Author: Author 04

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.Д.(55) од Јосифово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против З.М.(51) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Второпријавениот З.М. во текот на 2022 година дал полномоштво на друго лице за продажба на неговиот недвижен имот, иако претходно имал изјава дека нема да отуѓува, заложува или друг начин го дава на располагање без писмена согласност на ремитентот (кредит), по што лицето склучило договор за продажба на недвижен имот со неговиот татко, а преку нотар било…

Повеќе

По речиси две децении во бегство, правдата го стигна 52-годишниот Бесим Ш., кој се бараше со меѓународна потерница за едно од најсвирепите злосторства во скопско. Во спектакуларна акција на албанските специјални единици во Тирана, македонскиот државјанин е лишен од слобода во рамките на полициската операција „Оперативна полиција“. Бесим Ш. е главниот осомничен за крвавиот настан од 5 октомври 2007 година во селото Копаница, кога со огнено оружје беа ликвидирани тројца граѓани. Тој со години вешто ги избегнуваше органите на редот, криејќи се во албанската метропола со лажен идентитет и фалсификувани косовски документи.При претресот во неговиот стан во Тирана, биле пронајдени…

Повеќе

Вчера во 13:40 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода K.К.(30) од Турција.  Тој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, во октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето и му ветил дека ќе му посредува за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати преку трансакциска сметка му биле исплатени паричните средства. Откако К.К. престанал да му се јавува, оштетениот пријавил во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 11:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(77) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од Скопје дека ја допирал по телото. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Во недела во 15:50 часот во СВР Скопје, В.П.(29) од Скопје пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во автобус сопственост на приватна фирма, бил физички нападнат од возачот и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во  15:30 часот во СВР Скопје, С.С.(36) од  с.Сарај, скопско  пријави дека околу 12:40 часот во спортската сала од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.П.(48) од Скопје, наставник во училиштето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

Повеќе

Владината делегација на Република Македонија, предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, учествуваше на Светскиот економски форум во Давос, кој претставува најголемиот глобален настан за директна комуникација помеѓу владите и бизнис-заедницата, како и за поврзување на компаниите меѓусебно. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување во „Тема на денот“ на Сител истакна дека форумот е конципиран како клучна платформа за дискусии за трговијата, економијата и енергетиката, како и за следење на најновите глобални трендови, но и за остварување непосредни контакти меѓу владите и деловната заедница. „Нашиот фокус како владина делегација беше јасен – економија, трговија, бизнис…

Повеќе

На 25.01.2026 во 15:10 часот на место викано „Бреза“ во атар на село Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода З.С.(57), З.С.(27), М.С.(23) и М.Ј.(41), сите од село Бузалково. При преглед на трактор, управуван од 57-годишниот З.С., биле пронајдени и одземени ловечка пушка и три патрони. Исто така, извршен е и преглед на патничко возило „лада нива“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот З.С., а сопатници биле М.С. и М.Ј., при што се пронајдени и одземени 16 ловечки патрони и други предмети. На 26.01.2026, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски лично се вклучува во решавањето на сообраќајниот јазол на границите. Тој денеска најави дека веќе побарал итен телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со цел да се изнајде решение за правилото „90/180 дена“ кое ги кочи македонските камионџии. „Ова прашање го држиме отворено со Брисел уште од септември. Министерот Муцунски е во постојан контакт со европските партнери. ЕУ си има свои механизми, но ние мораме да најдеме варијанта која ќе им овозможи на нашите превозници да работат без да бидат третирани како туристи“, изјави Мицкоски при посетата на Гази Баба. Тој изрази…

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави: „Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме…

Повеќе