- Почина легендарниот Мишо Ковач
- Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
Author: Author 04
Берово е најстудениот град во Македонија утрово со измерена минимална температура од -4.8 степени. Според официјалните мерења извршени во 7 часот (06 UTC), температурите во најголем дел од земјата се под нулата. Зад Берово, најниски температури се забележани на Попова Шапка (-3.9), во Крива Паланка (-3.1) и Струмица (-2.9). Во главниот град, на мерната станица Зајчев Рид, минималната температура се спушти до -1.3 степени, додека во 7 часот беа измерени -0.6 степени. Во однос на врнежите, во изминатите 24 часа најмногу дожд падна во Демир Капија (6.4 л/м²) и во Штип (5.8 л/м²). Значајни количини се регистрирани и во Радовиш…
По речиси две години од членството во НАТО, Шведска започнува сериозна дебата за евентуално воведување на еврото како официјална валута. Шведската министерка за финансии, Елизабет Свантесон, за време на парламентарната дискусија најави дека владејачката коалиција ќе подготви детална анализа за овој потег. „Потребна е опсежна анализа на предностите и недостатоците, вклучително и разгледување на безбедносната состојба“, изјави Свантесон во шведскиот Парламент. Таа појасни дека прашањето нема да биде официјално отворено пред претстојните парламентарни избори закажани за септември. Иницијативата е поддржана од десничарската коалиција, вклучувајќи ги Партијата на центарот и либералите. Од друга страна, левичарската опозиција предводена од Социјалдемократската партија цврсто…
Овен: Денес комуникацијата тече без отпор. Разговорите што претходно биле тешки, сега се одвиваат полесно. Побарајте поддршка за вашите идеи.Бик: Фокусот е на практичните теми. Можна е корисна информација од трета страна што ќе ја стабилизира вашата финансиска ситуација. Близнаци: Месечината е во вашиот знак и сè ви оди во прилог. Одличен момент за договарања и искрен дијалог за работите што ве мачеле. Рак: Денот бара потивка комуникација. Поддршката доаѓа ненаметливо од луѓе кои ве разбираат без многу објаснување. Лав: Социјалната енергија е на висок степен. Денес не е ден за индивидуален настап, туку за тимско работење на заеднички визии.…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето на телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, истакна дека Владата направила значаен чекор со тоа што онлајн медиумите и интернет порталите се препознаени во Законот за медиуми. „Мислам дека направивме многу добар чекор што ги внесовме во Законот за медиуми онлајн медиумите, интернет порталите на барање на здруженијата на портали. Со една брза измена на Законот за медиуми успеавме да ги препознаеме како медиуми и голем дел од нив, можам да кажам најлегитимните, веќе се регистрирани во регистарот на АВМУ“, посочи Андоновски, додавајќи дека ова е важно бидејќи порталите и новинарите…
Товарниот сообраќај на граничните премини кон шенген-зоната и натаму останува во прекин поради протестот на превозниците од Западен Балкан. Камионските транспортери од Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ бараат од Европската Унија измена на правилото за електронска евиденција за престој, односно ограничувањето од 90/180 дена. Според првичните проценки на стопанските комори, блокадите предизвикуваат огромни штети кои на дневно ниво изнесуваат околу 100 милиони евра за целиот регион. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека ова прашање е отворено со Европската комисија уште од септември и очекува наскоро да се најде решение. „Барем од она што е последна најава, очекувам ова да…
Поради планирани технички зафати во електросистемот, денеска неколку скопски населби ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН Македонија АД информираат дека без струја ќе останат корисници во две општини. Во општина Чаир, во периодот од 08:30 до 15:00 часот, прекин ќе има на улицата Чаирска. Во општина Сопиште, од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат жителите од Горно Соње, поточно корисниците на улиците „7“ и „9“.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска во 17 часот ќе одржи масовен протест со барање за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за 100 евра. Протестниот марш ќе започне пред Работничкиот дом, а ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, со завршница пред Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека протестот е одговор на игнорантскиот однос на надлежните кон работничките барања во услови на висока инфлација и раст на синдикалната кошничка. Тој упати директен повик до граѓаните: „28 јануари е денот кога работниците зборуваат. Колку гласно ќе зборуваат, зависи…
Денешниот ден ќе започне со претежно облачно време, додека во вечерните часови и во текот на ноќта се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи во целата земја. Врнежите ќе започнат во западните делови, а потоа ќе се прошират насекаде. На повисоките планини ќе паѓа слаб снег. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 2 степени, додека максималната ќе достигне до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно, а попладне се очекуваат повремени врнежи од дожд. Температурата во главниот град ќе се движи од…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја потврди својата амбиција Украина да стане полноправна членка на Европската Унија до 2027 година. Иако дел од земјите членки се скептични за ваквата брза временска рамка, Зеленски преку Телеграм порача дека пристапувањето на Киев е клучно за европската безбедност. „Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции, не само за нас, туку и за цела Европа“, истакна Зеленски, додавајќи дека колективната сила на Европа зависи и од економскиот и технолошкиот придонес на неговата земја. Оваа порака следуваше по неговиот разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер. И покрај оптимизмот на Киев,…
Косовската полиција пронајде околу 140 килограми експлозив, пушка и поголемо количество муниција при претрес на напуштен објект во општина Зубин Поток. Акцијата била спроведена на 24 јануари, а деталите за случајот денеска ги соопшти заменик-регионалниот командант на полицијата, Ветон Ељшани. Според првичните наоди од истрагата, експлозивот бил произведен во 2014 година во Крушевац. Ељшани за „Радио Контакт Плус“ изјави дека пронајдениот материјал бил во многу лоша состојба. „Пронајдениот експлозив беше екстремно нестабилен и ризикот од детонација беше многу висок“, нагласи тој. Покрај големото количество експлозив, при претресот се конфискувани и пушка М48, 244 куршуми од различен калибар, како и две…
