- Две години ја следел и вознемирувал: Кривична пријава за 40-годишен маж
- Повреден е режисерот Мајкл Ман, случајно си пукал во нога
- Туск го обвини Навроцки за блокирање на Уставниот суд
- Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате
- Спасени десет лица во поплавите на грчките острови Самос и Родос
- Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди
- Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца
- Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите ја нагласуваат растечката закана
Author: Author 04
Владата е во секојдневна комуникација со Брисел за решавање на проблемот со системот 90/180 дена кој ги блокираше превозниците, но не сме задоволни од брзината со која ЕУ реагира, порача министерот Тимчо Муцунски. Тој откри дека македонската дипломатија веќе координира заеднички настап со министрите од Србија, Црна Гора, Албанија и БИХ за да се спречи економски колапс во регионот. „Ова прашање е подигнато на највисоко ниво, директно до Урсула фон дер Лајен. ЕУ мора да покаже искреност – ако сакаат интеграција на Балканот, не смеат да дозволат мерки кои ќе ги уништат синџирите на снабдување“, изјави Муцунски. Министерот нагласи дека…
Обилните врнежи од дожд кои го зафатија струмичкиот регион предизвикаа поплавување на земјоделски површини и дворови во селата Муртино и Сачево, но состојбата полека се става под контрола. Од Регионалниот ЦУК Струмица информираат дека нивото на реките се стабилизира, вклучително и критичната река Тркања која вчера преливаше на влезот во градот. Градоначалникот Петар Јанков потврди дека екипите на „Комуналец“ и приватна механизација работеле цела ноќ на критичните точки во Муртино за да се спречат поголеми штети. Слична драма се одвивала и во општина Босилово, каде градоначалникот Ристо Манчев информираше дека со брза реакција кај Моноспитовскиот мост е спречено излевање на…
Изминатиот ден помина со серија тешки сообраќајни незгоди во кои настрадаа пешаци. Според информациите од МВР, три жени се здобиле со тешки телесни повреди откако во нив удриле возила и мотоцикл во три различни градови низ државата.На 26.01.2026 околу 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(60) од Скопје, удрило во пешакот Б.К.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 59-годишната Б.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа…
Мицкоски го честиташе Свети Сава: Наследството на светителот е темел на образованието и заедништвото
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати срдечна честитка до српскиот народ по повод големиот духовен и национален празник Свети Сава. Во својата порака, премиерот истакна дека овој ден е симбол на мудроста и државотворноста, вредности кои се инспирација за изградба на праведно општество. „Наследството на Свети Сава претставува темел врз кој се изградени вредностите на образованието, верата и културата. Нека пораките на овој голем светител придонесат за заемна почит и дијалог“, порача Мицкоски. Тој додаде дека празникот треба да послужи како поттик за понатамошно унапредување на пријателските односи и соработката меѓу народите.
Синоќа кај Свети Николе беше спроведена спектакуларна полициска акција во која е пресечен голем меѓународен синџир за трговија со дрога. Припадници на САЕ „Тигар“ и Одделот за организиран криминал при МВР успеаја да запленат околу 200 килограми марихуана, објави порталот МКД.мк. Шемата на криминалната група била добро осмислена: дрогата била сокриена во автомобил со швајцарски ознаки, кој бил качен на шлеп-служба со македонски таблички за да не предизвика сомнеж. Целиот транспорт имал и возило „чистач“ кое се движело напред за да сигнализира евентуални полициски контроли. Сепак, оперативците на МВР ја следеле групата и ги пресретнале сите три возила истовремено.
Изминатите 24 часа донесоа обилни врнежи низ земјава, при што најкритично беше во Крива Паланка со 39 литри на квадратен метар и Виница со 26 литри. Додека градовите се соочуваат со дожд, планинските центри побелеа – на Попова Шапка веќе се измерени 31 сантиметар снег, а таму е и најстудено со -3 степени. Денеска не очекува слично време. Претежно облачно, со дожд во пониските и снег на повисоките места во источните делови. Попладне се очекува делумно разведрување во западна Македонија. Максималните температури ќе се движат од 9 до 12 степени, додека во Скопје ќе биде облачно со дожд и температура…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 20.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,721%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,433% и кај мазутот зголемувањето е за 0,569%. Од 27.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС –…
Вчера во 15:30 часот на бул. „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Н.А. (37) од Скопје. При преглед на неговото возило пронајдени се две патнички торби во кои имало марихуана. На 27.01.2026 во 00:10 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Х. (21) од Тетово, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во гостувањето на Топ Тема порача дека учество во Владата има една цел – да биде коректор на политиките и гаранција дека реформите ќе се спроведуваат во интерес на граѓаните и државата. „Во Владата влеговме со јасни услови. Првиот и клучен услов беше ДУИ да биде надвор од Владата – како главен кочничар на реформските процеси заедно со СДСМ“ – истакна Минчев. ЗНАМ има активна корективна улога во повеќе чувствителни области: вработувањата во јавната администрација, употребата на дигиталната алатка „Балансер“, примената на знамето на етничките заедници и заштитата на државните симболи. Партијата…
Секојдневно на виделина излегуваат нови факти дека на СДС и Венко Филипче за време на 7 годишното владеење приоритет не им биле граѓаните туку сопствените лукративни цели и интересите на тесен круг луѓе блиску до врхушката на СДС како и бизнис зделките договорени со менторот Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во низата афери најскандалозен е случајот со планот на Филипче и Заев за преземање на болницата Жан Митрев кој во јавноста доби потврда и од самиот доктор Жан Митрев. Филипче и Заев имале точно разработен план како да ја преземат болницата Жан Митрев. Класичен модел на делување на кланот Заеви и…
