Author: Author 04

Најмалку 89 лица се повредени, од кои 11 директно, откако силен гром удри за време на политички собир во поддршка на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во Бразилија. Инцидентот се случил на плоштадот „Прака до Крузеиро“ додека приврзаниците го чекале пристигнувањето на федералниот претставник Николас Фереира. Според информациите од локалните власти, пожарникарите интервенирале на лице место, а 47 лица биле итно пренесени во болница. Иако повеќето се пуштени на домашно лекување, седуммина остануваат во болница во стабилна состојба. Видеата објавени на социјалните мрежи го забележале застрашувачкиот момент на ударот среде силен дожд.

Повеќе

Белата куќа денеска упати остри критики до лидерите на Демократската партија во Минесота, обвинувајќи ги за „намерен отпор“ кој доведе до трагичниот инцидент во кој федерални агенти убија 37-годишен маж во Минеаполис. Портпаролката Каролин Ливит изјави дека претседателот Доналд Трамп не сака насилство на улиците, но бара итен прекин на „хаосот“ насочен против неговата политика за депортација. И покрај претходните жестоки препукувања, Трамп на својата мрежа „Truth Social“ објави дека остварил позитивен разговор со демократскиот гувернер Тим Волц. Претседателот истакна дека двајцата се на „слична бранова должина“ за намалување на криминалот и најави дека неговиот главен оперативец за имиграција, Том…

Повеќе

Неколку делови на Грција денеска беа погодени од екстремни количини воден талог кој надмина 100 литри на метар квадратен, особено во североисточниот дел на земјата и на Пелопонез. Националната опсерваторија „Метео“ предупредува дека невремето е придружено со невообичаено висок интензитет на грмежи. Сателитските снимки откриваат дека во текот на денот Грција била буквално прекриена со електрични празнења, чиј број достигнал над 43.000 до доцните попладневни часови. Обилните дождови и силните молњи го отежнаа сообраќајот, а метеоролошките станици продолжуваат да бележат рекордни нивоа на врнежи за овој период од годината.

Повеќе

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма истакна дека Предлог-законот за висока раководна служба претставува клучен реформски чекор во насока на департизација, професионализација и зајакнување на мерит-системот во јавната администрација. „Овој закон не е изолиран случај, туку дел од поширок реформски пакет што го спроведуваме – заедно со Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор. Целта е јасна, да ставиме крај на партизацијата, непотизмот, вработувањата по партиски и други клучеви и да воведеме систем заснован на знаење, квалитет и професионален интегритет“ – нагласи Минчев. Тој потенцираше дека силната политичка волја…

Повеќе

Дека на СДС соопштенијата им ги пишува Башановиќ и неговиот ПР тим, во невнимание на СДС тоа им излезе на површина, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Не им замеруваме, навистина во недостиг на аргументи, политика и визија, се занимаваат со работи кои не им се нивна работа. Разликата е едноставна, Мицкоски си има заработено на чесен и транспарентен начин, а Заев и Филипче и нивните пајташи, дојдоа на власт, ја укродоа државата и си се амнестираа од одговорност. До следно соопштение од Србија, размислете зошто имате само 460 делагати на конгрес од 740“, стои во соопштението.

Повеќе

Огромна база на податоци со најави за стотици услуги, која со месеци стоела незаштитена на интернет, предизвика паника кај безбедносните експерти. Се проценува дека се компромитирани дури 149 милиони сметки, вклучувајќи ги услугите на Google, Instagram и Netflix, но и домени поврзани со владини и образовни институции. Најголемиот ризик лежи во е-пошта сметките. Експертите предупредуваат дека откако хакерите ќе преземат контрола врз е-поштата, тие лесно можат да ги ресетираат лозинките за социјалните мрежи, услугите за стриминг, па дури и за финансиските апликации. Ова често води до целосно губење на дигиталниот идентитет и финансиски измами. Криминалните групи користат автоматизирани системи кои…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во вечерашното гостување на ТВ Сител предупреди на сериозни економски последици доколку Европската унија ги воведе најавените мерки за македонските превозници и извозници на челик. Според неговите проценки, штетата би била енормна и би ги поништила придобивките од европската помош. „Доколку се примени мерката кон нашите превозници и тарифите врз челичната индустрија, ние ќе платиме цена која ќе биде четири до шест пати повисока од средствата што би ги добиле од Планот за раст“, истакна Муцунски. Тој додаде дека е неприфатливо земјите од Западен Балкан да се ставаат во иста група…

Повеќе

Цената на суровата нафта порасна за осум проценти од почетокот на јануари, достигнувајќи вредност над 66 долари за барел. Ваквиот скок е директна последица на проблемите со снабдувањето од Казахстан, но и на сериозните закани за напади на САД врз Иран, велат извори од Вашингтон за „Ројтерс“. И покрај турбуленциите, групата ОПЕК+ планира во март да ја потврди одлуката за паузирање на нормализацијата на снабдувањето. Ова значи дека клучните извозници, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Русија, нема да пуштат дополнителни количини нафта на пазарот во текот на првиот квартал од 2026 година, со цел да се одржи стабилноста на цените…

Повеќе

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска упати сериозно предупредување до европратениците, истакнувајќи дека Украина се соочува со најтешката зима во последната деценија. Руте побара од Европската унија да не поставува престроги услови за користење на заемот од 90 милијарди евра наменет за безбедноста на Киев. „Ве повикувам да обезбедите флексибилност и да не бидете премногу рестриктивни со правилата ‘купувај европско’“, порача Руте во Европскиот парламент. Тој објасни дека иако Европа ја гради својата одбранбена индустрија, во моментов таа не може да обезбеди ниту приближно доволно опрема за потребите на Украина. Според шефот на Алијансата, безбедноста на Украина е безбедност…

Повеќе

Полицијата во Бијело Поље поднесе кривична пријава против С.Б. поради сомнение дека се обидел да убие куче скитник и го ранил својот брат, соопшти Полициската управа (ПД). „Постапувајќи по информации дека лице со повреда на бутот претрпело залутана рана од огнено оружје дошло во болницата во Бијело Поље за медицинска помош, полициските службеници од Бијело Поље презедоа итни мерки и дејствија и, врз основа на оперативните активности на терен, го решија овој инцидент и поднесоа кривична пријава против едно лице“, се вели во полициското соопштение. Како што наведоа, поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност, бидејќи ова дело…

Повеќе