Author: Author 04

Европската Унија мобилизира итна помош за Украина во вредност од 3,7 милиони евра, откако масовните руски напади врз енергетската мрежа оставија милиони цивили без греење на температури од -10 степени. Како што пренесува ДПА, новата пратка содржи 447 генератори кои се од критично значење за преживување на зимата. Комесарката на ЕУ, Хаџа Лахиб, упати остри критики кон Москва, нагласувајќи дека нападите се намерно насочени да го скршат украинскиот дух преку лишување од основните услуги во најстудениот период од годината. Генераторите се наменети за болниците, прифатилиштата и клучните државни служби кои мора да останат функционални и покрај постојаните ракетирања.

Повеќе

Во СВР Велес синоќа било пријавено дека во 19:45 часот на Детското одделение во Општа болница Велес било донесено починато шестогодишно дете од Градско, кое имало здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, информираат попладнево од СВР Велес. По насоки на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.

Повеќе

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска упати жестоки критики до опозицијата откако СДСМ и ДУИ гласаа против измените на Законот за прекршоци. Според Мицевски, овој „политички брак“ директно ги загрозува животите на граѓаните со тоа што се обидува да го сопне проектот „Безбеден град“. „Денеска на дело го видовме сојузот на СДС и ДУИ кој е против редот и безбедноста. Тие гласаа против системот кој веќе докажа дека може да ги преполови сообраќајните прекршоци само за еден ден“, порача Мицевски. Тој потенцираше дека и покрај нивниот отпор, законот е изгласан со двотретинско мнозинство, со што патот за автоматско казнување е…

Повеќе

Густ црн чад денеска се крена над центарот на Скопје, предизвикувајќи паника кај граѓаните. Пожарот избувнал во импровизирана автомеханичарска работилница во непосредна близина на Тутунскиот комбинат. Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот е локализиран пред да се прошири на околните објекти.На терен излегле три противпожарни возила и тим од 10 пожарникари кои успеале за кратко време да го совладаат огнот. Иако чадот можеше да се види од речиси сите делови на главниот град, за среќа, инцидентот заврши само со материјална штета. Нема повредени лица, а пожарникарите останаа на терен до целосно расчистување на згариштето.

Повеќе

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да прибави противправна имотна корист, нанел штета од 5.453.7000 денари или 88.678 евра на РЕК Битола. Имено, тој извршил промена на две барања од РЕК Битола (рудник Суводол) до фирмата за набавка на ролни за јаглен за репарирање…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне на 26.01.2026 година од 12:00 часот. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато. Протестот ќе се манифестира со ограничување на сообраќајот за товарни моторни возила, односно со затворање на коловозните ленти и терминалите наменети за товарен сообраќај, додека патничкиот сообраќај ќе се одвива непречено…

Повеќе

Светот со нетрпение ги чекаше деталите од вчерашната 50-минутна средба во Давос, а денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди: „Документот е подготвен!“. По разговорот со Доналд Трамп, Зеленски откри дека безбедносните гаранции од САД се на маса и сега само американскиот претседател треба да ги одреди датумот и местото за свеченото потпишување. „Ова е историски важен документ за нас. Чекам одговор од претседателот Трамп“, порача Зеленски, додавајќи дека по потписот, договорот ќе оди на ратификација во американскиот Конгрес и украинската Рада. Трамп, пак, средбата ја оцени како „многу добра“, повторувајќи ја својата порака дека „војната мора да заврши“.

Повеќе

Бугарија се соочува со досега невидена политичка криза. Уставниот суд денеска и официјално ја потврди оставката на Румен Радев, со што му се отвора патот на поранешниот генерал целосно да влезе во партиската арена. Овој потег доаѓа по низа шпекулации дека Радев планира да формира сопствена политичка партија и да ги „помати сметките“ на традиционалните играчи на претстојните парламентарни избори. Оставката на Радев фрла нова сенка врз нестабилната бугарска политичка сцена, особено откако водечките партии не успеаја да состават влада. Наместо како шеф на државата, Радев сега се подготвува да ги води своите поддржувачи директно во битка за власт во…

Повеќе

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, на состанокот во Истанбул презентираше јасна и остварлива агенда за Западен Балкан. Наместо празни зборови, Муцунски побара кредибилитетот на „Балканската платформа за мир“ да се мери преку рокови и испорачани резултати. На кои приоритети инсистира Македонија? „Довербата нема да се гради врз основа на намери, туку врз основа на испорачани резултати“, порача Муцунски, нагласувајќи дека Македонија е подготвена да инвестира во регионалното партнерство и добрососедските односи како сојузник во НАТО.

Повеќе

Собранието на Македонија денеска со 81 глас „ЗА“ ги донесе клучните измени на Законот за прекршоци, со што и официјално се отвора патот за целосно ставање во функција на системот „Safe City“. И покрај противењето на пратениците од СДСМ и ДУИ, законот помина по скратена постапка, што значи дека наскоро сообраќајните прекршоци ќе се санкционираат автоматски преку камерите. Со овој потег, системот кој со години беше само најава, конечно ќе почне да испорачува казни на домашна адреса за сите оние кои поминуваат на црвено, возат брзо или се паркираат на недозволени места. Првично ќе бидат опфатени поголемите градови каде опремата…

Повеќе