- Почина легендарниот Мишо Ковач
- Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
Author: Author 04
Вистинска драма се одвивала утринава пред Клиничката болница во Штип, кога свлечиште од земја урна дел од потпорниот ѕид врз паркирани возила. Меѓу оштетените е и автомобилот на Ката Крстевска од Велес, која за влакно избегнала повреда. „Само што го паркиравме возилото и тргнавме нагоре кон болницата, слушнавме силна врева. Кога се свртевме – страшно! Среќа е само што сме живи и здрави, лимот ќе се поправи“, вели низ солзи Крстевска, која во Штип дошла на медицински преглед. Под урнатините завршија две возила, едно со велешки и едно со скопски регистерски таблички.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се случува со спортската сала во Расадник, до каде е реконструкцијата, бидејќи долго време беше запуштена, изјави: „Да благодарам, мислам дека е при крај. Мислам дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во употреба, исто како што и салата во склоп на универзитетскиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Кажа и министерката колку сѐ сали се прават. Знам дека уште три во Скопје имаме, имаме во Крушево и така натаму, сега да не…
Православните верници се подготвуваат за два големи празници кои се сметаат за „столбови на зимата“. Во петок на 30-ти јануари, го славиме споменот на Свети Антониј Велики, таткото на православното монаштво, кој поминал 20 години во пустина во непрестајна молитва. Овој светител, иако необразован, бил мудар советник на најголемите умови на своето време. Веднаш по него, на 31-ви јануари, следува Танасовден (зимен), посветен на Свети Атанасиј Велики. Овие два дена се исполнети со радост во домовите каде се слават имендени, а социјалните мрежи веќе се преплавени со честитки за бројните славеници.Според народните верувања, Свети Атанасиј е светителот кој е „победник…
Вистинска среќа е што нема повредени во драматичниот инцидент кој се случи на улицата „Љубен Иванов“ во Штип. Голем потпорен ѕид ненадејно попушти и се сруши врз паркирани возила, предизвикувајќи огромна материјална штета, објави „М-нет“. На фотографиите и видеата објавени од местото на настанот се гледа застрашувачка глетка: големи бетонски блокови, огромно количество земја и камења буквално згмечиле најмалку два автомобила. Најлошо поминало патничко возило марка „Шкода“ со бела боја, кое е речиси целосно покриено од срушената конструкција, додека врз друго црно возило паднала тешка метална ограда.
Првата пратка од 17 лесни оклопни возила од типот „Страјкер“ (Stryker) е веќе пристигната на пристаништето во Грција и наскоро треба да влезе во Македонија. Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска пред Собраниската комисија образложи дека се работи на последната техничка документација за овие возила да станат дел од македонскиот одбранбен систем. „Оваа година пристигнуваат сите 42 возила. Веќе 17 се на пристаниште, а со новиот технички амандман овозможуваме инсталација на целата софистицирана опрема што стигнува со нив. САД бараат овој аранжман да биде прецизен за да се изврши и целосна обука на нашите војници“, истакна Мисајловски. Договорот со САД…
Вчерашното невреме остави пустош во струмичкото село Муртино. Обилниот дожд за кратко време предизвика поплавување на десетици домови и помошни простории. Жителите на Муртино се соочуваат со огромни штети.
Ноќеска во 00:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(28) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од три години и четири месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, не ја исклучи можноста земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија заедно со Украина по забрзана постапка, што е дел од процесот на кој се работи како дел од постигнувањето решение за прекин на војната во таа земја. Вучиќ беше гостин во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина и рече дека границите ќе станат помалку важни ако сите земји од Западен Балкан се приклучат „на Европската Унија или на некаков вид полуевропска Унија“. Тој објасни дека се разработува посебен пристап како дел од мировниот договор за Украина, за земјата да може…
Вчера во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско. Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат с.Татомир – Кратово, во с.Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Вистински пекол преживеале браќата Никола и Зоран Колеви од село Костурино, струмичко кога силното невреме и надојдената река Тркања им го уништиле целиот сточен фонд. Водната стихија, која достигнала височина од над два метри, за помалку од 10 минути ја поплавила нивната штала на местото „Шепово“, при што се удавиле 120 јагниња и 100 овци. „Не успеавме ниту да ја отвориме вратата. Водата влечеше сè пред себе. Во еден момент постоеше опасност да нè повлече и нас, но едвај успеавме да се спасиме“, раскажува Зоран Колев за ужасот кој го доживеале. Штетата е огромна, а семејството веќе ја пријавило несреќата…
