуларна акција на албанските специјални единици во Тирана, македонскиот државјанин е лишен од слобода во рамките на полициската операција „Оперативна полиција“. Бесим Ш. е главниот осомничен за крвавиот настан од 5 октомври 2007 година во селото Копаница, кога со огнено оружје беа ликвидирани тројца граѓани. Тој со години вешто ги избегнуваше органите на редот, криејќи се во албанската метропола со лажен идентитет и фалсификувани косовски документи.При претресот во неговиот стан во Тирана, биле пронајдени…
Вчера во 13:40 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода K.К.(30) од Турција. Тој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, во октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето и му ветил дека ќе му посредува за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати преку трансакциска сметка му биле исплатени паричните средства. Откако К.К. престанал да му се јавува, оштетениот пријавил во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 11:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(77) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од Скопје дека ја допирал по телото. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во недела во 15:50 часот во СВР Скопје, В.П.(29) од Скопје пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во автобус сопственост на приватна фирма, бил физички нападнат од возачот и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, С.С.(36) од с.Сарај, скопско пријави дека околу 12:40 часот во спортската сала од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.П.(48) од Скопје, наставник во училиштето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Владината делегација на Република Македонија, предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, учествуваше на Светскиот економски форум во Давос, кој претставува најголемиот глобален настан за директна комуникација помеѓу владите и бизнис-заедницата, како и за поврзување на компаниите меѓусебно. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување во „Тема на денот“ на Сител истакна дека форумот е конципиран како клучна платформа за дискусии за трговијата, економијата и енергетиката, како и за следење на најновите глобални трендови, но и за остварување непосредни контакти меѓу владите и деловната заедница. „Нашиот фокус како владина делегација беше јасен – економија, трговија, бизнис…
На 25.01.2026 во 15:10 часот на место викано „Бреза“ во атар на село Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода З.С.(57), З.С.(27), М.С.(23) и М.Ј.(41), сите од село Бузалково. При преглед на трактор, управуван од 57-годишниот З.С., биле пронајдени и одземени ловечка пушка и три патрони. Исто така, извршен е и преглед на патничко возило „лада нива“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот З.С., а сопатници биле М.С. и М.Ј., при што се пронајдени и одземени 16 ловечки патрони и други предмети. На 26.01.2026, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје…
