Author: Author 04

Секојдневно на виделина излегуваат нови факти дека на СДС и Венко Филипче за време на 7 годишното владеење приоритет не им биле граѓаните туку сопствените лукративни цели и интересите на тесен круг луѓе блиску до врхушката на СДС како и бизнис зделките договорени со менторот Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во низата афери најскандалозен е случајот со планот на Филипче и Заев за преземање на болницата Жан Митрев кој во јавноста доби потврда и од самиот доктор Жан Митрев. Филипче и Заев имале точно разработен план како да ја преземат болницата Жан Митрев. Класичен модел на делување на кланот Заеви и…

Повеќе

„Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот на енергетиката, нешто коешто тој самиот го има јавно говорено, каде што со познати светски фирми има соработувано и има добро заработено., велат од СДСМ“ „Со овој одговор за часовниците на Mицкоски вредни 150 минимални плати ВМРО потврди: сè е приватен бизнис за Мицкоски. Директор во ЕЛЕМ, советник на Груевски, сè е тоа приватен бизнис. Така е за сите во ВМРО и ЗНАМ, државната работа за нив е приватен бизнис, сите се ориентирани кон тендери и бизниси. На македонскиот работник му…

Повеќе

Блокадата на товарниот сообраќај на граничните премини низ Македонија продолжува со полн интензитет и денеска. Македонските превозници, поддржани од колегите од Србија, Црна Гора и БиХ, јасно порачаа: „Не сме туристи, туку професионалци“. Тие бараат итно решение за правилото 90/180 дена кое, со воведувањето на новиот ЕЕС систем во април, сериозно го загрозува опстанокот на транспортниот сектор. Билјана Муратовска од „Макам-транс“ предупредува дека над милион тони стока може да остане заглавена доколку Брисел не попушти. „Не е економски оправдано возач да седи дома три месеци додека камионот стои“, децидна е таа. Додека камионите се во колони, патничкиот сообраќај засега се…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати срдечна честитка до граѓаните од српска националност во Македонија по повод празникот Свети Сава. Таа истакна дека овој голем празник е потсетник за патот по кој треба да чекориме – патот на духовноста, просветителството и меѓусебното разбирање. „Српската заедница, со својот богат културен идентитет, е важен сегмент на нашето мултикултурно општество. Вашиот придонес ја прави македонската држава побогато и попросперитетно место за живеење“, порача претседателката во честитката. Таа додаде дека пораката на Свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било во времињата полни со предизвици.

Повеќе

Иако денешното попладне носи делумно намалување на облачноста, метеоролошките најави укажуваат дека веќе од утревечер (среда) не очекуваат нови врнежи. Стабилното време ќе биде краткотрајно, бидејќи во четврток повторно ќе има услови за дожд во пониските и снег на планините. Од петок, пак, влегуваме во период на променливо облачно време каде дневните температури значително ќе опаѓаат. Македонија ќе остане под влијание на постудени воздушни маси кои ќе донесат слаби локални врнежи од дожд и снег во текот на претстојниот викенд. Подгответе ја топлата облека – зимата сè уште ја покажува својата сила.

Повеќе

Светот остана занемен пред монструозното откритие во станот на Анатолиј Москвин, почитуван руски историчар и генијалец кој зборувал 13 јазици. Зад маската на примерен академик се криел „некрополист“ кој од локалните гробишта ископал тела на 26 малолетни девојчиња, ги мумифицирал и ги претворил во кукли во природна големина. Кога полицијата влегла во неговиот дом во Нижни Новгород, затекнала сцени како од филм на стравата – скелети и тела облечени во венчаници, фустани и хулахопки, наредени низ собите. Москвин дури им вградувал музички кутии во градите за да „пеат“ кога ќе ги допре. Овој модерен „Франкенштајн“ тврдел дека неговата опсесија почнала…

Повеќе

Египетските пирамиди се единственото преостанато чудо на античкиот свет. Милиони туристи ги посетуваат секоја година за да уживаат во нивната величественост, додека научниците продолжуваат да дебатираат за теориите за тоа како биле изградени без современи алатки. Она што е сигурно е дека по 4.500 години, тие сè уште го потиснуваат тестот на времето. Сепак, не секој е свесен дека пирамидите во Гиза некогаш изгледале значително поинаку. За почеток, тие не биле песочно-кафеави, туку сосема бели! Главните пирамиди биле обложени со фин бел варовник од каменоломот Тура, кој блескал под силното египетско сонце. Некои записи укажуваат дека белата обвивка од варовник…

Повеќе

„СИТУАЦИЈАТА СЕ МЕНУВА!“: Трамп проговори за Иран, огромна американска „армада“ подготвена за напад наскоро!Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Axios во понеделник изјави дека ситуацијата со Иран „се менува“ бидејќи испратил „голема армада“ во регионот, но дека верува дека Техеран искрено сака да постигне договор. Трамп беше блиску до наредба за напад врз режимски цели во Иран претходно овој месец поради убиството на илјадници демонстранти. Наместо тоа, ја одложи одлуката, а истовремено премести воени сили во регионот. Претставници на Белата куќа велат дека нападот е сè уште опција, иако протестите во голема мера беа потиснати, објавува Axios. Извори запознаени…

Повеќе

Денеска (26 јануари 2026 година) во 16:32 часот во СВР Скопје било пријавено дека дошло до сообраќајна незгода помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Џ. од селото Крушопек, и малолетен пешак од селото Ново Село, скопско. Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во ГОБ „8 Септември“, каде му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случила незгодата.

Повеќе

Полната Месечина во Лав на 1 февруари 2026 година носи емоционални пресврти, важни одлуки и можности за Овен, Близнаци, Лав и Стрелец. Полната Месечина на 1 февруари 2026 година се случува на 13° Лав, спроти Сонцето во Водолија. Сонцето, Меркур, Венера, Марс и Плутон потоа се во Водолија, создавајќи силен стелиум во воздушниот знак, со акцент на пријателства, тимови, идни планови и она што го нарекуваме „нова насока во животот“. Јупитер е во Рак и се движи ретроградно, нагласувајќи теми за емоционална и семејна безбедност, додека Сатурн е сè уште во доцните Риби, Уран е во Бик околу 27°, а…

Повеќе