Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Времето денеска променливо облачно, утре внимавајте на утринскиот мраз
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Протест на ССМ за минимална плата од 600 евра: Работниците денеска излегуваат на улица

    Протест на ССМ за минимална плата од 600 евра: Работниците денеска излегуваат на улица

    28.01.2026 во 09:083 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска во 17 часот ќе одржи масовен протест со барање за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за 100 евра. Протестниот марш ќе започне пред Работничкиот дом, а ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, со завршница пред Владата.

    Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека протестот е одговор на игнорантскиот однос на надлежните кон работничките барања во услови на висока инфлација и раст на синдикалната кошничка. Тој упати директен повик до граѓаните:

    „28 јануари е денот кога работниците зборуваат. Колку гласно ќе зборуваат, зависи од вас. Вашето присуство на улица ќе зборува погласно од секоја дискусија што сте ја воделе во семејствата и на вашите работни места. Овој протест е за вашите плати затоа што истите не стигнуваат од 1-ви до 1-ви. Ве повикувам сите – и синдикалци, и работници и пензионери кои земате пензија од работничките придонеси да ни се придружите затоа што само во јануари сте посиромашни за илјада денари. Другите не бројат и сметаат дека ако не дојдете, им давате огромна поддршка да не ви ја зголемат платата затоа што сметаат дека добро живеете и дека зборувате само за убави работи“, рече Трендафилов.

    Поддршка на протестот најави и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), посочувајќи дека речиси една третина од медиумските работници работат за минимална плата.

    Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе го почитува законот според кој зголемувањето на минималната плата е предвидено за март. Тој објасни дека веќе се потпишани колективни договори во неколку сектори и понудил модел за администрацијата кој бил одбиен.

    „Платите на административните службеници, покрај тоа што законски мора да се зголемуваат согласно и пропорционално на зголемувањето на минималната плата, да се зголемуваат секоја година плус 8 проценти. Што значи тоа? Тоа значи да речеме, ако е 100 парички просечната плата на административните службеници, таа се зголемува за минималната плата износот, еве да речеме 2 илјади денари или 20 парички. Тогаш ќе биде 120 парички и ова се зголемува за 8 посто и така во 26-та, а истиот принцип и во 27-ма, истиот принцип во 28-ма или тоа би значело за 40% зголемени плати“, изјави Мицкоски.

    Од Бизнис конфедерацијата сметаат дека секое зголемување надвор од законското усогласување во март би било преголем товар за приватниот сектор доколку не се намалат социјалните придонеси. ССМ, пак, најавува радикализација и штрајк доколку нивните барања не бидат прифатени.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.