Close Menu
Press24
    Најново

    Украл паричник додека чистел локал и потрошил пари од туѓа картичка – Кражба во тетовско село

    28.10.2026 во 13:05

    Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата

    28.10.2026 во 12:44

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Украл паричник додека чистел локал и потрошил пари од туѓа картичка – Кражба во тетовско село
    • Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата
    • Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска
    • Магла, дожд, ветер – УХМР со нанјнова прогноза
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре
    • Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас
    • Камчев со отчет за првата година: Инвестиции во патна инфраструктура, водоснабдување и нови проекти во Валандово
    • Кривична пријава за сопственик на фирма од Валандово за намерно предизвикување стечај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поплави во струмичко, во Валандово река се излеа на пат

    Поплави во струмичко, во Валандово река се излеа на пат

    27.01.2026 во 10:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обилните врнежи од дожд кои го зафатија струмичкиот регион предизвикаа поплавување на земјоделски површини и дворови во селата Муртино и Сачево, но состојбата полека се става под контрола. Од Регионалниот ЦУК Струмица информираат дека нивото на реките се стабилизира, вклучително и критичната река Тркања која вчера преливаше на влезот во градот.

    Градоначалникот Петар Јанков потврди дека екипите на „Комуналец“ и приватна механизација работеле цела ноќ на критичните точки во Муртино за да се спречат поголеми штети. Слична драма се одвивала и во општина Босилово, каде градоначалникот Ристо Манчев информираше дека со брза реакција кај Моноспитовскиот мост е спречено излевање на реката Водочница и поплавување на селото Моноспитово.

    Невремето создаде сериозни проблеми на патната инфраструктура во југоисточниот дел на државата. Во Валандово, Калковска река се излеа преку регионалниот пат Валандово-Удово, по што мораше итно да се интервенира со механизација за санирање на штетите.

    Во радовишкиот регион, екипи на ЈП „Плаваја“ интензивно работат на мостот меѓу селата Јаргулица и Покрајчево за да се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот. Според мерењата на УХМР, во Струмица наврнале 20 литри дожд на метар квадратен, а надлежните остануваат на терен со песок и машини за да реагираат на секое ново зголемување на нивото на водотеците.

    Прочитај повеќе

    Украл паричник додека чистел локал и потрошил пари од туѓа картичка – Кражба во тетовско село

    28.10.2026 во 13:05

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.